Таг: русија украина војна

Тенкови ќе има и авиони ќе има, ама не сега

Првиот човек на американските вооружени сили објави дека е започната обуката на украинските војници на Абрамс тенковите, меѓутоа тие треба да се сметаат за долгорочна одбрана против Русија, а не нешто што ќе и биде достапно на Украина за контраофанзивата.

Дали Украина треба да ја префрли војната во Русија?

Главната идеја зад нападите на руска територија е да се создаде реална закана за Русија, која би била присилена да се повлече, целосно или делумно, од фронтовските линии за да може да ја одбрани својата заднина. И ова до сега низ историјата се има покажано како успешна тактика, која во случајов има сериозни недостатоци.

Што е проблемот што рускиот имот само се замрзнува, а не се запленува

Кога британскиот министер за транспорт триумфално на Тикток покажуваше како 58-метарска руска суперјахта вкотвена во Лондон повеќе нема да смее да мрдне од пристаништето, и покрај целата желба тој не смееше да стапне на нејзе затоа што Британија само ја замрзна нејзината сопственост, но не ја заплени. Идентично е и со останатите стотици милијарди долари замрзнат руски имот.

Ф-16ките можат да ѝ помогнат на Украина, ама не и против Русија

Неколку дена откако првиот човек на американскиот генералштаб порача дека Ф-16ките нема многу да сменат и дека Украинците треба да се крстат во ПВО системите, Блумберг објавува изјави на неколку американски воени пилоти кои јасно кажуваат дека руските ПВО ракети без проблем можат да ги решат Ф-16ките.

Почна?

Веќе се во тек подготвителните операции во кои се чистат руските депоа со оружја и муниција на фронтот и се прекинуваат линиите за нивно снабдување, објавил советникот на Зеленски, Михајло Подолјак, објаснувајќи дека ова ќе потрае.

Буданов призна дека Украина убива низ Русија

Првиот човек на украинското разузнавање, и веројатно најагресивниот лик во украинскиот врв, се отвори дека од почетокот на војната успешно елиминирале пропагандист на Кремљ, и дека војната нема да заврши само со ослободување на Украина.

Американската помош за Украина брои ситно

Од пакетот од 48 милијарди долари помош за Украина што демократите на мускули успеаа да го истуркаат во декември пред смената на власта во Конгресот, останати се уште 6 милијарди кои се очекува да траат до јули. Проблемот е што потоа?

На Украина за контраудар не и се доволни само 30-те милијарди долари оружје

Контраофанзивата (која по ново или е почната или не е почната или може да се почне ама многу жртви ќе има или...) во најдобар случај треба целосно да ја избрка Русија од Украина, во најлош да покаже дека ниту една од страните нема сила да стекне некаква предност. Процената на Блумберг е дека само оружјето нема да биде доволно за ваквиот подвиг.

Америка за прв пат одобри префрлање запленети руски пари на Украина

Американскиот министер за правда даде одобрение за првиот трансфер на фондови запленети од руски олигарх за помош на Украина.

Зеленски: Ако тргнеме сега ќе испогинат многу луѓе

Украинскиот претседател во разговор со Би-би-си објаснува дека имаат и доволно луѓе и доволно храброст да ја започнат очекуваната контраофанзива, ама сериозно им недостасува ветената помош од Западот која уште не е стигната во земјата.

Путин нема да го преживее губењето на Крим

За човекот што во 1980-те ќе го напише „Крајот на историјата“, досегашната војна во Украина е масовен неуспех на Русите, и според него нема начин како Путин би го преживеал евентуалното губење на Крим.

Украинци почнаа да ораат мини

Русите при своето повлекување есеноска од украинските пространства ги начичкаа нивите што ги напуштаа со илјадници нагазни мини, главно противтенковски. Бидејќи на украинските земјоделци им доаѓа сезоната за сеење, тие решија сами да почнат да ги чистат нивните од мини.

Како ќе стигнеме до мир, ако никој не зборува за мир?

Новиот бразилски претседател периодов беше силно притиснат главно од Западот, за тоа што со држави како Кина и Индија разговарал за постигнување примирје во Украина. Неговата контра дилема е како воопшто ќе се постигне мир, кога сите зборуваат за вооружување?

Америка ја спречила Украина да удри на Москва

Во февруари годинава во Киев на големо се крчкале планови за одбележување на првата годишнина од руската инвазија на Украина со терористички напади на Москва. И тоа траело се додека САД не наредиле сето тоа по итно да се прекине.

Ни САД не биле да се брани Бахмут

Неколку месеци по отворените предупредувања од Вашингтон за Киев да се откаже од одбраната на Бахмут, украинските сили се уште држат дел од западните предградија на градот иако по цена многу поголема отколку што кој било очекуваше.

Најдолгиот ден за Украина

Првите 24 часа од долгоочекуваната украинска контраофанзива може да биде најдолгиот ден за украинските вооружени сили, се порачува во анализата на Форин полиси, според чии процени првите 24 часа најверојатно ќе бидат одлучни.

Како браната на Ирпин го спаси Киев

Најважното нешто што украинската војска го прави во првите денови од војната е одлуката сами да ја уништат браната на реката Ирпин која тече во близина на Киев. Со ова напредувањето на руските сили кон Киев заглибува во новоформираните мочуришта.

Киев е подготвен да зборува за Крим, ако им успее контраофанзивата

Ако украинската војска стигне до границата на Крим, Киев е подготвен да седне на маса со Москва и да преговараат за иднината на полуостровот, изјавил за Фајненшл тајмс висок советник на Зеленски, што е до сега најексплицитна изјава од Киев околу можноста за преговори со Русија.

Украинската победа е малку веројатна годинава

Не дека не е изводливо Украина да ја протера целата руска армија од своја територија, ама е исклучително тежок подвиг кој не е веројатно дека ќе биде изведен до крајот на годината, прогнозира првиот човек на американскиот генерал-штаб генерал Мајк Мајли.

Нафтените профитери треба да ја платат обновата на Украина

Најголемите глобални енергетски компании кои го собраа кајмакот од блесавите цени на енергенсите последнава година треба дел од тој профит да го инвестираат во обновата на Украина, порача украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

На САД не им се губат уште дронови над Црното море

Откако еден Рипер дрон им заврши на дното на Црното море по судирот со руската авијација, САД ја симнаа на југ границата до која смеат да летаат нивните разузнавачки дронови како не би им се повторил инцидентот.