Таг: премиер лига

Совршените центаршутеви на Александар Коларов

И покрај тоа што Пеп го стави на стоперската позиција, Коларов и натаму го влече топка напред, а омилен сегмент од играта му е центаршутот.

Како Каспер Шмајхел стана шампион како Питер

Разните патешествија со татко му, му овозможиле на малиот Каспер Шмајхел да учи од најдобрите голмани во тоа време. Имал тежок пат во ниските лиги во Данска, Португалија и Англија а како круна на сè дојде титулата во Премиер лигата со Лестер.

Почна Премиер лигата, ај малку статистика

26 години не се случило шампионот да загуби во прво коло. Месец август на Свонси им носи среќа. Конте не е навикнат да губи во првенство. Негредо гаѓа од прва. Манчестер Јунајтед го има човекот со најмногу асистенции од Бундес и ако не освои титула тоа ќе им биде најдолга серија.

Милијардите за трансфери во ерата на Премиер лигата

Четири екипи потрошиле над милијарда фунти за засилувања откако се формираше Премиер лигата во 1992-ра, а петте најголеми трошаџии заедно фукнале 6,5 милијарди фунти, во евра 7,6 милијарди. Погба чини повеќе од дупло од едно трансфер лето на Лестер или Бурнемут помножен со 104.

Август е фудбалски месец, ќе ви направи ќеиф

Добро, јасно е дека август пред се ќе мине во знакот на Олимпијадата, ама за тие кои уживаат во спортски викенд со гледање фудбал, вртење билтен и следење резултати, треба да знаат што ги чека уште малку.

Сè е исто со Арсенал и по 80 години

Топџиите често знаат да блеснат на почеток, да држат прво место во Премиер лигата на средина од првенството и на крај да паднат. Така било и на оваа табела од сезоната 1936/1937 кога од прво на крај паднале на трето место.

Пеп, стварно си ти?

7-годишниот Брејдон, навивач на Сити со шалче и дрес во рака тргнува да ја запознае маскотата на клубот Мунбим. Кога влегува во таксито таму го чека најголемото изненадување во животот досега.

Новите правила во Премиер лигата

Доколку двајца или повеќе играчи се соберат околу судијата, тој ќе има право да извади минимум еден жолт картон, а оној ќе пцуе ќе оди под туш.

Ако се прашувавте каде пропадна Џо Кол

Некогашниот најголем талент на европскиот фудбал, Џо Кол во англиската Премиер лига за последен пат го видовме на 2. мај 2015 година кога потпиша со Астон Вила. Набрзо Вила го прати во трета дивизија каде до мај годинава играше за Ковентри. Во моментов игра за американскиот второлигаш Тампа Беј во лига со 9 клубови од САД, 2 од Канада и 1 од Порто Рико.

Ќе биде ли Лестер повторно шампион и колкав е коефициентот?

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси годинава добија нови тренери, Раниери посакува опстанок и не се истрчува со изјави исто како лани, а пари во кладилница се ставаат на Барнли.

Бугаринот кој излечи рак и леукемија и се врати во Астон Вила

Откако му открија леукемија, односно рак на крвните зрнца, Стилијан Петров долго време лежел во болница, не можел да ги види децата, ниту да помисли да се врати во фудбалот. Четири години после терапијата пак заигра за првиот тим на Астон Вила.

Марк Клатенбург - Поп ѕвездата со свирче

Најхаризматичниот светски судија во моментов има и свои маани, како на пример отворените манири да разговара со тренерите за тоа кој играч е добар а кој не му треба. Стресот од разгалените милионери на теренот го канализира со пакет лименки пиво.

Одговорете ми зошто треба да навивам за вас

Алдин Карабег од БиХ барал клуб од Англија за кој ќе навива и тоа го направил на свој начин. Им пишал на сите да види кој како ќе му одговори.

Непознати факти за Герет Бејл

Во еден од поинтересните дуели на ЕП, Англија го совлада Велс 2:1, а мечот го одбележи голот на Бејл од слободен удар со што стана првиот играч од 1992. година кој дал два гола од слободен на едно Европско.

Битно Англија држи тренеришта

Дел од тренерите во Премиер лига, сезона 2016/2017:

На кои ѕвезди од Премиер лигата ќе им треба виза

Германци, Белгијци, Шпанци, Италијанци, Холанѓани и уште многу други странски државјани ќе мора да вадат работна виза за да продолжат да играат островот. Минатата година во Премиер лигата потпишале 432 фудбалери од странство кои кога Велика Британија ќе се отцепи од ЕУ нема да можат да останат со сегашниот статус. Ова се само 20 од нив.

Излезот на Британија од ЕУ им носи загуби на премиерлигашите

Велика Британија и Европската унија веројатно ќе водат долги преговори околу начинот на кој ќе се разделат, а тие со голем интерес ќе ги следат клубовите од Премиер лигата кои беа против излегување од ЕУ. Тоа им носи компликации околу трансферите.

Радувај се Флитвуд на трансферот на Варди

Топџиите од Северен Лондон се многу близу до потпис со најдобриот стрелец од минатата сезона, Џејми Варди од Лестер. За него Венгер би одвоил 20 милиони фунти а дел од тие пари ќе ги добие и третолигашот Флитвуд.

Најскапоцениот меч вечерва не се игра во Милано

По пласманот на Барнли и Мидлзборо, вечерва ќе го дознаеме и третиот нов Премиерлигаш за следната сезона. На Вембли во финалето на плејофот, Хал Сити и Шефилд Венздеј ќе играат не само за пласман во елитата, туку и за 200 милиони фунти.

Не за џабе сме омразени ривали

Навивач на Сандерленд, екипа која се спаси од испаѓање се јавува во фан шопот на вечниот ривал Њукасл кој испадна од Премиер лигата. Од другата страна му се јавува убав, пристоен женски глас.

Тренери со најдолг престој на една иста клупа

На листата тренери кои не ги фаќал с'клет со години да седат на исто место, „најкраткиот" бил тренер 19 години а најдолгиот неверојатни 44 години водел еден ист клуб.

Мурињо и Јунајтед - како беше порано

Хрониката односи на Мурињо со клубот од Олд Трафорд започна некаде пред 12 години кога Португалецот гостуваше во Манчестер. Од тогаш до денес, голема промена на односите.

Жената што го бодреше Вест Хем и под нацистички бомби

Болејн Граунд, легендарниот стадион на Вест Хем замина во историјата на мечот против Ман. Јунајтед, а на трибините беше и Мејбл Арнолд, затоа што и таа е историја на овој клуб.