Колку повеќе руските тенкови му се приближуваат на Киев, толку повеќе санкции се нижат на контото на Русија и нејзините граѓани, од компании кои по распадот на СССР со нетрпение чекаа да влезат на новиот пазар.
Санкциите доаѓаат во сите форми и тежина, и главно се однесуваат на комплетниот руски пазар.
Списокот на компании и организации:
Епл - комплетно излегување од пазарот.
Адидас - прекината соработка со фудбалската репрезентација.
Ауди - прекин на извоз на автомобили.
АМД - целосна забрана за испорака на чипови а наскоро и графички картички.
Бритиш петролеум - продажба на 20% од акциите во Роснефт.
Би-би-си - повлекување на сите лиценци за емитување.
БМВ - затворање на фабриките и блокирање на снабдување со нови возила.
Болт (слично на Убер) - излегување од пазарот.
Боинг - излегување од пазарот.
Кански фестивал - блокирање на руската делегација.
Карлсберг - ограничување на увозот и извозот од Русија.
Цекс Ио (крипто платформа) - банирање на руски корисници.
Синема 4Д - гасење на апликацијата.
Дизни - откажување на сите филмови.
Дел - излегување од пазарот.
Дропбокс - за неколку денови нема да биде достапен во Русија.
ДХЛ - излегување од пазарот.
ЕА Спорт - отстранување на руските репрезентации и клубови од видео игрите ФИФА и НХЛ.
Евровизија - исклучување на рускиот претставник.
Ериксон - излегување од пазарот.
Ексон мобил - повлекување на сите свои специјалисти од руските нафтени компании и прекинување на инвестициите во Русија.
Етси - укинување на долгот што украинските корисници го имаат кон компанијата.
Фејсбук - забрана за руски медиуми.
ФедЕкс - целосен прекин на испорака.
Формула 1 - откажување на трката во Сочи.
Форд - прекин на соработката со Русија и продажба на нови возила.
ФИФА - дисквалификација на руската репрезентација од Светското првенство и забрана за одржување на кој било меѓународен натпревар во Руската федерација.
Гугл мапс - гасење на извештаите за сообраќај во Украина.
Генерал моторс - стопирање на дел од извозот.
ХП - забрана за извоз.
Х&M - затворање на сите продавници во Русија.
Харли Дејвидсон - прекин на снабдувањето нови мотори и делови.
Инстаграм - блокирање на пропагандата.
Интел - забрана за испорака на микрочипови.
Јагуар - прекин на испорака на возила на рускиот пазар.
Џубл (агрегатор на огласи за вработување) - укинување на сервисот.
Куна (компанија за паметни уреди) - излегување од пазарот.
МОК - откажување на сите натпреварувања.
Мастеркард - престанување со издавање картички и исклучување на неколку банки.
Маерск - прекин на сите испораки до и од Русија.
Мерцедес - прекин на извоз на автомобили и комбиња на рускиот пазар.
Мегого (платформа за филмови) - бришење на сите руски филмови.
Мобилен светски конгрес - исклучување на рускиот павилјон од глобалниот саем.
Нетфликс - блокирање на претплати од Русија и прекинување на снимање на руски ТВ серии.
Најк - затворање на сите продавници.
Нестле - затворање на 3 фабрики во Русија.
Оракл - прекинување на сите операции во Русија.
Пајсера (сервис за плаќање) - блокада.
Пејпал - забрана за регистрација на нови сметки.
Парамаунт - блокада на испорака на филмови.
Паримеч (кладилница) - повлекување на франшизата.
Рено - прекин на одредени операции во фабриката во Русија заради недостаток на делови.
Сканија - излегување од Руската федерација.
СпејсИкс - испорака на Старлинг опрема на Украина.
Шел - раскинување на договорот со Газпром.
Спотифај - затворање на канцелариите во Русија и блокирање на содржините од руските државни медиуми.
Сони - забрана за дистрибуирање на филмови.
ТикТок - блокирање на руски државни медиуми во Европа.
Тојота - затворање на фабриките во Русија.
УЕФА - одземање на финалето на Лига на шампиони во Санкт Петербург, забрана за сите руски клубови да учествуваат во натпреварите на УЕФА и раскинување на договорот со генералниот спонзор Газпром.
УПС - целосен прекин на испораки.
Универзал - забрана за дистрибуирање филмови.
Виза - блокирање на банките што се под санкции.
Волво - престанок на испорака на возила.
Јутјуб - блокирање на стотици руски канали и монетизација на истите.
Ворнер брос - забрана за дистрибуирање на филмови.
Фолксваген - престанок на испорака на возила.