„Понекогаш кога победувам не ги чувам медалите, па замислете кога ќе изгубам. За мене, медалот веројатно ќе завршеше во некое ќоше во домот, а за тоа дете е месечината - нешто што ќе го чува и ќе се сеќава“, изјави Жозе Мурињо после мечот. Малиот се вика Деџи.
Група од стотина навивачи на Манчестер Јунајтед со пиво и песна се веселеа пред кафуле спроти Мајка Тереза. Во еден момент кортео со фанови на Реал Мадрид им упадна на проаѓање. Средбата мина без судир, туку со уште погласно навивање на Англичаните.
Само што им ги поделија медалите на фудбалерите и тренерите на Јунајтед, Жозе Мурињо тргна кон делот каде беа нивните навивачи и медалот му го подари на едно од децата на трибината. Голем гест за поздравување, за разлика од победничкиот тим кој недоволно ги удостои своите следбеници.
Со головите на Касемиро и Иско, европскиот првак славеше 2:1 против Манчестер Јунајтед и со ова гостување, прво во Македонија го круниса четвртиот трофеј во Супер Купот на Европа. Реал Мадрид беше подобар противник и заслужено стигна до пехарот. Кристијано Роналдо влезе во 82-ра минута.
Вечерашните противниците во клупската историја имаат играно неколку натпревари во Супер Купот. „Црвените ѓаволи“ од Манчестер го освоија еднаш а Реал има три трофеи од овој елитен меч.
И покрај големиот интерес на македонските фановите и новинарските екипи, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза требаше да имаш двоглед за да ги видиш Мурињо, Лукалу, Матиќ, Рашворд и компанија. Полиција колку сакаш. Сликање и снимање, само ако имаш добар зум.
Во најсилниот состав, со сите ѕвезди меѓу кои и лидерот Кристијано Роналдо кој беше на поштеда но самиот инсистирал да игра утре вечер, европскиот шампион попладнево стигна во Скопје.
Градоначалникот на Скопје ги посети фан зоните каде ќе има музичка програма а на прашањето на новинарите за кого ќе навива утре, имаше занимлив одговор.
Едни од најсреќните луѓе од земјава поради Супер Купот се навивачите на Реал Мадрид. Го гледаа и бодреа во Париз, Минхен, Дортмунд, Неапол, Барселона, Милано, Торино и каде уште не, но сега имаат посебна задача: да се покажат како прави домаќини.
Иако ѕвездите на Јунајтед сè уште не се пристигнати во Скопје, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза утрово не можеше да се помине. До селфи или автограм од Жозе Мурињо и неговиот тим изгледа дека тешко ќе се стигне.
Откако приказната за најголемата македонска навивачка на Манчестер Јунајтед се рашири вчера на интернет, од фудбалската федерација на Македонија доби покана да им биде гостинска на финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Добро е, ни работи акалот понекогаш.
Дека лотаријата на УЕФА за доделување карти беше тешка глупост, доказ е тоа што во вторник на Филип Втори ќе има многу луѓе што имале среќа, а не желба и страст за фудбал. Нашата Нада, една од најстрастните навивачки на Манчестер Јунајтед дише со клубот повеќе од Фергусон. Па за нејзе ли да нема карта?
Новото засилување на Манчестер Јунајтед од Челси дебитираше на вчерашниот пријателски натпревар против Сампдорија кој го добија со 2:1. Црвените ѓаволи платија 40 милиони фунти за да ја пополнат позицијата на која до 2005-та царуваше Рој Кин, со надеж дека конечно доаѓа вистинската замена. Србинот на почеток покажа човечки вредности.
Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.
„Извинете дечки, но веќе нема карти за мојата турнеја 2017“, напиша под видеото на Инстаграм човекот кој важи за најкреативен фудбалер на Манчестер Јунајтед и кој лани беше втор стрелец на екипата зад Ибрахимовиќ. Се надеваме дека ќе го гледаме во Скопје на 8. август.
Арсенал попладнево одигра пријателска средба против Сиднеј во Австралија во склоп на подготовките за новата сезона. Венгер таму покажа како ’барата’ со топката, далеку подобро од 75 милиони фунти скапоцениот Лукаку на тренинг во Манчестер.
Иако заработува повеќе од 100 илјади фунти неделно, Белгиецот со мароканско потекло важи за еден од поскромните фудбалери во престижната Премиер лига. Кога не ги практикува Рамазанските пости, дели помош на сиромашните во Мароко.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
Сме слушнале за фудбалери кои по крајот на кариерата станале бизнисмени, келнери или мајстори, но досега немало случај на познат играч кој решил да стане свештеник.
Напаѓачот на англиската репрезентација е во спортскиот центар на Евертон каде после медицинските тестови би требало да потпише договор со клубот кој го пушти во етерот на 16 години.
Кристијано Роналдо не научи да игра фудбал во Реал Мадрид и со оглед на богатиот осум годишен стаж на Бернабеу и оние 406 голови, веќе сме заборавиле што има направено за Манчестер Јунајтед. Додавањево е боли глава и не проаѓа без рипит.
Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.
Откако на крајот на април тешко се повреди на дуелот со Андерлехт, лекарите на Манчестер соопштија дека Златан може да пропушти 8-9 месеци. На почетокот на мај му го оперираа коленото па Лига Европа славеше на штаки. А веќе на 31. мај на Инстаграм приложи видео на кое се гледа како работи со топка.
Во 2009-та Јунајтед играше финале во ЛШ, но наиде на Барселона и на Олимпико во Рим загуби 2:0. Две години подоцна ги снајде иста судбина, овој пат на Вембли каде загубија 3:1. Пред првиот трофеј во ЛЕ, последното нивно славје во Европа им се случи пред 9 години.