Таг: премиер лига

Свонси урива рекорди во економијата

Истражувањата покажуваат дека учеството на велшкиот клуб во Премиер лигата придонесол голем раст на економијата во градот, околината, но и во целата земја. Тимот приредува големи изненадувања, а пред само два дена го победи европскиот шампион Челси во Лига Купот.

Најстариот премиерлигаш дувна 150 свеќи

Стоук Сити е најантичкиот клуб во Премиер лигата кој е основан во далечната 1863 година под името Стоук Ремблерс. Во својата 150 годишна историја има освоено само еден Лига Куп.

Перч си најде 5 фунти на терен

Освен што заработуваат милиони од своите клубови, фудбалерите почнаа да си наоѓаат пари и на терен. Џејмс Перч од Њукасл за време на натпреварот против Евертон на теренот најде 5 фунти и реши да им ги подари на навивачите, но тие немаа преголема желба да ги примат.

Најубавиот гол во 2013

Евертон славеше на гостувањето кај Њукасл со 1:2, а пресвртот на овој натпревар го најави дефанзивецот Лејтон Бејнс со овој фантастичен погодок.

Сити го победи Стоук со помош на реклами

Фудбалерите на Стоук се познати по нивната тактика на долги уфрлувања при изведувањето на аути, па Манчестер Сити им го скрати просторот до теренот со помош на рекламните паноа.

За Англичаните нема празник/делник

И додека во повеќето првенства веќе започнаа зимските паузи, а нашата фудбалска лига ја има една од најдолгите во Европа, за Англичаните нема ни празник, ни делник па само за новогодишните празници во рок од 8 денови ќе одиграат 3 кола.

Колку пари вреди еден гол

Земајќи ги во предвид сумите платени за трансферите на 293 напаѓачи во последните 10 години и парите потрошени на нивните плати, Англичаните пресметаа дека еден гол во просек чини 350.000 фунти.

Потег на неделата

Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ... можат вода да му носат на Дарен Гибсон од Евертон за неговиот потег против Манчестер Сити.

Ван Перси како Торес

Робин Ван Перси моментално се наоѓа во топ форма, но на натпреварот против Рединг не успеа да реализира од ситуација каде што редовно промашува Торес во неговите „најдобри“ денови.

Нокаут автогол на Бејл

Тамам пишавме дека го имаме автоголот на годината и веднаш не демантираа. И тоа не било кој, туку Герет Бејл со нокаут-автогол на натпреварот против Ливерпул.

Годишнина од самоубиството на Гери Спид

На денешен ден пред една година во неговиот дом беше пронајдено безживотното тело на Гери Спид. Тогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Велс си го одзеде животот со бесење, а фудбалскиот свет веќе цела година си го поставува прашањето: „Зошто?"

Медиумите и Бенитез станаа жртви на интернетот

Огромен број на светски медиуми, а потоа и голем број на македонски медиуми ја пренесоа изјавата на Бенитез од 2007-та година кога тој изјавил дека никогаш нема да седне на клупата на Челси. Овие медиуми беа жртва на интернетот.

Автогол на годината

Во 2012-та се изнагледавме автоголови, но овој најверојатно ќе биде прогласен за автогол на годината, или пак Али Ал-Хабси ќе биде прогласен за најсмотан голман. За среќа на голманот на Виган, неговиот тим со гол во последна минута го победи Ридинг со 3:2.

Мајсторите за пресврти од Манчестер

На 70% од натпреварите одиграни оваа сезона во англиската Премиер лига, победник на крајот е екипата која прва дала гол. Но ова правило не важи за двете екипи од Манчестер (посебно Јунајтед) и Евертон.

Фото на сезоната

Фотографијата со разочараното дете-маскота на Свонси е избрана за најдобра фотографија во Премиер лигата за сезоната 2011/12.

Премиер лигата ќе инкасира 5 милијарди од ТВ права

Додека во Македонија клубовите им ги предадоа своите ТВ права на ФФМ за 0 (со зборови: нула) денари, Англичаните следната сезона само на оваа ставка ќе остварат рекорден приход од пет милијарди фунти.

Али Диа - најпознатиот фудбалски измамник

Веројатно повеќето од вас прв пат го слушаат името Али Диа, но оние постарите кои ја следеа Премиер лигата во 90-те години најверојатно се сеќаваат на човекот кој успеа да ја измами Премиер лигата.

Ливерпул извлече бод кај Челси

Челси трето коло по ред не знае за победа во Премиер лигата. Овој пат два бода им украде Ливерпул, односно Луис Суарез. Един Џеко повторно го спаси Манчестер Сити.

Челси му го препушти врвот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед славеше против Арсенал и го искористи киксот на Челси против Свонси, па по 10 одиграни кола го запоседна врвот во англиската Премиер лига.

14 милиони гледачи на стадионите во Премиер лигата

За разлика од македонската лига каде се радуваме кога на некој натпревар бројот на гледачи ќе биде испишан со четири цифри, во Англија се очекува до крајот на сезоната да биде поставен нов рекорд со околу 14 милиони гледачи кои во живо ќе ги проследат натпреваритете од Премиер лигата.

Туристички јуриш на Премиер лигата

Премиер лигата е претворена во таков глобален спектакл, што само минатата година туристите потрошиле 1,1 милијарда долари на натпреварите од англиското првенство.