Таг: карло анчелоти

Најубавата божиќна елка на Милан

Нема поубава и поносталгична елка од оваа за секој навивач на Милан во новиот милениум. Искусниот Карло Анчелоти со овие лампиони нареди повеќе пакетчиња како што се: Скудето, Куп на Италија, Супер Куп на Италија, Лига на шампиони. Супер Куп на Европа и Светско клупско првенство. Сега Милан има лампиони од 200 милиони кои не можат Беневенто да го победат.

Фудбалерите на Баерн тренирале без да знае Анчелоти

За тренинзите на Пеп Гвардиола се зборува дека биле многу напорни и неподносливи за дел од ѕвездите на Баерн Минхен. Арно ама неговиот наследник имал многу релаксирачки пристап кој им сметал, па фатиле сами да тренираат.

Анчелоти исмеваше нигериски новинар, па му се врати

Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти како ретко кога во животот не знаеше да се снајде во топ европски клуб па доби отказ. Неколку часа пред да добие клоца, Карлито надмено се потсмеваше со еден реномиран нигериски новинар.

Замената за Анчелоти се издал дека ќе биде тренер на Баерн

Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.

Анчелоти заигра карти во родниот крај

Секое место, помало или поголемо има свој лик кој заминал на работа по светот а со него се горди земјаците. Така е и со еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот Карло Анчелоти кој се врати во родното место Реџоло во Италија и поиграл карти пред локалната коперација.

Пеј си Карло ти се може

Трофејната кариера му тргна во Милан каде освои 8 трофеи. Потоа отиде во Челси и освои титула, во ПСЖ титула, во Реал Лига на шампиони, во Баерн титула. Мистер Карло Анчелоти подигна пехари во најсилните 5 лиги во Европа, што е реткост. Затоа остајте му го микрофонот и нека го води караокето.

Доминацијата на неприкосновените италијански стратези

Знаете ли дека во последниве 8 сезони во Премиер лигата титулата ја освојуваат четворица различни италијански тренери, а дека во последниве 25 години во најскапата лига во светот ниту еден домашен тренер не го сторил тоа? Едноставно Италијанците тоа го прават најдобро.

Како 14 фудбалери од тимот на Јувентус 2001 станаа тренери

Златната генерација на Јувентус не успеа да врзе 2-3 титули на самиот старт од овој милениум, а имаше состав за такво нешто. Колку само интелигентни играчи имаше во тој состав подоцна предводен од интелигентниот Марчело Липи, потврдува фактот што пола од нив сега делат памет.

Дани Карвахал - анонимниот дискретен херој на Реал Мадрид

Во океанот статистики, рекорди, чуда и врагови на Кристијано Роналдо и Реал, ретко кој помислува на клучниот архитект на успесите на Кралскиот клуб. Човекот кој на тренинг доаѓал со Цитроен Ксара од татко му и не можел да му прости на Мурињо што не го играл.

Мистер Анчелоти е кралот на Европа

Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти направи редок подвиг откако стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освојувал титули во четири од петте најдобри европски лиги.

Не се лути, дојди чичо Карло да те бубне

Баерн Минхен викендов ја демолираше Борусија Дортмунд со 4:1, а потег број 1 на колото во Бундеслигата е начинот на кој искусниот Анчелоти го смири Рибери откако побара објаснување за тоа што го извадил.

Чаби Алонсо го изработи Анчелоти на прес

Чаби Алонсо и официјално најави дека по крајот на сезонава ќе се повлече од активното играње фудбал поради што германските и шпанските медиуми побарале тој да дојде на пресот пред мечот со Франкфурт. А таму Баскиецот раскажуваше за најубавиот момент во кариерата и не пропушти да го пецне Карло Анчелоти.

Карло Анчелоти во клубот 1.000

Со утрешниот меч меѓу Баерн Минхен и Хамбург, италијанскиот стратег ќе одбележи голем јубилеј во својата 22 годишна тренерска кариера. Не му воопшто за потценување, од 999 натпревари загубил 181 и освоил 17 трофеи. 

Патешествие по ’Алијанц Арена’ - најимпресивниот стадион на светот

Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.

Благајникот од циркус и помошен готвач што заигра за Милан

Фудбалот е заебана игра. На секој млад талент кој се пробива има дваесет млади таленти кои пропаѓаат. Малку се оние на кои им се насмеала среќата, како на пример на Харви Езајас кој беше член на Милан во славните денови а никој не го знае.

Тренерски титули - Made in Italy

Римјанинот Клаудио Раниери, новиот газда на Премиер лигата со Лестер е последниот во серијата италијански стратези кои освоиле првенство надвор од својата земја, од Англија до Кина, далеку од Серија А.

Кој тренер потрошил најмногу во последните 10 години?

Водечки тренери во моментов во Европа се Мурињо, Пелегрини, Анчелоти, Манчини, Гвардиола, Бенитез, Ван Гал, Венгер, Роџерс, Алегри, Блан, Биљаш-Боаш и Луис Енрике. Еве кој од нив колку потрошил во последната деценија како тренер на големите европски клубови.

Како Анчелоти реагираше на слободните удари на Пирло

Снимката е од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Милан и Депортиво ла Коруња одигран во 2004-та.

Анчелоти преку Твитер ја соопшти одлуката за Милан

Трофејниот тренер реши да одмори од фудбалската игра и ја одби понудата на клубот со кои за осум години освои неколку трофеи. На Карлито му следува операција на грбот, после која не знае колку ќе се опоравува.

Девет тренери за дванаесет години

Како што се најавуваше, Флорентино Перез и официјално соопшти дека Карло Анчелоти веќе не е тренер на Реал Мадрид. Рафаел Бенитез веројатно ќе биде десетиот стратег на Кралевите во последните 12 години.

Карло ми е како татко, се надевам нема да ми залепи фластер

„Видовте ли што направи Пирло? Само гениј може да го направи тоа", изјави Анчелоти за неговиот паненка гол од пенал против Англија на ЕП 2012.

Карлито знае да игра нокаут фаза, но тешко му е против Симеоне

Италијанецот како тренер одиграл 45 нокаут натпревари од кои 36 пати излегол како победник. Вечерва ќе се обиде да го елиминира Атлетико со својот Реал и да го продолжи патот до четвртиот пехар во ЛШ.

Лука Модриќ втор дел

По три месечна пауза, хрватскиот репрезентативец се враќа на теренот, а со тоа го враќа и расположението во кралскиот клуб. Неговото второ деби за Лос Бланкос може да се очекува веќе викендов на Сан Мамеш во Билбао.