Таг: Њујорк тајмс

Колумнизмот на Владимир Путин

Конзервативците бесни што Њујорк Тајмс отстапил место на руски претседател да им соли памет за Сирија. А Путин одамна им фрла коски на западните медиуми кои овие со задоволство ги објавуваат. Што да се прави кога човекот пишува добро.

Колумната на Путин за Њујорк Тајмс

Неодамнешните настани околу Сирија ме натераа да му се обратам директно на американскиот народ и неговите политички лидери. Ова е важно да се стори во време на недоволна комуникација меѓу нашите две општества.

Хаику вести

Њујорк тајмс објави дека започнува нов проект - сајт на кој вестите на денот ќе бидат во форма на хаикуа. Иако информацијата излезе на 1. април, изгледа дека работата е сериозна.

Колку зијан прави една лоша рецензија?

Основачот на компанијата Тесла Моторс вели дека негативната рецензија за нивниот електричен Седан објавена во Њујорк Тајмс и нанела штета на фирмата од 100 милиони долари.

Тесла се штити од главата

Човек на Њујорк Тајмс напиша крајно неповолен приказ и рецензија по неговото пробно возење на популарниот електричен автомобил Тесла. Првиот човек на компанијата не остана должен.

Работите што (не) ги гледам

Џејсон Полан е соработник на Opinionator, рубрика за коментари и мислења на Њујорк Тајмс. Неговата задача - цртање на предмети кои ги видел во текот на неделата.

Котелецот на Њујорк Тајмс

„Не е како дрога, не е како крек, ама е зависност. Корисна зависност." Вака го опишува неговиот однос кон правењето и решавањето крстозбори Вил Шорц, уредникот за енигматика во Њујорк Тајмс.

Кај се парите?

Доколку примерот на Њујорк Тајмс стане парадигма во светот на новинското издаваштво (вклучувајќи го и електронското), тогаш има добра вест за редакциите и не баш толку добра за читателите. Првите ќе зависат од своите читатели а не од адвертајзерите. Вторите ќе мора да се навикнат на претплата.

„Мртовечницата" под Њујорк Тајмс

Две нивоа под бучните улици во близина на Тајмс Сквер, откако ќе поминете покрај цевки кои протекуваат, по ходници осветлени со јаки неонки и низ блиндирана врата, ќе влезете во чуден магацин.

Кога не знаеш каде, да ставиш запирка

Букбокс нема, или барем мисли дека нема проблем со запирките. Напротив, тие - заедно со цртичките - ни се омилените интерпункциски знаци, кои ни овозможуваат да земеме воздух, да застанеме, да помислиме. Ама има луѓе кои изгледа поинаку дишат од нас. Истото го забележале и во Њујорк Тајмс, и во Њујоркер. Та не сме саде ние...