Таг: лига на шампиони

Меси по испаѓањето од Лига на шампиони

Ако после дебаклот од 3:0 во Торино следниот ден Меси од револт тренирал настрана од екипата, тогаш по испаѓањето веројатно и едвај чека да заврши сезонава.

Кој ги користи судиите од кабина за да се спречи неправедно судење

Дуелот меѓу Реал и Баерн е само уште еден нов повод за лавина на реакции во јавноста која се прашува зошто волку се греши и зошто во целост не се користат сите можни технологии кои би го спречиле хаос како оној во ЛШ. Проблемот е што самата УЕФА тера инат на новата технологија.

За да освоите ЛШ мора да имате Бразилец во одбрана

Селекцијата на Бразил е синоним за Пеле, Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Роналдињо, Нејмар, Кака и останатите фудбалери специјалисти за дриблинг. Арно ама оваа земја вади и врвни дефанзивни фудбалери кои секоја година се со пехар од Лига на шампиони во раце.

Барселона не успеа да постигне ниту еден гол, нова лекција на Монако

Кам бекот против ПСЖ ќе остане само еден историски пресврт без големо значење бидејќи Барселона во следната пречка наречена Јувентус е елиминарана во ЛШ. Каталонците беа анемични и немоќни и од 14 удари само еден им беше во рамки на гол. Јуве и Монако се заслужено полуфиналисти.

10 моменти кои ги доживеаа навивачите на Лестер во последниве 10 години

Да го оставиме малку на страна контроверзното судење на мечот меѓу Реал и Баерн поради кое заборавивме кој играше паралелно во ист термин на другото четвртфинале. Раниери го избркаа и сите заборавија на едно од најголемите сензации во фудбалот.

Уште две спорни одлуки од хаосот на Бернабеу

Двата гола на Роналдо од офсајд, престрогото исклучување на Видал и несанкционирањето на грубата игра на Каземиро се најжешките теми кои цела ноќ и цело утро се коментираат во медиумите и социјалните мрежи. Но имало уште циркузи.

Хет-трик на Роналдо, Баерн капитулираше, судиите ужас

Во целосно отворен фудбал во продолженијата два пати по 15 минути, Реал Мадрид со играч повеќе го надигра германскиот првак и со три гола во рок од седум минути го исфрли од Лигата на шампионите. Роналдо даде два гола од офсајд, а судиите продолжуваат со сериозни грешки во ЛШ.

Заврши европската одисеја на Лестер, продолженија во Мадрид

Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите откако вечерва одигра доволни 1:1 против изненадувањето на сезоната во Европа. Серхио Рамос вечерва не беше во својата препознатлива улога со глава, туку со автогол го однесе мечот во Мадрид во продолженија.

Сите 100 голови на Роналдо во Европа

Умре тоа време кога Раул и Пипо Инѕаги беа на врвот на листата на најдобри стрелци во ЛШ. Сега на тронот се бркаат Меси и Роналдо, а овој вториов синоќа заокружи јубилејна 100-ка во која блесна со пет хет-трикови.

Што е со судииве?

Ставија четврт судија кој ни самиот не знае за што служи позади голот, ставаат видео повторувања, имаат цел тим на судии горе кои набљудуваат и судиите пак прават многу грешки кои директно влијаат на резултатот.

Роналдо незапирлив, Атлетико победи со подарен пенал

Како во Дортмунд, така и во Мадрид судијата досуди пенал по прекршок надвор од 16 метри. Во Минхен, Реал подобар од Баерн кој играше со играч помалку половина час и промаши пенал.

Монако го победи Дортмунд во сенка на експлозиите

Во дуелот на двата најталентирани тима во Европа, Монако потпомогнат од судиските грешки на Орсато постигна три гола на гости кај Борусија и стекна голема предност пред реваншот.

Кога на Англичани ќе им оставиш бар без конобар

Фудбалерите на Лестер вечерва го играат првото четвртфинале во ЛШ во историјата на клубот, а во Мадрид се разбира ќе имаат и поддршка од своите навивачи. Тие па денеска се од среќни посреќни. Се качија во воз и начекаа гратис гориво пред натпревар. Кој знае која ќе им биде последна станица.

Дортмунд: Играме, појаки сме од теророт

И покрај тоа што целата европска јавност е во шок по трите експлозии чија цел била клупскиот автобус на Борусија Дортмунд, фудбалерите на овој клуб решиле да играат вечерва.

Македонски кафулиња обоени во боите на Јувентус

Актуелниот италијански шампион ѝ се остреше на моќната Барселона за поразот во финалето пред две години и направи специјално мотивирачко видео пред мечот. Сето тоа вроди со плод. Јувентус беше надмоќен и заслужено ги доби првите 90 минути со убедливи 3:0. Фантастичен повод и за македонските Јувентуни да уживаат во триумфот.

Фото на денот

Никогаш не ја потценувај Старата Дама.

Борусија Дортмунд ги има најдобрите навивачи во свет

Ако се прашувате како доаѓа до збратимување на две навивачки групи како што се Комитите со оние на Шалке или со Војводи од Тетово, еве одличен пример од вчерашната ноќ во Лигата на шампионите по која фановите на Борусија и Монако дефинитивно ќе станат пријатели.

Јувентус ја торпедираше Барса, Дибала јунак

Бјанконерите ја продолжија серијата од 17 меча без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, откако вечерва тотално ја надиграа анемичната Баселона и со една нога се во полуфиналето.

Експлозија во автобусот на Дортмунд, мечот со Монако се одложува?

На официјалниот Твитер профил на Борусија Дортмунд се појави мошне штура информација дека клупскиот автобус со играчите доцни, дека Марк Бартра е повреден од некоја експлозија и дека наскоро ќе има повеќе информации.

Екипите кои од прва успеаа да стигнат до четвртфинале во ЛШ

Јунаците на Клаудио Раниери кои по сезоната за опстанок во следната го кренаа трофејот во Премиер лига, не се единствен тим кој во дебитантската сезона во ЛШ влегоа во друштво на најдобрите 8. УЕФА нè потсети на уште шест такви примери кои ја изненадија Европа.

Старата Дама знае да памти па да врати

Јувентус е една од ретките екипи која загубила дури 4 финалиња во Лигата на шампионите. По големите разочарувања, секој пат кога се сретнувал со истиот противник Јуве се одмаздувал.

Келнерот што местел кригли прави чудесен Дортмунд

Претставник е на модерната школа а уникатен е по тоа што за секој следен натпревар има различен систем на игра. Играчите ги носи да тренираат на нерамни и лизгави ливади за подобра контрола на топка, а за да не влечат за дрес им дава тениски топчиња во раце.

Како Јуве се мотивира за Барса

По пет последователни Скудета, а на повидок е и шесто, на фудбалерите на Јувентус им треба нов предизвик. Тој се вика Барселона во четвртфиналето од ЛШ. За таа цел клубот ги ангажираше Дибала, Сандро, Манџукиќ и Бонучи и направо одлично мотивирачко видео за кревање на андреналинот пред утрешната мега пресметка со пораката „Сега е време“.