Фелини освен со режија се занимавал и со сликарство. Прво цртал карикатури на филмски ѕвезди. Потоа во дневниот весник „Доменика дел Кориере" објавувал стрипови, а кон крајот на 1930-тите станал уредник на популарното сатирично списание „Марко Аурелие". Но сепак најинтересни се цртежите од неговите сништа, кои во моментов се изложени во Ријека.
До Виена стигнавме низ облаците. Син ми, прв пат во авион, возбудено ги гледаше, споредувајќи ги со шеќерна волна или пена за коса. Тие нè следеа цела недела, а првиот момент кога попуштија и низ нив ѕирна сонцето беше - кога отидовме да ги видиме на изложба!
Во галеријата Art In General во Њујорк во тек е изложба на книги кои никогаш не биле позајмени од библиотеката на Центарот за фикција, невладина организација во САД која е посветена на промовирањето на белетристиката.
„Во потрага по загубеното време" е едно од највлијателните книжевни дела на сите времиња. Моргановата библиотека и музеј во Њујорк ја одбележува 100-годишнината од излегувањето на првиот од седумте делови на овој роман со голема изложба на ракописи, фотографии и писма на авторот.
Од 9-16 март во галеријата Мејбери фајн арт во Винипег, Канада, ќе се одржи продажна изложба „Леонард Коен - поетот и сликарот" - репродукции од Коеновата лична архива. Фин повод да се потсетиме и на неговите други таленти покрај пеењето.
Во прва ретроспектива по неговата смрт во 1997, која е истовремено и досега најголема, во галеријата Тејт на едно место ќе се соберат 125 слики и скулптури на Рој Лихтенштајн.
Во Музејот за филм и телевизија во Берлин вчера е отворена ретроспективна изложба посветена на Мартин Скросезе, за која режисерот прв пат ја има отворено неговата огромна архива.
Бунтовен, секси, некако ранлив, прерано влезен во легендите. Во државниот музеј на Индијана е отворена изложба која ја истражува кариерата на Џејмс Дин, како и неговите лични страсти и интереси. Цртањето изгледа било едно од нив.
Како ја замислувате смртта? Црна силуета со качулка и голем срп? Скелет кој танцува и се смее? Дали ја пишувате со голема буква? Вчера во Лондон се отвори изложба токму на оваа тема - персонификации на смртта од различни историски периоди и географски локации.
Придонесот на Маги кон звукот и идеологијата на ЕКВ е јасен. Она што е помалку познато е дека таа има дизајнирано и повеќе плакати и обвивки на плочи на групата. На 5. ноември се отвара изложба посветена токму на оваа тема.
Во Кунстхале во Виена во тек е изложба посветена на Вилијам Бароуз, икона на битниците, инспирација на Битлси, Френк Запа, Пети Смит, Лу Рид, Брајан Ино, авторот на „Голиот ручек" и еден од креаторите на таканаречениот cut-up метод.
Во Париз е изложена импресивната ролна хартија, на која е напишан оригиналниот текст на култиот роман на Керуак, „На патот". Утре во Кан премиерно ќе се прикаже и филмската адаптација.
Во Белград, во галеријата „Супермаркет“, во тек е изложба на плакати „17 песни" на графичкиот дизајнер Марко Свирчевиќ, кои визуелно ги претставуваат хитовите на Дисциплина кичме, ЕКВ, Електрични оргазам..
Денес во Њујорк се отвара изложба на Дејвид Линч, прва во овој град од 1989. Авторот на неодоливо бизарните „Син сомот“ и „Диви во срцето“, како и на серијата „Твин пикс“ која некогаш се гледаше како сега турските серии, всушност се занимавал со сликарство пред да почне да режира.