Главниот судија на мечот Манчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед за играчи до 18 години и да сакаше не можеше да донесе полоша судиска одлука од оваа. Изгледа син му игра за Лидс или па на три корни пенал се договорени.
Кам бекот на Роналдо во петокот ноќта го изненади фудбалскиот свет, бидејќи очекувањата беа дека ќе стане нов член на Сити. Но кога Хорhе Мендеш видел дека таму се закочила работата, го свртел бројот во другиот Манчестер и брзо ја завршил зделката.
Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
Манчестер јунајтед одигра 2:2 против Брентфорд како дел од подготовките за новата сезона. Андреас Переира кој минатата сезона играше како позајмен играч во Лацио, испали проектил за најавни шпици.
Манчестер Јунајтед и Виљареал одиграа сјаен меч кој го круниса пенал серија со дури 22 изведени пенали откако после 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.
Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.
Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со испаднатиот Фулам. Во 15' минута конечно пред публика на „Олд Трафорд“, Единсон Кавани покажа зошто му понудија нов богат договор со клубот.
Унаи Емери треба да го добие трофејот во Лига Европа во траен посед. Како тренер играл во овој турнир седум пати, до полуфинале стигнал шест пати а пет пати во финале.
На прес-конференција пред мечот Лидс Јунајтед - Манчестер Јунајтед на кој Езџан Алиоски го пцуеше Ван Бисака, тренерот на гостите Солскјер рече: „Нема да биде 0-0, гарантирам дека нема да биде 0-0. Играат два тима кои сакаат да напаѓаат и напаѓаат најбрзо што можат“.
По бурните протести на навивачите на Арсенал против претседателот на клубот Американецот Кроенке, денес и навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко протестираа против американскиот сопственик Глејзер.
Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.
Службите за безбедност на мечот од четвртфинале во Лига Европа меѓу Гранада и Ман. Јунајтед ни на крај памет не размислувале дека спокојната вечер на празен стадион ќе ја прекине натрапник.
На 18 март 2003-та година на бучниот „Риазор“ пред 25.000 души во групна фаза од Лигата на шампионите играа некогашниот шпански првак Депортиво Ла Коруња и англискиот гигант.
Некогашниот лидер и права легенда на Манчестер Јунајтед има занимливо хоби. Карантинските денови ги проаѓа во цртање за син му Ејден кој пати од аутизам.
Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, кој Манчестер Јунајтед го плати 87 милиони евра, вечерва против Милан во Лига Европа промаши неверојатен зицер. После и неговиот соиграч Џејмс се посрамоти па Милан израмни на 1-1 во 90+2' минута.
Да, вечерашното нивно соочување во Лига Европа ни ги враќа спомените кога се сретнаа во Лига на шампиони, а реално таму и повеќе ги личи. Колку силна и неизвесна битка беше тоа во која Ферги немаше лек за големиот Милан кој потоа го крена пехарот.
Во англиската Премиер лига има традиција, при прослава на титула, некое од малите деца на фудбалерите кои трчаат по теренот да шутне топка во гол додека навивачите нестрпливо чекаат. Како изгледаше тоа со Руни и син му Кај во 2011-та кога Јунајтед ја освои 19. титула:
Манчестер Сити имаше незамислива серија од 21 победа по ред во сите натпреварувања од ноември месец. Мелеа „граѓаните“ се пред себе, додека не дојде градскиот ривал и да ги победи на „Етихад“ со 0:2. Градското дерби ќе се памети и по тоа што Скот Мектоминеј случајно го погоди со топка во глава главниот судија Ентони Тејлор.
На капитенот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал изгледа идол му е Бруно Фернандеш. Синоќа шутираше пенал идентично како него пред негови очи, а потоа тренерот со право требал да му рече дека ако му се повтори, ќе игра со младинците.
Манчестер Јунајтед до врв му ја наполни мрежата на Реал Сосиедад. Во Шпанија синоќа англискиот претставник победи 0-4 на првиот меч од 1/16 финале на Лига Европа. Два гола даде Бруно Фернандеш. Првиот беше после глупа реакција на домашните дефанзвици. Ова е осми гол за Бруно во еврокуповите откако е во Јунајтед.
Манчестер Јунајтед прими гол од ВБА уште во 2' минута, па во 44' израмни на 1-1 и имаше голема шанса брзо да направи пресврт, ама судијата Грег Поусон реши да свирне полувреме кога овие тргнаа во опасна контра пред противничкиот голман.
Голманот на Вест Бромвич, Сем Џонстон до свои 27 години не бранел во Премиер лига каде првпат застана на гол сезонава. И веќе е во Tоп 5 голмани во лигата.
Младиот 19-годишен Австриец Александр Јанкевиц заигра синоќа првпат во кариерата од старт за Саутемптон. Ама во 82 секунда од мечот направи таква глупост што тешко дека во скоро време пак ќе заигра. Го однесе својот тим во нов кошмарен пораз од 9:0, втор таков во неколку месеци. А стартов е за во затвор.