Македонската ракометна репрезентација стигна и до вториот триумф на Мундијалот во Катар, но аутсајдерот во групата се покажа како тврд оред кој го совладавме со 33:31.
Катар во следните две неделни ќе биде збирното место на светскиот ракометен крем, но светските ракометни ѕвезди не може да си ги мерат џебовите со фудбалските.
Македонската ракометна репрезентација имаше отворање од соништата на четвртото учество на ракометните мундијали. Најсериозниот конкурент на Македонија за втората позиција во групата беше преслаб за избраниците на Ивица Обрван кои одиграа беспрекорен меч.
„Лусаил“ арената ќе биде главното седиште на Мундијалот во кое и Македонија денеска ќе стартува против Тунис. Се градеше две години на површина од 127.000 м2, собира 15.300 гледачи и чини 318 милиони долари.
Со свечено отворање вчера започна СП во Катар, каде домаќинот го совлада Бразил 28:23. Денес стартуваат натпреварите од првото коло во сите групи, а за нас најинтересна ќе биде групата Б, каде ќе се борат нашите ракометари.
Селекцијата на Унгарија го бележи најдобриот прогрес на ракометните Мундијали, Јапонците одиграле најлошо како домаќини, а најголемиот малер во финалињата е Данска.
Во пресрет на почетокот на СП во Катар, светските букмејкери повторно ги издвоија Франција и Хрватска меѓу главните фаворити за самата завршница. Нивното ракометно ривалство датира две децении.
Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.
Утре во Катар започнува 24. Светски шампионат во ракомет, настан на кој репрезентацијата на Македонија по четврти пат ќе се појави на еден Мундијал. За првпат во историјата домаќинот на СП ќе има повеќе странски ракометари, отколку домашни.
Светскиот ракометен Мундијал во Доха ќе го собере кремот на овој спорт во периодот од 15 јануари до 1 февруари. Голем број на важни играчи нема да бидат дел од спектаклот поради повреда, силна конкуренција или поради тоа што нивните селекции не се пласираа.
Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.
Производителот на спортска опрема Ли Нинг направи три различни варијанти на дресови за македонската ракометна репрезентација која на 16 јануари ги почнува настапите на СП Катар 2015. На сајтот на РФМ пред една недела беше презентиран само горниот дел, а на денешниот тренинг ги видовме и шорцевите.
Македонската ракометна репрезентација ги избегна непосакуваната Германија и останатите големи ракометни велесили на СП Катар 2015 и ќе биде дел од групата Б заедно со Хрватска и БиХ.
Македонската ракометна репрезентација ја прегази Грција во реванш пресметката од баражот за Светското првенство кое се игра наредната година. Со убедлив триумф од 12 голови разлика, избраниците на Ивица Обрван приредија ракометно шоу во преполнетата сала „Борис Трајковски“.
Македонската ракометна селекција ја доби првата меч топка против Грција во бараж мечот за Светското првенство во Катар 2015. Избраниците на Ивица Обрван не блеснаа на гостувањето кај нашиот јужен сосед, но успеаа да ја оправдаат фаворитската улога.
Ракометната репрезентација на Македонија денес го доби противникот за пласман на Светското првенство во 2015-та година. Во баражот за првенството во Катар ќе се сретнеме со Грција.