Осминафиналните дуели Сити - Монако и Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид донесоа права голеада. Клинците од Кнежевството уште еднаш покажаа зошто сезонава играат пеколно ефикасен фудбал, но не можеа до крај против Сити. Атлетико заврши работа.
Откако се откажа од трошењето абнормални суми за играчи, Монако во првиот тим има плејада млади деца кои ја поминале нивната академија и кои го носат клубот кон титулата во Лига 1.
Компанијата Најк го прогласи за најголемиот фудбалски талент во историјата на САД и на 14 години му даде милион долари за спонзорство. Го споредуваа со Пеле, играше во Монако и Бенфика, а кариерата му се тумбаше по селата во Турција и Србија.
Францускиот тренер Клод Пуел утревечер по трет пат сезонава ќе се сретне со својот некогашен учител од играчките денови во Монако. Кога Венгер ја освоил дебитантската титула на клупата на Монако, продолжена рака на теренот му бил борбениот Клод Пуел.
Олимпик Марсеј е тврда екипа која на домашен терен на 9 меча даде 11, а прими само еден гол. Ама оваа статистика не важи повеќе бидејќи синоќа на гости им дојде Монако, тимот кој и натаму е број 1 во Европа по ефикасност. Oд Марсеј си заминаа со победа од 1:4 и сега имаат 60 гола по 20 минати кола, како и прво место пред Ница поради, се разбира подобрата гол разлика. Атмосферата по последниот триумф.
Најефикасни екипи сезонава во своите лиги се Реал Мадрид и Ливерпул со по 40 голови, Рома има 36, а Баерн 34 и сите овие може да му свирнат под прозор на Монако кој е на бод зад лидерот Ница со 53 гола на 17 средби или во просек по 3 на натпревар. Го вратија од мртвите и Фалкао кој им е најдбар стрелец со 10 гола.
Ако сакате да бркате повеќе голови кај некој тим во кладилница, дефинитивно најдобар избор ви е Монако кој во просек дава по 3. Челси, Лајпциг, Јувентус и Реал Мадрид кои се лидери во другите првенства не се ни блиску до толкава ефикасност.
Да, сигурно нема да видиме фудбалер со предизвик како чита книга или зборува за глобалното затоплување. Во празното време меѓу натпревари и тренинзи имаат време и за вакви работи.
Откако некое време се поставуваше прашањето дали кариерата на Фалкао ја уншти итроста на агентот Хорхе Мендеш или мрзеливоста на Колумбиецот и повредата на 22. јануари 2014. година, Фалкао сезонава конечно даде одговор и се издигна од пепелот.
На денот на својот 30 роденден, поранешниот хрватски репрезентативец Дадо Пршо постигна неверојатни пет гола на меч од Лигата на шампионите. На тој 5. ноември 2003. година Монако го победи Депортиво Ла Коруња со рекордни 8-3. Тоа беше највисоката победа во меч од ЛШ.
Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.
Македонските фудбалски клубови не се единствени кои играат пред 100 луѓе и 12 гулаби. Еден од најбогатите француски клубови кој играше во финалето на Лигата на шампионите игра пред малку гледачи поради што често се слуша ехо „Моја!“ или „пази леѓа!“
Лил на домашен терен загуби убедливо со 1-4 од Монако, а почесниот еврогол за домаќините го постигна Жулиен Палмиери во 90’ минута од средбата. И тоа каков!
Ако пред десетина години го гледаа како семоќен, денес „Uncle Fester“ е предмет за подбивање. Од лето во лето патува ко бајаги да договори трансфер, а се враќа со празни раце поради што навивачите на Милан сакаат да си оди од клубот што побрзо.
Во текот на кариерата, Раниери имал предност на табелата (не после коло или две, туку после минимум девет) во три наврати. Болна историја имаше во Италија, каде со Рома го загуби Скудетото на три кола пред крајот после поразот од Сампдорија дома.
Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.
Се играше првиот меч од полуфиналето на ЛШ. За Јуве против Монако тогаш настапија Перуци, Ди Ливио, Јулиано, Дешамп, Зизу, Давидс, Песото... Од друга страна играа Трезеге и Анри, а мечот заврши 4-1. Го реши Алекс со хет-трик.
Необичната судбина и пороците ја однесоа низ вода кариерата на еден од најталентираните холандски фудбалери на почетокот на новиот милениум, Енди ван дер Мејде.
Фудбалерите на Кубан кои се мачеа со нашиот Работнички, денес го совладаа Дортмунд и како првопласирани во групата одат понатаму. Билбао славеше со пресврт против Аугзбург, Монако поразен од Андерлехт.