И покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од здравствените власти, од полицијата па дури и од нивниот тренер, навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години!
Веднаш по завршувањето на мечот Челси - Манчестер Сити (2:1) кога стана јасно дека Ливерпул е нов шампион на Англија и тоа на цели 7 кола пред крајот, илјадници навивачи излегле на градските улици.
„Ја користам оваа прилика да се извинам на АПСОЛУТНО НИКОЈ!“, напишал навивачот на Барнли којшто презема одговорност дека токму тој платил и нарачал веење на таков банер над стадионот „Етихад“ во Манчестер кога играа Сити и Барнли.
После протестите во организација на Black Lives Matter во англиската Премиер лига сите клубови на дресовите го носат овој натпис и клекнуваат на колена во знак на поддршка во борбата против расизмот, ама некои навивачи имаат и свои аршини.
Како што Вотфорд извади бод против Лестер со ножички во 93-та минута, така Вулверхемптон ја запечати победата над Вест Хем во финишот со страшниот гол на Португалецот Педро Нето.
Англиската Премиер лига уште еднаш покажува дека е најгледлива од сите топ5 европски првенства. На мечот Вотфорд - Лестер во саботата цели 90 минути нема гол и после во неколку секунди паѓаат 2 од кои едниот луд погодок.
Прес конференцијата на Жозе Мурињо преку видео-повик со новинарите во Лондон уште еднаш наврати на темата за случајот со Деле Али, фудбалерот кој ќе го пропушти големото дерби против Манчестер Јунајтед во петок поради глупост.
Кога на 9 март новото засилување на Лестер, Харви Брнс го запечати дебаклот на Астон Вила со гол за 4-0 во 85' минута, никој не претпоставуваше дека тој гол и тој меч ќе бидат последни пред една долга и мачна пауза.
Англискиот фудбал уште не се врати, ама клубовите играат пријателски натпревари. Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го прегазил Блекбурн со 6:0 и тоа без повредените Салах и Робертсон (двајцата имале ситни мали повреди).
Конечно после долго време пауза, на голема врата се враќаат најдобрите европски фудбалски лиги, а љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во дерби средби.
Со 34 гола Алан Ширер во сезоната 1994/1995 на Блекбурн му донесе титула која што навивачите на овој клуб ја чекале 81 година. Ама сè би било поинаку доколку 287 километри подалеку еден Чех не играл животен натпревар.
Бред Фридел, Тим Хауард, Питер Шмајхел и уште малку други голмани успеале да се прослават како голмани со постигнат гол. Ако не можат соиграчите одам јас во шеснаесетник.
На 5 мај 2014-та, во редовно коло од Премиер лига, Ливерпул води 0-3 против Кристал Палас. Домаќинот од Лондон чудесно се враќа и израмнува на 3-3 после што овој меч доби прекар Кристанбул, како асоцијација на епското финале Ливерпул - Милан во Истанбул.
Денес Војчех Шчесни е еден од најдобрите голмани во Серија А и двократен шампион на Италија со Јувентус. А во 2015-та беше еден од вечно најкритикуваните голмани на Арсенал.
На 23-от ден од април таа 2019-та брзиот Ирец Шеј Лонг го постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лига. Тогаш шпицот на Саутемптон за 7,69 секунди го отвори резултатот на мечот против Вотфорд кој на крај заврши 1-1.
Иако ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 и натаму е неизвесна, повеќе европски влади размислуваат за ублажување на мерките, а соодветно на тоа и многу национални првенства се острат да ги пуштат спортистите во арените.
Френк Вортингтон бајаги долго играл во англискиот фудбал. Од 1966 до 1991 сменил преку 23 клуба. Секаде бил расен стрелец, особено во Лестер и Болтон. На еден меч за Болтон против Ипсвич (2:3), го постигнува еден од најубавите голови на Островот.
Најомразениот човек во секое ќоше од Њукасл, Мајк Ешли после долги години конечно ќе се спаси од гневот на навивачите, а богами и тие од неговото апатично водење на клубот од Тајнсајд.
Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.
Како што играше во Ливерпул ниту на едно друго место не играше. Ги решеташе противниците буквално од викенд во викенд. Без разлика дали играа против Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал, Челси или Саутенд во Купот, Уругваецот го радуваше КОП.