Босанецот пратил 92 мејлови до сите клубови во Англија во прва, втора, трета и четврта лига и им го поставил прашањето: Зошто треба да навивам за вашиот клуб?
Му одговориле 10 клубови: Манчестер Јунајтед, Евертон, Челси, Кембриџ Јунајтед, Саутемптон, Ипсвич, Стоук, Арсенал, Кристал Палас и Барнет.
Најмногу му се допаднал одговорот на Барнет.
„Уште не сум одбрал клуб, но најмногу ме воодушеви одговорот на Барнет и веројатно ќе им пишам пак. Ми ја спомнаа земјата и дефинитивно изгледаа како да ми го прочитале мејлот“
Одговорот на Барнет:
Благодарам на вашиот мејл и одлично е да се чуе дека барате клуб за кој би навивале па дури и од Босна и Херцеговина.
Барнет е клуб кој ги поддржува навивачите од сите сфери на животот, со пријателска, семејна атмосфера и се разбира нудејќи возбудлив фудбал. Тимот моментално се подготвува за својата втора сезона во Лига 2 каде беше промовиран во сезоната 2014/2015. Неодамна се преселивме во Лондон, меѓународна установа за тренинг посетена од многу национални тимови како Бразил, Германија, Шведска и Чиле.
Ако ни ја испратите вашата мејл адреса, ние би биле среќни што ќе можеме да би испратиме дополнителни информации. Во меѓувреме останете во чекор со тимот на www.barnetfc.com и проверете го нашиот втор клуб www.londonbeeswsl.com.
Ви благодарение што ни пишавте и се надеваме дека повторно ќе исконтактираме.
Со почит
Приказната на Алдин се рашири на островот и стигна до босанскиот репрезентативец Мухамен Бешиќ кој игра за Евертон и кој му испрати видео порака:
По испратената порака, Алдин кратко искоментира:
„Бешиќ ми прати видео порака. Сметајте ме за навивач на Евертон“.