Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.
Десетина англиски новинари слетале во Шведска, само со една цел: да дознаат дали Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Манчестер Јунајтед и ќе му се придружи на Мурињо. Како одговор добија насмевка помистична од онаа на Мона Лиза од Леонардо Да Винчи.
Од 19. мај во неколку европски земји играше премиера на филмот „Златан. Почетокот" кој раскажува за младоста на напаѓачот на Шведска. Во својата биографија, Ибра на многу места зборува за Малме, градот во кој се родил, живеел, учел и ја почнал фудбалската кариера.
Една од најсмешните изјави на Златан во последниот период беше „Во четврток не играм фудбал“, алудирајќи на трансфер во екипите кои го бараат а кои играат во Лига Европа. Во едно видео има колекција на сите негови испади во последните неколку години.
Сериозните инциденти на минатонеделното финале на францускиот Куп меѓу ПСЖ и Марсеј одново го потегнаа прашањето околу безбедноста на Париз пред Европското првенство. Организаторите признаваат пропусти и ветуваат решавање.
Титулата одбранета, едниот куп исто така, голови 42 на сите фронта. Лорен Блан му дава заслужен слободен ден него и на цел тим, а Златан ги зема во друштво Верати, Пасторе и Сиригу и правец Лас Вегас. Тоа е тоа, сигурно нема на Ајфелова кула да се качуваат како туристи.
Најпознатиот француски спортски новинар Пјер Менес раскажуваше кога последен пат го видел Тиаго Силва. Желба му било да го интервјуира капитенот на ПСЖ и бразилската репрезентација. Па во целиот разговор упадна и таксистот низ Париз.
Португалецот постигна три гола и најзаслужен е што Реал Мадрид ја анулираше предноста од 2:0 на германскиот претставник. На вториот меч, Манчестер Сити обезбеди историско полуфинале откако со 1:0 го совлада Пари Сен Жермен на Етихад.
На Реал Мадрид му се отвори многу работа на реваншот во четвртфиналето од ЛШ откако беше шокиран на гостувањето против Волфсбург со 2:0. Повозбудливо беше на Паркот на Принцовите каде Ибра промаши пенал, а Фернандо потоа направи глупав потег и му подари гол.
ПСЖ - Манчестер Сити 1:1 и Волфсбург - Реал Мадрид 2:0 по првиот дел од четвртфиналните дуели во ЛШ. И на двете средби пеналите беа сомнителни. Харт му ја одбрани на Ибрахимовиќ, а Рикардо Родригез погоди за германскиот состав. Роналдо постигна гол во 2 минута кој според судиите беше офсајд.
Во новата реклама за Најк, претставен е патот до врвот на францускиот репрезентативец од ПСЖ Блез Матуиди. Автобуси, метроа, железнички, низ што сè не поминал за да стигне до ѕвездите.
Францускиот дефанзивец со потекло од Сенегал ги освои симпатиите на Енфилд Роуд и се смета за легитимен наследник на Џејми Карагер и Сами Хипија. Постојат неколку силни причини зошто навивачите на Ливерпул имаат доверба во него.
На осум кола пред крајот, уште во месец март екипата на Пари Сен Жермен убедливо ја освои титулата откако денес со нереални 0:9 ја победи Троа на гостински терен. Ибрахимовиќ даде четири гола и воедно го постигна 100-от гол за ПСЖ. Сезонава Ибра даде 27 голови, 12 асистенции на 34 години.
Со головите на Рабиот и Ибрахимовиќ фудбалерите по втор пат ги совладаа Сините од Лондон со идентичен резултат. Гостински триумф од 2:1 оствари и Бенфика против Зенит вреден пласман во топ 8 фазата од ЛШ каде од вчера се и Реал и Волфсбург.
Лион го победи ПСЖ 2:1 и на тој начин му ја прекина серијата од 36 натпревари без пораз. Веројатно слабата игра на Парижаните беше причина Златан да го турне Јанга-Мбива и да му се смее цинично.
Девојката се вика Лора Було, има 10 години стаж во ПСЖ, 155 настапи и 15 голови, а од 2005 година настапува за француската репрезентација. Нема да ве гњавиме со други податоци за неа.
На 41 меч оваа сезона на сите натпреваруварува фудбалерите на ПСЖ постигнале 91, а примиле само 16 гола. Има само еден јунак кој успеал да им даде два гола, а тоа се случило пред 5 месеци. Инаку ПСЖ во француското првенство има 22 победи, 4 нерешени и ниту еден пораз, а на второпласираниот Монако му бега 24 бода.
Само четири минути откако влезе во игра Кавани го реши осминафиналниот меч од ЛШ против Челси. Мечот го отвори Ибрахимовиќ кој со 46 гола во ЛШ стигна на осмото место на листата на стрелци кое го делат уште и Инѕаги, Бензема и Еузебио.
Дури и кога беше во одлична форма како во моментов (стана рекордер по бројот на голови за ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ загуби многу важни натпревари во Лигата на шампионите најчесто поради своја вина.
Минатото коло ПСЖ стигна до серија од 33 меча без пораз и урна рекорд во Франција стар 22 години. Ова коло го победи Марсеј на гости и ја продолжи успешната низа, но за да влезе меѓу најдобрите 10 екипи во историјата на фудбалот по овој параметар, има уште работа.
Пари Сен Жермен во моментов е еден од најбогатите клубови во Европа и во таква ситуација ретко кој ги памети фудбалерите кои беа симбол на оваа екипа кога парите не извираа од сите страни.
Синот на поранешната Златна топка со 15 години игра во ПСЖ У17 кои се прваци во Франција, а луѓето од стручниот штаб веќе му го дадоа епитетот „феномен“.
Фудбалерите на ПСЖ може слободно да одат на зимски распуст, да се вратат и пак да бидат први на табела. Тоа што му бегаат 24 бодa на второпласираниот Монако само повеќе ги опушта во играта. Одиме со еден фудбалски танц на Ибрахимовиќ, Ди Марија и Матуди кој го претвори во гол Грегори Ван Дер Вил. ПСЖ - Анжер конечни 5:1.