Манчестер Сити е првиот клуб кој успеа да ја освои тројната круна на островот (Премиер лига, ФА Куп и Лига Куп), а Пеп е посебно горд и среќен за тоа. 3, 2, 1 ајмо Пеп, држи ритам.
Додека биле во базата и на натпреварите биле максимално фокусирани. А излегле од тренинг центарот, не сакал збор да слушне за тоа што направил Ливерпул, не сакал да гледаат пренос, ни да зборуваат за фудбал.
Манчестер Сити ја прослави титулата со своите навивачи на гостувањето кај Брајтон каде победи 1:4 и освои 3 клучни бода за пехарот. Во текот на прославата белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне имаше што да му каже на Пеп Гвардиола.
Готово е. Англиското првенство заврши на неверојатен начин, со борба за титулата до последно коло. Ја освои бранителот на трофејот Сити чијшто тренер стана еден од тројцата кои го направиле овој подвиг.
Марка веќе направи математика колку пари фукнал Гвардиола за засилувања откако ја напуштил Барселона. Со ова темпо уште летово може да стигне до милијарда евра, а нема стигнато до полуфинале во ЛШ, а не па да ја освои.
Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.
Уште од 2012-та година и епскиот гол на Серхио Агуеро против КПР во 95’ минута за титула на Манчестер Сити, сезоната во Премиер лигата не била вака енигматична. Како стојат работите, Ливерпул и Сити ќе се борат со последна секунда за вредниот трофеј.
Првите два четвртфинални дуели од Лига на шампиони завршија со победа на домаќините, а тоа е само потврда плус и продолжување на мизерната традиција на гостиве. Кај едните на тренерот не му оди, а другиве не одат во Англија.
Со раниот гол на почеток на мечот на Габриел Жезус, и неколку непријатни моменти пред голот на Едерсон, Сити го совлада Брајтон во полуфиналето на ФА Купот и сега го чека уште една битка во финале за освојување нов трофеј сезонава.
Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.
Некој ќе рече дека таа игра со пимплање е здодевна за око, ние ќе речеме дека е најубава, а Пеле во една прилика додаде дека играта со куси додавања е најтешка за имплементирање на терен. Голманот со 21 трофеј во Барса ја раскажува првата лекција со човекот кој најдобро ја практикува.
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
По многумина мечот беше за титулата иако има да се играат повеќе од 15 кола до крајот од Премиер лигата. Исто мислел и Пеп Гвардиола кој на крајот призна дека ако изгубеле, најверојатно ќе се простеле од шампионскиот пехар.
Со многу шеги на своја сметка за ќелавоста, најдобриот тренер на денешницата покажува дека нема комплекс од тоа што косата нагло му опаднала и дека не пресадува коса како некои други негови колеги, со цел да го „покрие срамот“.
Еден од најдобрите фудбалери во англиското првенство и повремен капитен на шампионот Манчестер Сити вели дека ни самиот не може да сфати како успеал да се справи со тешкиот товар кој животот му го ставил на раменици.
Во епохата на Пеп Гвардиола, една од најневеројатните ери во Барселона, на клупата седеше резервниот голман Хозе Мануел Пинто - препознатлив по долгата коса, плетенките и неретките циркуси.
Како непишано правило, за да бидеш добар тренер не мора да значи дека мора да имаш и блескава играчка кариера. Напротив, голем дел од врвните стратези, во младоста биле во сенка на нивните попознати соиграчи. Таков е и Ерик Тен Хаг.
По 16 минати кола Манчестер Сити го претрпе првиот пораз сезонава во Премиер лигата, можност за Ливерпул конечно да избие прв. Сега бандата на Клоп е единствената која нема загубено меч. По тој повод имаме екстра добро измонтирано видео.
Иако важи за еден од најдобрите и најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Гвардиола важи за човек со незгоден карактер кој не секогаш знае да признае пораз. А Маурицио Сари синоќа му одржа лекција.
Во првенство на земја каде играат технички најпоткованите фудбалери во Европа, да имаш најголем посед на топка значи дека треба да си тренерски магистар. Кике Сетиен е магистарот на Бетис.
Фудбалот има забавна страна само затоа што дел од него е Јирген Клоп. Тој не мора да направи ништо посебно за да внесе хумор, едноставна таква појава е човекот. На пријателската во САД, Ливерпул го совлада Сити со 2:1, а прес конференцијата на Пеп практично му ја заврши Клоп.