Ливерпул и Тотенхем го одиграа најинтересниот меч од почетокот на англиската Премиер лига. Жозе Мурињо го обвинуваат дека повторно паркирал автобус пред својот гол, но тој тврди дека синоќа победил послабиот тим.
Вест Хем и Кристал Палас одиграа 1-1 во 13. коло од Премиер лигата. Гостите поведоа преку Бентеке во 34' минута, а Себастијан Халер во 55' минута постигна неверојатен гол кој уште многу долго ќе се врти по најавните шпици.
Момците на генерал Марсело Бјелса после три месеци победија дома на „Еланд Роуд“ во Премиер лигата, откако вечерва го прегазија Њукасл со 5:2. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра цел натпревар и го постигна четвртиот гол по една страшна „бјелсовска“ контра.
Манчестер Сити имаше 26 шута од кои 7 во рамки на голот. Изведе 13 корнери и имаше преку 5 стопостотни шанси. Пеп Гвардиола се фрустрираше како никогаш. На крајот, Манчестер Сити - ВБА 1:1 благодарение на голманот на гостите Сем Џонстон.
Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.
Њукасл го победи Вест Бром со 2-1 со головите на Алмирон во 1' и Двајт Гејл во 82' минута. Домаќините во финишот и задржуваа време а најдобро му одеше на шпицот Калум Вилсон.
Фудбалерите на Арсенал го претрпеа и третиот пораз по ред во Премиер лига, овојпат дома 0:1 од Барнсли во 12. коло. Барнли славеше против „топџиите“ првпат после 1974-та година.
Марсело Биелса има 65 години и богата кариера зад него. Во родната Аргентина го сакаат како татко, му посветија и стадион, а сега предава фудбал во Англија.
Микел Артета никако да ги склопи коцките во Арсенал и од коло во коло неговиот тим изгледа како просечна екипа која во моментов после поразот од Тотенхем е на 15. место. Против Спарс вториот гол го примија така што Парти повреден бараше измена а Артета го избутка да спречи контра. Во истата акција Кејн зголеми на 2-0.
Тотенхем победи во дербито на Северен Лондон против Арсенал и се врати на првото место на табелата, но главен настан во англискиот фудбал беше враќањето на навивачите.
Вест Хем води 1-0 против Манчестер Јунајтед и во 40' минута од мечот напаѓачот Себастијан Халер има шанса да ги нокаутира „црвените ѓаволи“. Прави маестрално сè што треба и кога треба да зголеми на 2-0, се лизга на теренот.
Во неделата вечер Манчестер Јунајтед губеше со 2-0 но на крајот благодарение на неверојатниот Единсон Кавани успеа да направи целосен пресврт и да слави со 2-3. Ама Уругваецот сега е на удар на англиската јавност и го чека казна.
На Британец можеш да му земеш сè, само правото да се напие пиво и да гледа фудбал не. Од тоа беа лишени од март месец од кога речиси сите европски стадиони се затворени за публика поради коронавирусот. После долги и напорни месеци, допуштен е ограничен влез на стадионите.
Евертон славеше со 2-3 на гостувањето кај Фулам и после 3 порази по ред им се врати на победите. Најдобриот играч на „карамелите“, Бразилецот Ришарлисон после мечот му го подари дресот на еден мајстор кој работи на реконструкција на трибините на „Кревин Котиџ“.
Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација е тема на разговор меѓу следбениците на Премиер лига. Синоќа на мечот Лидс - Арсенал, Џани беше во главна улога на теренот а за него зборуваа и во студиото на Скај Спортс.
Ниту светот на фудбалот не е имун на вториот (или веќе трет) бран на вирусната пандемија. Речиси и да нема клуб чии репрезентативци ќе се вратат позитивни од собирите со националните селекции.
Асоцијација за прекрасниот Лестер кој сензационално освои титула во Премиер лига се Раниери, Варди, Ријад Марез и Каспер Шмајхел. Кога се набројува таа шампионска генерација, неизоставен дел е и Дени Дринквотер.
Вест Хем и Фулам 91 минута играа фудбал без ниеден гол, а тогаш домаќинот поведе преку Томаш Сучек. Во последните секунди од продолжението Фулам добива пенал кој запна да го изведе Адемола Лукман. И мангупот пробува паненка.
На сите спортски колективи и тоа како им фалат гледачите, песната на навивачите, публиката, па многу топ европски лиги се обидуваат да ги отворат своите стадиони во скоро време.
После толку време во Ливерпул и Барнли некој би помислил дека англискиот шпиц има 30 и кусур години и е пред пензија. А тој има 28 години и сезонава блеска: 5 гола и 2 асистенции во 7 кола за Саутемптон кој во моментов е на место кое води во Европа.
На препорака на најдобриот свој фудбалер Алан Сен-Максимен, Њукасл реши да потпише привремен договор со поранешен француски фудбалер кој цела година работел како мајстор со цигли.
Деновиве во Британија на големо се дебатира околу планот на најбогатите клубови да ја намалат Премиер лига, па се зборува и за нова, астрономски скапа Европска Лига во која би играле само најголемите и би го делеле колачот меѓу нив.