Таг: лига на шампиони

Монако го победи Дортмунд во сенка на експлозиите

Во дуелот на двата најталентирани тима во Европа, Монако потпомогнат од судиските грешки на Орсато постигна три гола на гости кај Борусија и стекна голема предност пред реваншот.

Кога на Англичани ќе им оставиш бар без конобар

Фудбалерите на Лестер вечерва го играат првото четвртфинале во ЛШ во историјата на клубот, а во Мадрид се разбира ќе имаат и поддршка од своите навивачи. Тие па денеска се од среќни посреќни. Се качија во воз и начекаа гратис гориво пред натпревар. Кој знае која ќе им биде последна станица.

Дортмунд: Играме, појаки сме од теророт

И покрај тоа што целата европска јавност е во шок по трите експлозии чија цел била клупскиот автобус на Борусија Дортмунд, фудбалерите на овој клуб решиле да играат вечерва.

Македонски кафулиња обоени во боите на Јувентус

Актуелниот италијански шампион ѝ се остреше на моќната Барселона за поразот во финалето пред две години и направи специјално мотивирачко видео пред мечот. Сето тоа вроди со плод. Јувентус беше надмоќен и заслужено ги доби првите 90 минути со убедливи 3:0. Фантастичен повод и за македонските Јувентуни да уживаат во триумфот.

Фото на денот

Никогаш не ја потценувај Старата Дама.

Борусија Дортмунд ги има најдобрите навивачи во свет

Ако се прашувате како доаѓа до збратимување на две навивачки групи како што се Комитите со оние на Шалке или со Војводи од Тетово, еве одличен пример од вчерашната ноќ во Лигата на шампионите по која фановите на Борусија и Монако дефинитивно ќе станат пријатели.

Јувентус ја торпедираше Барса, Дибала јунак

Бјанконерите ја продолжија серијата од 17 меча без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, откако вечерва тотално ја надиграа анемичната Баселона и со една нога се во полуфиналето.

Експлозија во автобусот на Дортмунд, мечот со Монако се одложува?

На официјалниот Твитер профил на Борусија Дортмунд се појави мошне штура информација дека клупскиот автобус со играчите доцни, дека Марк Бартра е повреден од некоја експлозија и дека наскоро ќе има повеќе информации.

Екипите кои од прва успеаа да стигнат до четвртфинале во ЛШ

Јунаците на Клаудио Раниери кои по сезоната за опстанок во следната го кренаа трофејот во Премиер лига, не се единствен тим кој во дебитантската сезона во ЛШ влегоа во друштво на најдобрите 8. УЕФА нè потсети на уште шест такви примери кои ја изненадија Европа.

Старата Дама знае да памти па да врати

Јувентус е една од ретките екипи која загубила дури 4 финалиња во Лигата на шампионите. По големите разочарувања, секој пат кога се сретнувал со истиот противник Јуве се одмаздувал.

Келнерот што местел кригли прави чудесен Дортмунд

Претставник е на модерната школа а уникатен е по тоа што за секој следен натпревар има различен систем на игра. Играчите ги носи да тренираат на нерамни и лизгави ливади за подобра контрола на топка, а за да не влечат за дрес им дава тениски топчиња во раце.

Како Јуве се мотивира за Барса

По пет последователни Скудета, а на повидок е и шесто, на фудбалерите на Јувентус им треба нов предизвик. Тој се вика Барселона во четвртфиналето од ЛШ. За таа цел клубот ги ангажираше Дибала, Сандро, Манџукиќ и Бонучи и направо одлично мотивирачко видео за кревање на андреналинот пред утрешната мега пресметка со пораката „Сега е време“.

Што не употреби магија против Малага?

Во пресрет на сега веќе епскиот дуел против ПСЖ каде направија чудесен пресврт, група фудбалери на Барса предводени од Суарез и Пике одат на средба со познатиот британски магионичар Динамо којшто на необичен начин ги мотивира како да веруваат во нешто нереално.

Писмото за благодарност кое го доби Фергусон за оние 7:1 во ЛШ

10 април 2007-ма е историски ден за Манчестер Јунајтед и Рома, а нај најсеирџиски за навивачите Лацио. Првите ги исплескаа вториве како мали деца, а третиве и 10 години од тогаш се ситат.

Како помина Арсенал на Камп Ноу пред 7 години

На 6 април 2010-та Топџиите ја имаа таа НЕсреќа да ѝ гостуваат на Барселона на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ. Отпатуваа со резултат 2:2 и потоа им се случи Меси.

Ел Класико е девет пати поскапо од финалето ЛШ

Ништо од тоа што го читате во насловот не е измислено, туку нелогично. Еден спрема девет е соодносот на цената на билетот и тоа на меч без никаква важност наспротив меч на кој секој фудбалер мечтае да го освои пехарот.

Зошто Спалети не е тренер за менталитетот на Јувентус

За разлика од другите италијански „гранди“, Јувентус манијакално го брка скудетото и ретко кога има право на грешка. Затоа прави најтесен круг од кандидати за нов тренер кои се разгледуваат со месеци. Ниту Дел Нери, Чиро Ферара и Раниери не беа залудно таму.

Син му на Клајверт е новото холандско чудо

На мечот против Ексцелзиор Ротердам во неделата, син му на Патрик Клајверт го постигна првиот гол во професионалниот фудбал, а со одличната форма најавува дека наскоро би можел да ја рипне Холандија У21 и да отиде право кај сениорите.

Зошто англиските екипи не се повеќе конкурентни во ЛШ

Во последните осум сезони шпанските екипи дури 17 пати биле дел од четвртфиналето во Лигата на шамппионите, а англиските само пет пати. Мизерија за лига која дели милијарди од тв права и која ги има Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Богат фудбалски април нè очекува

Од втори па до петти април ќе се играат најголемите фудбалски средби за годинава. Ќе уживаме во Лига шампиони, Лига Европа, Премиер лига и германска Бундеслига.

Сите меѓусебни дуели на двојките од ЛШ и ЛЕ

Четири од вкупно осум двојки во двете клупски европски натпреварувања ќе ги гледаме за прв пат во четвртфиналињата. Лестер нема ниту една победа против Атлетико Мадрид, а на останатите три двојки Баерн Минхен, Јувентус и Манчестер Јунајтед се малку поуспешни низ историјата во меѓусебните дуели.

Баерн Минхен налета на Реал Мадрид, а Јувентус на Барселона

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите кои ќе бидат лудо неизвесни. Имаме реприза на финалето од 2015-та.

Го игра ли Тоти последниот меч во Европа?

На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.