Не е ова некој официјален натпревар кој има резултатска важност, ама затоа се работи за меч на кој Кристијано Роналдо го постигна еден од најубавите голови од слободен удар во кариерата. Можеби ќе се присетите на оваа бомба. Само 22 години има тука.
Преубава изведба во овој преубав период со Оле Гунар кој не само што се бори како куче во Премиер лига, туку им пркоси и во ЛШ. Ова е ептен допадливо и за неутрален навивач, а камо ли за оние на Јунајтед. Glory Glory Man.Utd е една од најубавите фудбалски химни, особено кога вака ќе ја навежба некој.
Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.
Мејсон Гринвуд синоќа стана најмладиот дебитант во историјата на ЛШ: Со 17 години и 156 дена влезе во игра кај Манчестер Јунајтед и го сруши рекордот на Жерар Пике (17 година и 310 дена).
Во средата вечер сите се сетија на епското финале на ЛШ од 1999-та кога шансите за спас на Јунајтед беа непостоечки, исто како после 0-2 со ПСЖ на „Олд Трафорд“. И тогаш фениксот се крена од пепел и сега исто.
Белгискиот репрезентативец е јунак на Манчестер Јунајтед, откако со два брзи гола ја надомести негативата од првиот меч. Во неверојатниот финиш во кој Манчестер победи со гол од пенал во 92’ минута, цел тим збудале од радост, а само Лукаку отиде да го теши најголемиот трагичар Преснел Кимпембе кој направи пенал со рака.
Иако сите го отпишаа Манчестер кој после поразот од 0-2 дома, без пола екипа отпатува на реванш со ПСЖ, „Црвените ѓаволи“ славеа 1-3 со гол од пенал по преглеудвање ВАР во 92’ минута и одат понатаму!
Кога на кратко би требало да се раскаже историјата на Манчестер јунајтед таа би гласела: Алекс Фергусон со 38 големи трофеи во речиси 27 години, и после нешто ситно. Парадоксот е што во пари на клубот уште му е како Фергусон да е на клупа.
Манчестер Јунајтед во средата го совлада Кристал Палас на гости 1:3, а неколку навивачи на домашниот тим демонстрираа малоумност од невидени размери. Во 1958-ма година Јунајтед имаше авионска несреќа во Минхен која загинаа 23-ца патници од кои осум фудбалери, осум новинари, тројца од стручен штаб и уште двајца патници и овие со сиот памет земаа да ги дупчат за тоа.
И покрај тоа што нема некое големо тренерско искуство, норвешкиот стратег не само што руши рекорди на Олд Трафорд, туку прави гестови со кои станува уште посимпатичен и кај навивачите, но и кај новинарите на кои неговиот претходник често им се ку.....ај да не кажеме што.
На тие блесави години, најголемиот дел играчи сигурно ќе ја купат најбесната кола која им доаѓа на памет, ама дете од Манчестер Јунајтед покажа многу сенс и благодарност кон тие што му ја дале шансата после од каде си го трасираше патот.
Навивачите на Пари Сен Жермен, околу 4.000 души, синоќа издоминираа пред преполните трибини на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Домашната публика како на балет.
Додека играше за Јунајтед, Анхел немал никакви искри ниту конфликт со навивачите. Зошто толку многу синоќа го навредуваа, свиреа а тој ги пцуеше како најголеми душмани?
Апсолутна доминација на Килијан Мбапе и компанија на „Олд Трафорд“. Парижаните со една нога се во четвртфинале. Рома на „Олимпико“ на крилата на најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во ЛШ го совлада Порто со 2:1.
Родри Гигс не зборува со неговиот брат Рајан повеќе од 7 години, откако британските таблоиди на времето открија дека Рајан долги години имал афера со сопругата на брат му Наташа. Родри сега се појави во реклама за познатата обложувалница Paddy Power во која зборува за, пази, ЛОЈАЛНОСТ.
Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.
„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“
Оле Гунар е прав миленик на навивачите од „Олд Трафорд“. Не само поради легендарниот гол против Баерн 99-та кога им донесе пехар во Лига на шампиони, туку и поради многу други епски погодоци.
Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?
Шпанскиот репрезентативен голман речиси на секој натпревар, кога ќе му се укаже прилика, демонстрира врвна ножна техника - елемент кој го нема секој врвен голман.
Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.
Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
По заминувањето на Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед е во транс. Игра одличен напаѓачки фудбал според филозофијата на нивниот тренер кој беше напаѓач и само победува. Уште три кола, па одат да ги полагаат најтешките испити.