Таг: сп катар 2022

Страшен состав од топ 11 играчи кои ќе бидат гледачи на Светското

Прво и основно, ќе го нема норвешкото чудо кое растура за Сити, бидејќи Норвешка не се пласираше, а со истата судбина се соочува и еден Салах. Малер ги стегна повредените Канте, Погба и Жота, а звучни имиња како Де Хеа и Фирмино не добија шанса. Тимов вреди скоро 500 милиони евра.

Фудбалерите на Италија кои ќе патуваат за Катар

Секој ден по некој селектор го соопштува официјалниот список на играчи за Светското кое стартува следниот петок. Да ги видиме Италијанците.

Бајката на тинејџерот кој по бегство од војна и ризикот да се откаже од фудбал, доби повик за Светско на 18 години

Роден е 2004-та во Египет, син на имигранти од Јужен Судан. Го посвои Австралија, а солидарноста на луѓето таму му дозволи и да игра и да блесне. Никогаш не е стартер, туку влегува и го менува текот на натпреварите. Тоа го забележаа и Чави и Њукасл.

Сеп Блатер: Катар беше грешка, фудбалот и Мундијалот се преголеми за толку мала земја

Седум години откако е суспендиран поради корупција во ФИФА да не може да се бави со фудбал до 2027-ма, 86 годишниот деспот кој пет мандати беше недопирлив на најслатката фудбалска фотеља на планетата, реши да гукне нешто за најконтроверзниото Светско првенство. 12 години по изборот и 12 дена пред стартот, призна дека целата работа околу домаќинот е промашена и наместена.

Мундијалски кам бек на Златко Калински во ново руво

Поетот од коментаторското столче кој 42 години царуваше во спортскиот етер и во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, реши да ни го направи Светското уште поинтересно.

ФИФА го пушти првото официјално видео за СП Катар 2022

Дечки ситно броиме готово. Дојде и тоа чудо. Светско во Катар. Стартува за 18 дена со домаќинот кој отвора против Еквадор на 20 ноември во 19:00. Веќе следниот ден ладете пиво за три утакмици. Бранител на титулата Франција. Италија ќе го гледа од дома поради Александар Трајковски. Одиме со интро.

Опасна најава на Нетфликс за криминалите на Блатер и ФИФА

Во очи на најконтроверзниот Мундијал кој стартува на 20 ноември, Нетфликс најавува јак документарец за корумпираната ФИФА и недопирливиот Сеп Блатер кој 17 години беше бетониран на челната позиција, а потоа суспендиран до 2027-ма.

На три месеци до Мундијалот Катар апси и депортира работници

И поркрај сите апели, критики, загрижености и новинарски стории, контроверзниот домаќин на Светското кое ќе се игра следнава зима, тера по старо.

Хотел со 5 ѕвезди е ова или стадион во Катар?

Мундијалот во Катар е закажан за 21 ноември - 18 декември 2022. Следната зима да може да бирате, би одбрале да одите по слави или тука?

Како италијанскиот моторџија ја измикса „Бисер Балкански“

Имаме ние уште материјал од Палермо, не бевме таму на бањање. Абе во секој ќош прават фешта. Тоа им е во крвта на Италијанците, плус со фудбалот атмосферата беше на уште повисок левел. Ако го гледавте видеото со моторџијата кој влета со македонската химна, а потоа на репертоарот беше и „Жаклина“, сега преминете на следниот клип на денот на одигрувањето на мечот. Немаат цена ваквите ќеифови.

Наполитанците објавија видео од славјето на Елмас и другарите

Елиф, Енис, Даре, Боби и Џани на излез од стадион. Славете јунаци.

Последните 2 минути и судискиот свиреж за делириум на Ренцо Барбера

Речиси 90 минути се браневме, што е разбирливо, бидејќи противникот се вика Италија, четирикратен светски и актуелен европски првак кој не смееше да си дозволи ваков кикс од гигантски размери. Пропушта два Мундијали во низа, а Манчини изјави дека целта е да го освојат. Судиското продолжение ни донесе неверна сцена во Палермо. Морници и тресење од возбуда. Уживајте.

Како згрми македонската химна на Ренцо Барбера

Интонирањето на двете химни дадоа прекрасен вовед во спектаклот на Ренцо Барбера кој крца до крај. Македонската химна мина низ свирежи од навивачите, но секоја чест за италијанските новинари кои се обидоа да ги покријат со аплаузи.

Македонците направија фешта во Палермо

Во земјата на пицата и тестенините, македонските навивачи синоќа најдоа катче по свој мерак со скара и евтино пиво. На менито имаше и македонски песни, а во еден момент забавата стана уште полуда откако се појави таксист на кој му се испентарија и моторџија кој беше спремен со македонската химна, рокната на звучници. Јака забава падна, на која се воодушевија и полицајци кои кога поминаа стегнаа лајк со прстот.

Полицијата во Катар уапсила новинарска екипа од Норвешка која правела репортажа за Светското

Коруптивно до даска, за што призна и самиот Сеп Блатер, плус со нечовечно и дрско изживување врз илјадници работници кои починаа во голема бројка градејќи ги стадионите. Ама ене го ќе се игра, ова време следната година. Само да пазиме како ќе известуваме, да не почнат и од дома да не вадат со лисици, додека го гледаме со чварки и туршија.

Најубава роденденска честитка

Македонија го совлада Исланд со 3-1 и како втора зад Германија заврши во групата, што значи дека ќе игра во бараж/плејоф за пласман на Светско. На „Градски“ во Скопје многу убави моменти, пароли, банери, знамиња, песна.

Парола на денот од италијански навивач

Италијанската фудбалска репрезентација очигледно уште е под импресии од освоеното злато и шампионски пехар на Европско првенство летово, па не победија на два меча по ред во квалификации за Светско 2022 и тоа против Бугарија дома само 1:1 и со Швајцарија на гости 0:0. Ама во Базел еден навивач извади јака парола.

По 28 и пол години прекината грандиозна серија на Шпанија

Викинзите од Шведска веќе по којзнае кој пат се покажуваат како тврд орев за фудбалската репрезентација на Шпанија. Во четвртокот вечер во Стокхолм домаќинот славеше 2-1 и прекина една децениска серија на „фуријата“.
 

Преведувач го изнасмеа Луис Енрике на прес конференција

Во пресрет на дуелот Шведска - Шпанија од квалификациите за Светско првенство 2022, шпанскиот селектор Луис Енрике дошол на прес-конференција. Правилникот вика дека новинар прашува, селектор одговара, па преведувач преведува и прашање и одговор. Ама аргентинскиов преведувач запна па запна да упаѓа во збор.

Го имаме ли веќе најубавиот гол на годината 2021

Украина бележи драстичен пад на форма по Европското првенство. Синоќа во квалификации за Светско 2022, против Казахстан на гости водеа 1-2 во длабоко судиско продолжение, но во последни секунди од мечот домаќинот израмни. Ама само да го видите голов на Јаремчук за 0-1.

ФИФА ќе крка над 3 милијарди фунти од Светско, а работници градат стадиони за 600 денари дневница

Годишниот финансиски извештај на ФИФА открива дека приходите од Мундијалот 2022 во Катар би можеле да достигнат над 3 милијарди фунти, најмногу досега од едно Светско првенство.

Поплава на американски таленти по Европа, се острат за Светско

Фудбалската јавност не би требало да биде неспремна за бранот американски бисери кои во најскоро време би можеле да блеснат на големите натпреварувања.