Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.
На 21 декември 1996. година, пред точно 20 години, Јунајтед со 5:0 го згроми Сандерленд. На тој меч ефектен гол даде Ерик Кантона и го прослави многу фраерски.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Само што помина време од Европското летово и го подзаборавивме неговиот смешен пенал со цупкање пред да шутира, Симоне Ѕаѕа синоќа против Манчестер Јунајтед во Купот направи ново „ремек-дело“.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиер лигата, Рајан Гигс денес полни 43 години. За него генерално се знае речиси сè, освен неколку факти.
29 ноември 2016-та за фудбалот и спортот ќе остане црн датум, бидејќи животот го загубија скоро цел тим на бразилскиот прволигаш Шапекоензе на пат кон нивното прво финале. Последната трагедија од волкави размери во спортот се случи во Габон пред 23 години.
По потрага по барем близу достојна замена за незаменливиот Фергусон, кој се препотува од мака кога ги гледа од вип ложата, Црвените ѓаволи по Мојс и Ван Гал, беше сосема логично спасот да го бараат во Жозе Мурињо. Но не оди и не оди.
Сигурно некој од вас кога бил ограничен со кеш додека посетувал некоја метропола, морал да одбере дали да купи карта за туристичка прошетка на стадион или за натпревар. Ако ги сакате и двете само со пари за посета на стадионот, еве една луда и успешна идеја која бара храброст, неспиење и гладување.
Откако некое време се поставуваше прашањето дали кариерата на Фалкао ја уншти итроста на агентот Хорхе Мендеш или мрзеливоста на Колумбиецот и повредата на 22. јануари 2014. година, Фалкао сезонава конечно даде одговор и се издигна од пепелот.
Премиер лигата освен што е средена тип топ во однос на организација и имаа строги правила спрема тифо сцената (стапни на терен па ќе видиш што ќе те снајде), знаат и да забегаат.
Од 75.325 души кои гледаа како Манчестер Јунајтед не може да му даде гол на Барнли ниту од вкупно 37 удари, попушти срцето на еден кој по мечот добил напад. Навивачите немаа среќа да се израдуваат на победа, но најголема среќа имаше овој навивач кој доби докторска помош од друг навивач на Јунајтед. По херојот имаше потрага, а откако го пронајдоа двајцата навивачи се сретнаа и заедно отидоа на стадион. Приказната ја објавија од клубот.
Веднаш по мечот Јунајтед - Барнли (0:0) кој Мурињо не може да го прежали затоа што неговите имаа дури 37 шута од кои 11 во рамките на голот, Шмајхел твитна дека гостинскиот голман е еден од најдобрите во историјата. Кој е Том Хитон?
Деветкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт сериозно почна да зборува околу желбата да стане професионален фудбалер. Почнал да тренира со Борусија Дортмунд а му се игра во Манчестер.
Кога Росонерите во 2007-ма ја освоија Лигата на шампионите, на чекор до финале им застана Манчестер Јунајтед. Во Милано славеа 3:0, а во Манчестер загубија 3:2. Кака освен што ги постигна двата гола на гостувањето, направи гест кој никогаш нема да му го заборави Рајан Гигс.
Во декември 1991. година, идниот претседател на САД учествувал во ждрепката за четвртфиналето на англискиот Лига Куп. Ни крив ни должен, се испоставило.
Манчестер Јунајтед конечно заигра добро и рутински со 1:3 го совлада Свонси на гости. Ибрахимовиќ даде два гола од кои првиот беше 25.000-от погодок од основањето на Премиер лигата во 1992. година. Кога му кажале после мечот, изјавил: „Ах, јас помислив дека сум единствениот кој дал 25.000 гола“.
Парите не се гаранција за успех. Тоа е доказ кој сме го виделе повеќе пати во фудбалот, а најсвеж е примерот во Премиер лигата каде треба да обрнете внимание колку потрошија летоска Манчестер Јунајтед и Луверпул, а каде се во моментов на табела.
Ариц Адуриц е апсолутен херој на групната фаза во Лига Европа откако вечерва постигна нереални пет гола во триумфот на Атлетик Билбао против Генк 5-3. Рома убедлива во Виена, на Манчестер Јунајтед му виси пласманот во следната рунда.
Само што почна дербито на вечерта во Лига Европа меѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед, напаѓачот на тимот од Истанбул Муса Со постигна нереален погодок.
Еден од членовите на обезбедувањето на Олд Трафорд очигледно е труп за фудбал бидејќи пред очи му застана Дејвид Меј и не го позна на средбата против Сити. Се работи за член на Манчестер Јунајтед од 1994-та до 2003-та.
Брзината на Агуеро на FIFA 17 е 89 од 100, а на Керик 52. Во 85. минута од мечот (во тој момент Керик помина на терен 85 минути а Агуеро 15) двајцата тргнаа во полн трк. Како би изгледало тоа на FIFA 17, а како се заврши во реалност?
Мајтапот со автобусот на Мурињо не е мајтап туку вистина која ќе ја видете во следново видео. Се што се обиде да изигра Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ во одбрана беше погрешно.