Таг: кристијано роналдо

Колку пари им носи Роналдо на спонзорите преку социјалните мрежи

Одговорот е многу, затоа што ако Роналдо објави на пример слика со маица Најк, со еден клик на интернет може да ја видат 215 милиони луѓе.

4-годишен Кристијано Роналдо

Ај што зема залет како него и што така фелшира, ама и прославата му е потполно идентична како на Португалецот.

Пливал 1 километар за да го види Меси на јахтата

Навивач на Атлетико Мадрид, извесен Сули пливал цел километар на Ибица, за да стигне до јахтата на Меси после што Аргентинецот му ја исполнил желбата да се сликаат, иако дечкото пливал со мобилниот во џеб.

Порното на Манчини, нервозата на Лукарели и пораката на Кантона до Златан

Сестрата на Роналдо ги објасни неговите солзи за време на финалето, поранешниот напаѓач на Ливорно кажа зошто го баталил Твитерот, Лотито продолжи да објаснува за Биелса, а жената на Икарди кажа колку пари одбиле од Кина. 10-те највпечатливи изјави според Газета.

Сите обиди на Роналдо да се врати во игра од друг агол

Се обидуваше, стегна заби, продолжи, падна, излезе, па пак влезе, па вторпат падна и сфати дека ја изгубил битката со повредата во првото полувреме од финалето.

Како Жозе Фонте освои Европско со тренерот кој го одбивал порано

Како млад во еден момент после тренинг се нашол во соблекувалната со Кристијано Роналдо и му понудил да се кладат дека еден ден ќе заигра на голема сцена. Две децении подоцна двајцата го кренаа пехарот како европски шампиони.

Бесмислената дебата за Роналдо и Меси

И едниот и другиот со своите бесконечни голови, асистенции и трофеи одамна ги победија сите противници и станаа вечни, но сè повеќе и повеќе се чини дека еден од друг никогаш нема да побегнат.

Пехарот стигна во Лисабон

Прва од авионот излезе стјуардесата да ги сними присутните навивачи, но брзо сфати дека сите од вратата го чекаат пехарот. Го изнесоа Кристијано Роналдо и селекторот Фернандо Сантош, а потоа сите играчи со отворен автобус тргнаа низ градот.

Франција тивко ги листа весниците

Најчитаните француски и португалски листови, утрово очекувано со дијаметрално различни наслови. Французите не можат да веруваат што им се случи, а Португалците еуфорично слават во секој град и село. Роналдо и компанија ќе добијат Орден за заслуги од претседателот Марсело Соуза.

Грдото пајче од интернатот кое стана јунак на Португалија

Роден во Гвинеа Бисао, со сиромашните родители на три години ја напушта бедната Африка и доаѓа во Португалија, земја на која 25 години подоцна ѝ го донесе највредниот пехар во историјата.

Чест е да те чека учителот за честитки

Го зема на 18 години, кај него се калеше 6 години, заедно се радуваа на 9 трофеи и големата меѓусебна почит им остана, што можеби и не е случај со Бекам кој доби копачка во глава.

Ефектот Роналдо

Кога на некој ќе му тргне од сабајле на монтажа излегува вакво видео.

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Полуфинале во знакот на колегите од Европскиот првак

Иако фудбалот е тимски спорт произведува епски битки меѓу некои од нејзините најистакнати експонати. Најновата се игра вечерва во Лион каде се среќаваат двајцата најскапи фудбалери во историјата кои пред 40 дена заедно се радуваа на пехарот во Лигата на шампионите.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

Сите слободни удари на Роналдо на ЕП 2016

Изведе 10, не даде ниту еден гол од слободен и сите му се ужас, освен вториот против Унгарија, единствен на кој се помачи голманот да му ја фати. 

Сабајле учел со синот на Премиерот, навечер тренирал со син на проститутка

Роден во јужна Германија, потекнува од семејство имигранти, а детството го минал во контраст од богато и елитно училиште до дружба со сиромашните деца на лисабонските улици.

Што сè ни донесе групната фаза од Европското

Нов рекорд на Роналдо, сензационални одбрани на Северноирецот против Германија, голот на Димитри Паје, потезите на Иван Перишиќ се само некои од моментите кои ја одбележаа првата фаза од Европското.

Канонада во Лион, Унгарија, Исланд и Португалија одат понатаму

Унгарците не ѝ дале на Португалија гол никогаш, а вечерва за помалку од 60 минути им дадоа три. Исланд славеше во последната секунда и како втор оди во осминафиналето каде како трета ќе оди и Португалија.

Кристијано: величина, тага и апсурд

Суперѕвездата на Португалија дојде на Европското првенство по освојувањето на 11-та европска титула на Реал Мадрид, каде го постигна решавачкиот пенал во финалето, но во Франција постојано е нервозен, влегува во конфликти и не може да го погоди голот. El Pais го прават партал со критики.

Роналдо фрли микрофон на новинар во вода

Португалија после две одиграни средби има мизерни два бода во конкуренција со Австрија, Исланд и Унгарија, селекција против која вечерва ќе мора да победат за да одат понатаму. Фрустрацијата од таквиот развој очигледно му смета и на Роналдо кој го искали бесот на еден новинар од португалскиот канал CMTV.

Малиот Исланд до голем бод

Дебитантот на Европските првенства, Исланд освои важен бод на последниот меч од првото коло на ЕП 2016. Стрелци Нани и Бјарнасон.