Рангирањето на Светските ракометни првенства

Селекцијата на Унгарија го бележи најдобриот прогрес на ракометните Мундијали, Јапонците одиграле најлошо како домаќини, а најголемиот малер во финалињата е Данска.

13 – Пати Шведска завршувала во топ 4 на Светските првенства, а во периодот од 1990 до 2001 година успеале да освојат 6 медали. Со освојувањето на четвртото место на СП 1986-та тие стигнале до рекордни 7 пати во низа меѓу најдобрите 4 репрезентации во светот.

10 – Пати на сите 23 Мундијали, домаќините успеале да стигнат до медал

8 – Место е најдобрата позиција до која успеале да стигна селекциите од Азија. Јужна Кореја во 1997 година стигна до четвртфинале.

4 – Место е најдобриот пласман на арапските земји. Египет тоа го стори на СП Португалија 2001, а Тунис на домашен терен во 2005 година.

19 – Земји барем еднаш успеале да стигнат до полуфинале. Само четири од нив, Египет, Швајцарија, Словенија и Тунис не успеале да освојат медал.

13 – Бројот на позиции кои Унгарците успеале да го подобрат во 1997 година. Првенството го завршиле на четврто место, а на СП 1995 завршиле на 17 позиција. Историски подвиг кој никој не успеал да го достигне.

12 – Бројот на различни позиции кои Куба ги освоила во периодот од 1999-та кога била осма, до 2009-та кога завршиле како 20-та селекција.

11 – Позиции е најлошиот пад кој се случил на два Мундијали во низа. Тоа го сторија Полска (Од 3-то во 1982-та на 14-то во 1986-та), Хрватска (од 2-ро во 1995-та на 13-то во 1997), Шведска (од 2-ро во 2001 на 13-то во 2003) и Египет (од 4-то во 2001 на 15-то во 2003).

6 – Пати Австралија завршила последна, а тоа е најлошиот рекорд во пласманите.

15 – Бројот на најниската позиција која ја достигнала земјата домаќин. Несреќниот е Јапонија во 1997 година.

20 – Пати Данска имала неуспешен обид за освои едно Светско првенство. Во финале имаат загубено три пати (1967, 2011 и 2013-та), а дури 8 пати пропуштија на финален меч да го освојат златото или бронзата. Единствениот пат тоа им успеа во 2007 година кога ја победија Франција во борбата за бронзениот медал.

15 јануари 2015 - 16:47