Таг: русија украина војна

Егзекутиран преговарач од украинската мировна делегација

Украински и руски медиуми објавуваат дека Денис Киреев, член на првата преговарачка делегација на Украина во Гомел, ноќеска е убиен во Киев, наводно заради предавство.

И од Украина може расистички да се известува

Во обид да ја долови сликата и да ги запознае гледачите со Киев, американски новинар објаснува дека сепак се работи за „релативно цивилизиран и релативно европски град“, а не нешто налик на тоа што до сега гледале во Ирак и Авганистан. И не е единствен.

Американците бараат јунак што ќе го убие Путин

„Некој во Русија треба да се охрабри“ ќе порача во живо на телевизија еден од највлијателните републикански сенатори, Линдзи Грем, повикувајќи некој близок од кругот на рускиот претседател да го убие Путин.

Меркел или Ши ќе го носат мирот во Украина?

Војната во Украина е трагедија и „дефинитивно е нешто што требаше да биде избегнато“ порачува поранешниот советник за надворешни работи на Думата, Андреј Кортунов.

Список на санкции и бојкоти против Русија

Не овие официјалните, државни, туку кои сè компании и организации одлучија под притисок на војната да го напуштат рускиот пазар без разлика на неговата големина и колку време биле таму.

Украина бара исклучување на Русија од интернет

Политички гасењето на Русија од интернет би била страшно сила порака, технички, гасењето би било катастрофа за цел интернет.

Украинците излегуваат на протести пред тенкови

Како што руската војска освојува украински градови, така се почесто жители на тие градови групно голораки излегуваат пред воените колони или седиштето на локалните власти на протести против руските сили.

Си-би-ес не ја заборави вистинската војна во Украина

Во војната што се води во држава со 45 милиони луѓе Си-би-ес не заборави да спомене дека има луѓе кои веќе со години водат војна во Украина. Про-Русите од Донбас? Не. Припадниците на Азов? Не. Работници, инвалиди, стечајци, самохрани мајки? Не. Транссексуалци? Да.

Нов украински спорт: лов на пљачкосувачи

Сред војна, сред бомбардирање, сред илјадници празни продавници и станови, нормално е да почнат да никнуваат пљачкосувачи и слични мали криминалци, за кои овие моменти на страдање се остварување на сите бизнис планови и соништа. Тоа им е сосема јасно и на Украинците кои почнаа да ги ловат истиве овие и да ги соблекуваат или врзуваат за бандера. Или двете.

Ако Хилари не те утеши, кој?

Бидејќи секој сака да слушне како неговата тазе завојувана држава ја споредуваат со Авганистан, пораката на утеха што несудената претседателка на САД ја има за укранскиот народ почнува со: „Абе Русите пробаа да извршат инвазија на Авганистан... па не им успеа“, и не продолжува ништо подобро.

Канонада на украинска новинарка врз Борис Џонсон

Борис Џонсон е во Полска, пред неколку дена границата меѓу Украина и Полска ја минува и новинарката Дариа Калениук чие семејство и колеги (во најголемиот дел) се уште се во Киев, Лвив и остатокот од Украина.

ЕУ ќе забрани увоз на руска нафта и гас?

Зеленски во текот на денот треба да им се обрати по видео-линк на членовите на Европскиот парламент, по што се очекува Парламентот меѓу другото да повика на забрана за увоз на руските енергенси.

Тик-ток тенкисти

Корисници на Тик-ток, со иста енергија како за рецепт за омлет, почнаа да објавуваат видеа со упатства за стартување и возење на напуштени борни коли и слична воена механизација.

Кинескиот претседател има поинаква дојава за санкциите против Русија

Кинескиот тинк-танк што го советува претседателот Ши Џинпинг тврди дека Русија може да ги истрпи санкциите кои и биле наметнати во изминатите денови, и предвидува дека САД и европските сојузници на крај ќе плаќаат заради поддршката на Украина, објавува Блумберг.

Ракетиран и центарот на Харков

Харков е еден од двата големи украински града (вториот е Мариопул) кој се очекува да биде окупиран од руските сили во текот на денот. Симболиката на Харков е и што е вториот по големина град во Украина, се наоѓа во близина на границата со Русија, а добар дел 1,5-милионската популација се етнички Руси, заради што на кратко беше „освоен“ во про-руските немири во 2014.

Преведувачката на Велт не го издржа говорот на Зеленски

Што и да кажуваше Зеленски беше премногу тешко за германската преведувачка што во живо ја покриваше прес-конференцијаа за Велт.

Нема веќе добри и лоши, сите се лоши

Западот на значителен начин ќе профитира од конфликтот, но тоа не е оправдание за постапките на Русија... Не постои морална височина на која можат да застанат главните глобални геополитички играчи бидејќи сите тие имаат такви утврдени корпоративни врски и такви очигледни територијални цели што не можеме да им веруваме. Ова и повеќе во експозето на Расел Бренд.

Дали на Русија и се собираат воени злосторства?

Прв воените злосторства на руските сили во Украина ги спомена Зеленски, сега неговиот став добива на сила и поддршка. Литванија веќе размислува за „Хашки трибунал“ за Украина. Други потсетуваат дека може треба да се оди по ред.

Дали житото е следното оружје на Путин?

Само по еден ден од инвазијата, Русија контролираше речиси една третина од светскиот извоз на пченица, три-четвртини од светскиот извоз на сончогледово масло и значителни количини јачмен, соја и други житарки. Згора на ова само на Украина отпаѓа 16% од светскиот извоз на пченка, пишува Политико.

ЕУ ќе блокира половина од банкарските резерви на Русија

Не по сопствен избор ЕУ ќе успее да блокира само половина од резервите што ги има Централната банка на Русија, бидејќи другите им се недостапни. Слично е и со исклучувањето од СВИФТ кое ќе биде делумно.