Таг: копа либертадорес

Славје, ама баш славје

Фудбалерите на бразилскиот Гремио по трет пат во историјата го освоија најдрагоцениот пехар на континентот Јужна Америка откако и во реваншот го совладаа Ланус од Аргентина (1-2). На улиците на Порто Алегре излегле преку сто илјади луѓе.

Екстаза во Јужна Америка, Гремио шампион во Копа Либертадорес

По цели 22 години бразилскиот клуб Гремио ја освои Копа Либертадорес откако по 1-0 во Порто Алегре, синоќа и во реваншот го совлада Ланус од Аргентина.

Aтмосферата која мора да се доживее пред да се умре

Да не должиме многу со опис, бидејќи вакво нешто не се опишува со зборови, туку едноставно треба да почувстува на лице место. Ривер Плејт - Ланус, полуфинале во Копа Либертадорес 2017-та. 

Не е можно дека му ја фати од толку блиску

Фудбалерите на Гремио славеа 0:3 против Барселона Спортинг клуб на првиот полуфинален меч од Копа Либертадорес. Голманчето им е скроз лудо. Ова треба да се прогласи за одбрана на деценијата.

Вие нас 3:0? Еве ви 8 парчиња

Кога во елиминациски двомеч на првата ќе загубиш 3:0, тоа не е невозможна мисија за враќање. Барем не за Ривер Плејт кој во четвртфиналето од Копа Либертадорес се соочи со таков убедлив пораз од Вилстерман. На реваншот на првакот на Боливија му се случи резил кој во превод значи 8:0. Пет комада им збрца Игнасио Скоко кој од 9-та до 19-та минута постигна хет-трик. 

Само големите играчи можат да решат финале на ваков начин

Беше симбол на аргентинскиот фудбал и Бока Јуниорс во кој играше вкупно 14 сезони во два наврати, а трофејот во Копа Либертадорес го крена три пати. Третиот пред точно 10 години откако во финале сам го реши Гремио со два гола. Ова е поубавиот погодок, сосема неочекуван и шокантен за секој голман. Хаун Пабло Рикелме во кошаркарски стил со освртување и спуштена глава, без да ја гледа целта.

Верон на 42 години игра како дете

Хуан Себастијан Верон е претседател и играч на аргентинскиот клуб Естудијантес кој се натпреварува во престижната Копа Либертадорес. Во синоќешниот триумф од 0:3 на гости против Барселона од Еквадор, Верон одигра 56 минути и намести еден гол.

Историска прва победа за Шапекоенсе во Либертадорес

Животот во Шапекоенсе полека се враќа во нормален колосек. Тоа го покажаа во Венецуела каде победија 1-2 и ги освоија првите бодови во најсилниот турнир во Јужна Америка.

Бајката на Атлетико Тукуман со загубена опрема и авионски лет

По 115-години чекање, Атлетико Тукуман доцнеше на најголемиот меч во клупската историја. На крајот, по сите перипетии кои ги снашле, излегоа на терен и победија.

„Жозе, не сум ти јас Тито, ќе ти ја скинам главата“

Кога во 2004-та му откриле рак, Херман Бургос им рекол на лекарите кои закажале операција дали може да ја поместат за понеделник, затоа што за викендот мора да брани за саканиот Атлетико Мадрид. Во своето портфолио лудиот голман има и позната рок-група.

Каква е состојбата во бразилскиот Шапекоенсе

Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.

Кој е бразилскиот клуб кој имаше авионска несреќа?

Шапекоензе е клуб којшто неверојатно напредувал во последните седум години и од бразилската четврта лига стигнал до финалето на едно од најголемите натпреварувања во светот на фудбалот, Копа Судамерикана. За жал, бајката на оваа симпатична екипа заврши трагично.

Меделин не спиеше, Атлетико Национал е шампион на Јужна Америка

По пауза од 27 години, 15-кратниот колумбиски шампион го освои драгоцениот трофеј во Копа Либертадорес. Претходниот го славеше заедно со Пабло Ескобар.

Го имаме ли голот за Ференц Пушкаш?

Во плејофот на Копа Либертадорес, на мечот Атлетико Национал - Хуракан (4:2), гостинскиот играч Абила го постигна можеби најубавиот гол сезонава.

После ваков корнер, да го извадиш од игра

Во плејоф мечот од Копа Либертадорес меѓу Клуб Национал и Коринтијанс, домашниот напаѓач Нико Лопез го изведе можеби најлошиот корнер во историјата на ова натпреварување.

Куче што лае, трча по терен

На мечот Депортиво Такира - УНАМ Пумас во Копа Либертадорес (Јужноамериканската Лига на шампиони), синоќа наградата за играч на натпреварот ја доби едно убаво куче кое на кратко го прекина натпреварот.

Лудиот фудбалер кој влезе во Гинис

Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.

Карлос Тевез ја распали Бомбонера

По лудиот гол против Атлетко Рафаела во првенството, Тевез синоќа постигна нов ефектен гол против Боливар во Копа Либертадорес. Неговата Бока славеше 3:1, а Карлитос го даде вториот гол.

Фатен на дело навивачот кој нападна фудбалери со солзавец

Адријан Наполитано, познат како „Ел Панадеро“ е навивачот поради кој предвреме беше прекинато дербито меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Солзавец, дрон, напад на фудбалери и прекин на Бомбонера

Третото овосезонско дерби меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше неславен крај, откако домашните навивачи се протнаа во тунелот и фрлија солзавец директно во пет фудбалери на Ривер.

Ривер го доби вториот дуел со Бока, Меси останал буден да ги гледа

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Либертадорес, Ривер Плата со 1-0 го победи вечниот ривал и така ѝ се одмазди на Бока за поразот во првенството. Меси на Инстаграм објави дека е буден за најголемото дерби.

Три дози Бока - Ривер за 10 дена

Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.

Бомба на денот

Абдон Рејес има 33 години, а висок е 165см, 4 сантиметри понизок од Меси. На меч од Копа Либертадорес, набиениот Боливиец ја прими на негова половина од голманот и потоа не му требаше помош во контрата.

Освалдо даде гол за Бока, па правеше групна фотографија

Во 3. коло од Копа Либертадорес, Бока Јуниорс ја прегази Замора од Венецуела со 5-0. Два гола даде довчерашниот шпиц на Интер, Даниел Освалдо кој имаше интересна замисла за прослава на еден од головите.