Таг: навивач

Гушкајте го повеќе ако Шведска загуби од Белгија

Одбраната на Шведска на дуелот против Италија попушти во 88 минута и така Швеѓаните останаа на еден бод и дуел во третото коло против незгодната Белгија. За овој навивач немаше потреба од второ прашање по дуелот против Италија.

Што вели Модриќ за навивачот што влезе во терен

На мечот Турција - Хрватска на ЕП, еден навивач на Коцкестите влезе во теренот веднаш после голот на Лука Модриќ во првиот дел, за да го прослави погодокот со фудбалерите.

Падобранецот: Го кренав пехарот и се чувствував како газда на цел свет

За најснаодливиот гледач на финалето од Лигата на шампиони има уште за раскажување. Освен што успеал да влезе без карта, јадел суши, пиел шампањ и создавал ред меѓу навивачите, а некои мислеле дека е шеф на обезбедувањето на Реал Мадрид. Се шверцал и на Емирати.

Падобранецот кој се шверцуваше на Сан Сиро

Дека финале од Лига на шампиони по дифолт значи беспрекорна организација ќе ве побие со факти еден дечко од Италија, кој без да измисли топла вода успеа да влезе гага и тоа го направи релативно лесно и елегантно без помош од никого.

Најверниот 3 годишен навивач

Иако му е рано за буквар, читанка или било каков вид на книга, Рајан Вест веќе го положи првиот испит за верен навивач. Малиот на 3 години ги знае сите играчи на Тотенхем и по број на дрес и по име. Знае кои седат и во стручен штаб, а кажа и третиот голман.

Зошто во НБА на пауза не се оди до веце

Паузите измеѓу четвртините и тајм-аутите, воопшто не се досадни во НБА лигата ако камерите знаат каде треба да зумираат. Платен или не за ова глупирање ваквиот ков на навивач секогаш го краде вниманието на публиката.

Ако навистина ви е до клубот, одете си

Војната меѓу навивачите на Лидс и тврдоглавиот италијански газда не престанува. Уште кога го купи клубот пред две години и веднаш го отпушти тренерот, тие протестираа облечени како мафијаши, а најновиот притисок му го направи 15 годишен навивач кој му испрати писмо.

Најдоброто бегање од редари и џандари

Додека сите тие што скокаат на терен кога ќе почнат да трчаат држат еден правец, а тоа е само право, навивачов има цик - цак тактика и никој не успеа да го фати, се додека не дојде моментот кога реши да им попушти пред гол. Се работи за мечот меѓу Зенит и Спартак Москва кој се одигра викендов.

Најверниот навивач на светот е од Истанбул

Откако Фенербахче и Галатасарај изградија нови стадиони, дојде редот на Бешикташ кој гради ултра модерно здание со капацитет од 43.500 места. Бабичката Миријам која има 100 години ја замолила управата на Бешикташ да го види новиот стадион, затоа што се плаши дека нема да го дочека отворањето. Управата на клубот ѝ излезе во пресрет и она го виде стадионот од болничка постела во живо.

Навивач го пушти “тихомир“ и ја испразни трибината

Ако фото на денот беше Јон, за видео на денот, неделата па и месецот го бираме навивачот од Ирак кој веројатно има пробано тетовски грав.

Не давам пари за Шрусбери, ќе влезам со стара карта

Навивачов на Манчестер Јунатед веројатно не сакал да троши пари за да го гледа својот омилен клуб кој му гостуваше на третолигаш во ФА купот, па се обидеол со евтина финта ана врата која му успеала. Влегол со стара карта три години и тоа од од друго гостување на Манчестер.

Дел Потро и радоста на малиот навивач

После 11 месеци, Хуан Мартин Дел Потро се врати на тениските терени. Синоќа го победи Денис Кудла со 2:0 во сетови, и ниту во еден момент не се забележа дека паузирал долго поради операција на зглобот. На крајот од мечот израдува и еден млад аргентински навивач (ги имаше илјадници на мечот).

Како се помага на навивач кој те бодри 60 години

Лекцијата ќе ни ја каже четирикратен првак на Европа кој одлично знае како треба да им враќа на вакви луѓе. Нека учат и другите клубови.

18.500 км за да го бодрат Ривер во Јапонија

Аргентинците и генерално Јужно-американците се познати по страста кон фудбалот. Не прашуваат колку чинат патувањата за да го бодрат омилениот клуб. Така околу 10.000 навивачи на Ривер Плата од целиот свет допатуваа во Осака, каде се игра Светското клупско првенство.

Што може дете од 11 години да направи за својот клуб

Аргентинскиот второлигаш побара помош од своите навивачи за да им даде плата на играчите, а прв со помош се јави едно дете на кое му беше роденден.

Англиски адвокат доби отказ бидејќи пцуел навивачи на Ливерпул

Понеделник е коњак ден за коментирање и анализирање на спортскиот викенд, но во Лондон ако те фатат дека многу ти збори устата, може да те избркаат од работа.

Навивачот кој отиде во веце на Сан Сиро се врати дома по 11 години

На 25 август 2004 година Интер го пречека Базел во реванш квалификациската средба за ЛШ, а еден од гостинските навивачи доживеа чудна судбина и остана клошар низ улиците во Милано.

Бебешки навивачки инстинкт

Уште не оди, не збори и моча во пелени, а веќе знае како да реагира која ќе ја слушне омилената навивачка песна на татко му со кој изгледа дека за брзо време ќе оди на стадион на натпреварите на Нотинген Форест.

Што ако внесеш димна бомба на стадион во Англија?

Нема да смееш да стапнеш на ниту еден натпревар во период од три години.

Глупак

Романскиот фудбал ни го носи најголемиот насилник меѓу навивачите кој влета на терен, нокаутираше фудбалер и потоа бараше други жртви во тимот. Целата драма заврши со брза помош.

Навивач на Ливерпул доби 4.000 фунти за погрешно апсење

Кит Калвин беше уапсен за времето на дербито на Олд Трафорд во 2013-та за наводно напаѓање на полициски службеник, но се испостави дека тоа не е точно.

Се добива ли црвен за ова според правилата?

На првенствениот дуел во Мароко меѓу тимовите на Магреб Фес и АС Сал, домаќинот во 84. минута остана со играч помалку поради тоа што нивниот голман Мохамед Сокра фати навивач кој влезе на терен, го истера надвор и доби црвен картон. Правилата велат дека судијата постапил правилно.

Не ви ја давам, ќе си ја носам дома

Тоа е тој лабав лик кој уво не го боли дали некој му ја бара топката. Што да ви правам моја си е. Сцената е од БиХ на мечот Витез - Железничар.