Во 4 минута од судиското продолжение на Олд Трафорд без здив остана и Мурињо и навивачите, откако гостите изведоа опасен слободен удар кој за влакно не заврши во гол. Аплаузите за тоа одат кај резервистот Серхио Амеро.
Веќе неколку недели трае закачката меѓу Жозе Мурињо и тренерот на Челси Антонио Конте. Португалецот беше тој којшто ја иницираше целата дебата, а синоќа во 40’ минута од Купот за малку не се дофатија да се тепаат. После мечот Жозе одбил да се ракува со Италијанецот. Група симпатизери на Челси синоќа го навредувале Мурињо а тој им гестикулирал колку трофеи им донел.
За разлика од московските хулигани кои лани во Марсеј линчуваа Англичани, овојпат градот Ростов се покажа како гостопримлив домаќин и на навивачите на Манчестер кој допатуваа на дуелот од Лига Европа им дадоа ќебе. Температурите во Ростов се под нулата во овој период од годината, така што на гостите им годел подарокот.
Во првиот дуел од осминафиналето на Лига Европа, Манчестер поведе преку Михтарјан по одличната асистенција на Ибрахимовиќ, а Букаров израмни на 1-1 по што Русите имаа и шанси за комплетен пресврт на средбата која се играше на најлошиот терен во Лига Европа.
Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.
На денешниот тренинг на Јунајтед пред утрешниот меч со Ростов во Лига Европа (19:00), Маркус Рохо и Андер Ерера ја тапкаа топката за да видат до која мера теренот е нерамен.
Во канцелариите на рускиот клуб Ростов се јавил непознат човек којшто побарал син му да биде меѓу децата коишто ќе излезат на терен на почетокот на мечот од Лига Европа Ростов - Манчестер Јунајтед.
Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.
Бројот на трофеи е доста фина тема за расправии меѓу навивачите кои се докажуваат кој тим е најјак на тоа поле. Во пракса тие можат да се бројат по два параметри: освоени и признаени, каков што е примерот со Скудетата на Јувентус кој има освоено 34, ама му бројат 32.
По релативно неочекуваните резултати, од Лига Европа се простија Тотенхем, Шахтјор, Атлетик Билбао, Фиорентина и Зенит а паровите за осминафинале попладнево беа извлечени во Нион.
Пред мечот Блекбурн - Манчестер Јунајтед, едно од децата кои излегуваат под рака со фудбалерите од соблекувалната им кажа на судиите да не им даваат жолти и црвени картони на Роверс, туку на Јунајтед. Реакцијата на Мурињо беше невообичаена за него.
На 23 април 2003 година во 1/4 финалето на ЛШ се сретнаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Тој меч важи за еден од најголемите кој се одиграл на Трафорд. Бразилецот Роналдо направи спектакл со три прекрасни гола после што му аплаудираше секој присутен на стадионот.
Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Во 1/16 финалето на Лига Европа вечерва на ’Театарот на соништата’ еден против друг ќе се сретнат браќата Флорентин и Пол Погба чија животна желба била да се најдат на ист терен во професионалниот фудбал.
Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.
4 февруари 2007-ма или точно 10 години по оној легендарен момент кога О`Ши мораше да изигрува голман против Тотенхем. Ван Дер Сар заработи тешка повреда, Фергусон ги направи сите измени, а Гигс и Руни му фаќаа сеир на дефанзивецот кој одлично се снајде како голман и остана несовладан.
Во големото богатство на најелитните лиги во европскиот фудбал се кријат голем број на погрешни инвестиции за играчи кои се брзо заборавени. Има клубови кои се лузери за успеси во однос на тоа што го трошат. Најдобар пример е Атлетико Мадрид, лош пример двете екипи од Милано.
На 4:0, со Виган, на 5 минути до крај, Мата и Марсијал целосно се опуштија и ги држеа ококорени очите на сите гледачи кои беа на вчерашниот меч од ФА купот на Олд Трафорд.
На денешен ден пред 22 години еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, доби црвен картон и откако беше испровоциран од навивачот на Кристал Палас Метју Симонс, реши да го удри со силен Кунг-фу удар. Јунајтед го суспендираше 28-годишниот Кантона до крајот на сезоната и го казни со 20.000 фунти.