Тоа што прво треба да се расчисти со оваа вест е дека ова не е Ел Класико кое ќе се игра следниот месец во Мадрид кое може да биде клучно за освојување на титулата во Ла Лига, туку се работи за пријателски меч.
Таканаречениот „International Champions Cup friendly“ ќе го означи првиот дуел во историјата меѓу Реал Мадрид и Барселона одигран надвор од Шпанија.
Закажан е на 29 јули на стадионот Хард Рок во Мајами, а тоа што чуди е ценовникот на влезниците. Најевтината карта за седење чини 520 фунти, а најевтиниот билет за финалето од Лигата на шампиони чини 60 фунти.
Најскапиот билет за финалето во Кардиф на 3 јуни е 390 фунти, а оној на Ел Класико ненормални 3.600 фунти, пари со кој човек може да купи сезонска карта за бил кој тим во Премиер лигата.
Сепак за спектаклот следното лето во Мајами има уште една поевтина варијанта, а тоа е билет за стоење по цена од 160 фунти.
Стадионот Хард Рок собира 65.000 гледачи и со оглед на цените на билетите нема да чуди да биде полупразен како што беше лани на натпреварите во јубилејниот Копа Америка кој се одржуваше во САД.
Најава за првиот Ел Класико меч надвор од Шпанија
Tickets for #ElClasicoMiami are available!
— Hard Rock Stadium (@HardRockStadium) March 20, 2017
We will see you on July 29th: https://t.co/P6QvAqWxr7 pic.twitter.com/v7hfRMa6K8