Како што обично бидува со Златан, во зависност од неговото расположение и добра волја може или пријатно или непријатно да ве изненади. Затоа што е природен во секоја прилика.
Реал и Сити се пласираа во осминафиналето на ЛШ на две кола пред крајот на групната фаза. ЦСКА Москва сурово казнета за промашувањата против Јунајтед. Кејлор Навас стана првиот голман во историјата на ЛШ што не примил гол на првите шест натпревари.
На прашањето на новинар од Италија што мисли за критичките наслови за него во француските весници, Ибрахимовиќ одговори на течен италијански јазик: „Не разбирам француски, така што не им давам многу на значење“.
Во последните 10 години ПСЖ на засилувања потроши нешто повеќе од половина милијарда евра, а меѓу најмоќните 10 клубови во Европа со исклучот на оние од најсилните 4 првенства, има четири руски, три турски и два украински клубови.
Не сме навикнати Златан да го гледаме како греши пред гол особено во ваква шанса кога имаше локум топка за водство на ПСЖ. Реимс поведе во 83-та, а Кавани израмни по една минута за конечни 1:1
Швеѓанецот вели дека дуелот Малме - ПСЖ ќе се расчуе во цел град, а сега сака да се осигура дека сите луѓе во неговиот роден град, ќе имаат можност да го гледаат.
Во рамките на првата вечер од ЛШ, шведскиот Малме му гостуваше на ПСЖ и загуби со 2:0. Пред мечот гостинскиот тренер изјави дека фокусот не им бил само на Златан Ибрахимовиќ.
Монако го преполовија, а ПСЖ ќе мора да продава ако сака да купува поради финансискиот фер плеј. Од француската Лига 1 заминуваат фудбалери како никогаш досега.
Додека неговите соиграчи го демолираа Монпеље со 6:0, Давид Луиз минатата недела се крстеше во Евангелистичка црква, каде уште еднаш дал збор дека ја чува својата невиност додека не се ожени со девојката Сара Мадеира.
Поразот од Драгао германската машинерија им го наплати на Португалците со петарда во првите 40 минути и со конечни 6:1 им покажа кој е кој во Лигата на шампионите. Изненадување немаше ниту во Барселона која повторно го порази ПСЖ.
Фудбалерите на Баерн Минхен се пред најтешкиот испит сезонава. За четврто полуфинале по ред во ЛШ ќе мора да надоместат два гола против Порто. Потешка задача од нив има Париз, кој во Каталонија ќе игра против ураганот Барса.
Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.
Иако ќе настапи без носителите на играта, Баерн Минхен е фаворит во дуелот со Порто според букмејкерите. Барса гостува во Париз, каде минатиот септември одигра „Плејстешн“ натпревар со 5 голови и загуби 3:2 од ПСЖ. Ибрахимовиќ е суспендиран.
Барселона славеше 4:0 против Алмерија, но Каталонците нема мирно да спијат по синоќешниот настап на Ибрахимовиќ во францускиот куп. ПСЖ славеше 4:1 против Сент Ејтен и се пласираше во финалето. Ибрахимовиќ го даде 100-от гол во парискиот дрес.
Чудниот случај на доктор Лорен и господин „Лудиот“ е прв од таков тип во францускиот фудбал: Едниот победува, но сакаат да си оди, а другиот губи но го молат да остане.
Дерби со Марсеј, едно финале, едно полуфинале, два пати против Барса и уште неколку тешки меча. Ако сè ова го преживеат Светците, сезоната можат да ја завршат со 5 трофеи.
Според последната анкета на Ле Паризиен, дури 84% од испитаниците сметаат дека Ибрахимовиќ е арогантен, а 66% се убедени дека Швеѓанецот му штети на ПСЖ. Реакциите следуваа по неговиот гаф минатата недела, после кои Французите не гледаат идол во Ибракадабра.
По пладневната ждрепка во Швајцарија, најдобрите осум клубови во Европа ги добија своите противници на патот кон Берлин. Едно градско дерби и еден дуел на стари познаници.
Жозе Мурињо се прости од Лигата на шампионите, откако бразилските стопери Давид Луиз и Тијаго Силва синоќа скокнаа највисоко во шеснаесетникот на Сините и со 2:2 по 120 минути се изборија за четвртфинале. Фудбалерите на Челси го загубија патот за финалето во Берлин.