Се случува некои од луѓето што пишуваат на сајтов да се фатат за една тема (Русија, диета, бегалци, Џони Кеш, диета) и да ја тераат како да се работи за посебна рубрика, што заради ќеф, што заради феноменот на пишувачко-когнитивен „тунел", од кој кога еднаш ќе завлезеш тешко се излегува. Во Букбокс така од време на време се занимаваме со Грција и со грчката уметност. Едно гиро бар да почастеа..