Кристијано Роналдо често ги стега мускулите и се слика во соблекувална како да е бодибилдер и тоа на некој му се допаѓа и се поистоветува со него, а други го критикуваат и го мајтапат по социјалните мрежи.
Роналдо во просек дава помалку голови од лани, што е загрижувачки податок за навивачите на Реал Мадрид и затоа тие имаат право да го критикуваат особено кога ќе ја видат насловната страна на португалскиот магазин Вип.
Според пишувањата на Португалците Роналдо бил опседнат со неговиот изглед и почнал континуирано да прима инјекции со ботокс. Медиумот тврди дека тој трошел илјадници евра за подобар физичкиот изглед.
Дека фудбалската мега ѕвезда внимава како изгледа се гледа по тоа што ги чупа веѓите и без кило гел на косата не излегува на терен, а неодамна на Инстаграм објави слика со маска за убавина.
Од тука се раѓа и алармот кај Мадриѓаните кои се загрижени што Роналдо повеќе мисли на тоа дали има брчки на 32 години отколку на тоа како да ги совлада противниците.
Океј не сме навивачи на Барселона ако помисливте на тоа што затоа што уопште не признаваме ниту глума во фудбалот.