Таг: лига на нации

Просинечки пред и потоа

Гостувањето на Босна и Херцеговина во Белфаст против Северна Ирска (1:2) донесе фотографија која стана вирална по социјалните мрежи. На неа се гледа трансформацијата на Роберт Просинечки.

На билетара пред стадион била македонската

Македонската фудбалска репрезентација е во серија каква што не паметиме, влезе максимално мотивирано во новото натпреварување кое ни ги отвора вратите за Европско и пак мора да се утне нешто, во случајов организациски.

Среќа Грузијциве не утнаа со летонско знаме

Во натпревар од новоформираната фудбалска Лига на нации, Грузија ја пречека Летонија во Тбилиси и за разлика од некои други не го утна знамето па да им стави австриско. Мечот заврши 1-0 со голот на Окриашвили од пенал во 77’ минута.

Македонија сериозно ја подотвора вратата на Европско 2020

Откако УЕФА им олесни на послабо рангираните репрезентации да избегнат гиганти, со стартни две победи и шест бода, Пандев и другарите фатија убав залет за она што ќе им претстои.

Македонија ја суреди и Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација бележи совршен старт во новоформираната Лига на нации. Два меча - две победи за полесно да се дише до следните две пресметки закажани за октомври. Само така момци.

Македонија не е привлечна за гледање ниту за 100-че

Европското преку квалификации беше недостижно, пријателските безцелни и неатрактивни, па гледам се потепавте да дојдете на стадион и за Лига на нации, новото натпреварување кое ни нуди најреален пат до остварување на сонот.

Шевченко во конфликт со чешки специјалци за да ослободи украински навивачи

Иако Украина губеше на гостувањето во Чешка уште од 4’ минута, на крајот освои драгоцени три бода во Лига на нации со гол даден во 93’ минута.

Во недела мора да се внимава на левицата на Пицели

Ерменија славеше 2:1 против Лихтенштајн во нашата група од Лига на нации, а дека оваа селекција нема да биде лесен залак како Гибралтар покажа Маркос Пицели кој заедно со Ѓорги ги постигнаа најубавите погодоци на првите средби од новоформираното континентално натпреварување.

Првиот гол во Лига на нации го постигна Ѓорги

Првата победа во историјата на ова натпреварување кое стартуваше денеска ја оствари Грузија во групата 1 од Лигата Д во која го совлада Казакхстан, а деби голот е мајсторија на Ѓорги Чакветадзе. 

Гибралтар нема што да бара со Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со победа ја стартуваше Лигата на нации преку која ќе брка историски пласман на ЕП 2020. Помалку од триумф не ни очекувавме, освен можеби повеќе голови. Ги решивме уште во прво полувреме.

Со преносот тоа е што е, битно да ги здробиме

По дводеценискиот претежок и за нас нереален пат до едно Европско, Македонија вечерва стартува од еден би рекле нов почеток кој се надеваме дека ќе донесе историски радости. Од овој пат до сега сме немале полесен. Мора да се сфати сериозно и да се заборави на она „Нејќеше да влезе“.

Пулените на Мрме го местат нишанот од далеку

Македонската фудбалска репрезентација утревечер со почеток од 20:45 го стартува патот наречен Лига на нации, кој треба да биде многу полесен до пласман на ЕП. Трајковски, Несторовски, Барди и Елмас ги штелаат нишаните за Гибралтар кој важи за аутсајдер во нашата група.

И фудбалерите се спремаат за Лига на нации, ждрепката во среда

Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.

Македонија следниот месец ќе ги дознае противниците во Лига на нации

УЕФА на својот Јутјуб канал потсети и го објасни форматот на новоформираната Лига на нации, која претставува можност за помалите земји да стигнат до едно ЕП. Македонската фудбалска репрезентација е дел од Лигата Д која треба да ја освои за да оди директно на ЕП 2020. Натпреварувањето стартува во септември следната година, а ждрепката е наскоро односно на 24-ти јануари.

Можните противници на Македонија во Лигата на нации

Со резултатите на последните квалификациски средби, македонската фудбалска репрезентација си го подобри рејтингот кој ги носи во доста подобра ситуација да брка историски пласман на ЕП преку Лигата на нации, отколку преку квалификациите каде секогаш најголеми шанси имаат водечките фудбалски земји.

Накратко за Лигата на Нации во која игра и Македонија

Преку видео кое трае не повеќе од минута и педесет секунди, УЕФА се обиде да ја долови Лигата на нациите која што на прв поглед изгледа како испит за пилот.

Како функционира Лигата на Нации преку која Македонија ќе се бори за ЕП 2020

УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.

Лига на нации наместо пријателски натпревари

На конгресот на УЕФА кој овој месец ќе се одржи во Казахстан, најверојатно ќе се разговара за укинување на меѓународните пријателски натпревари и за оформување на „Лига на нации" во која ќе играат 54 репрезентации поделени во лиги.