Избраниците на Ивица Обрван имаа релативно среќна ждрепка во Доха каде Македонија беше извлечена од третиот шешир и се падна во друштво на Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и Иран.
Лидерите од секоја група кои ќе се пласираат во осминафиналната фаза ќе вкрстат со четвртопласираните, додека оние на втората позиција за противници ќе ги добијат третопласираните репрезентации.
Според распоредот, нашата селекција која се очекува без многу проблеми да ја мине групната фаза ќе добие противник од групата А каде најнепосакуван противник е Шпанија.
Светскиот шампион ќе се пласира директно на Олимписките игри во Рио 2016 и на ракометниот Мундијал во Франција 2017 година.
Група А
Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил, Чиле
Група Б
Хрватска, БиХ, Македонија, Австрија, Тунис, Иран,
Група Ц
Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет, Обединети Арапски Емирати
Група Д
Данска, Полска, Русија, Аргентина, Бахреин, Германија