Таг: горан пандев

Пандев го објаснува херојскиот гол со кој го исфрли Баерн од нокаут фаза во ЛШ

Во недела во која Интер игра со Баерн во ЛШ, за интервју се бара Горан Пандев кој со неодбранлив удар ја замолчи Алијанц арената.

Пандев за Суперкупот против Јувентус: Ни го украдоа мечот, само така можеа да победат

Италијанските медиуми не го оставаат на мира Гоче и откако се пензионираше. По големиот триумф на Наполитанците над Ајакс од 1:6, интервју даде за Радио Кис Кис Наполи.

Кога Игуаин даде поддршка за „Тумбе Кафе“ се знае по чија заслуга

Само неколку дена по повлекувањето на Горан Пандев, официјално збогум на фудбалот му даде и неговиот поранешен соиграч и пријател Гонзало Игуаин. Беа силен тандем, а се дружеа и по куќи.

Сите голови и асистенции на Пандев во дресот на Македонија

Неговиот долг, блескав и неповторлив репрезентативен пат почна во Бурса на 6 јуни 2001, а заврши на 21 јуни 2021 во Амстердам со исполнет сон, а тоа е настап со својата земја на голема сцена. 20 години посветеност, пожртвуваност, пот, емоции. Гол вреден пласман на Европско, а потоа и прв гол на Европско. Апсолутен рекордер со 122 настапи и 38 погодоци. Тоа е Горан Пандев. Поклон до земја.

Снимка од дебито на Пандев за Македонија со коментар на Зоран Михајлов

Историјата вели 6 јуни, 2001, стадион Бурса Ататурк. Турција против Македонија, квалификации за СП 2002. Резултат 3:3, стрелци за нашата репрезентација Артим Шаќири, Жарко Серафимовски и Игор Саша Николовски. Во 66-та минута со број 17 влегува 17 годишниот член на Беласица, Горан Пандев. Клип за аналите.

Каде ќе живее Пандев, какви планови има со Академија Пандев и што би работел?

Смирен, спокоен, задоволен од тоа како помина, речиси блескав. Без зборови со отров за никого, само благодарности. Великанот се збогува со играње фудбал, а тоа го прави со лесно срце.

Специјален пречек за Рики во Милано

По сензацијата дома против Челси во првото коло од ЛШ, Динамо Загреб вечерва со почеток од 18:45 му гостува на Милан. Аријан Адеми и Стефан Ристовски на Сан Сиро ќе имаат поддршка од Гранде Пандев. Поранешниот капитен на Македонија го пречека својот другар со кој го славеа најголемиот успех на македонската репрезентација, а овој дојде спремен со подарок.

Пандев во посебно друштво на топ 20 напаѓачи од Серија А во 21 век

Ако на некој уште не му е јасно каков белег остави Горан Пандев во италијанскиот фудбал, доволно е само да и фрли око на табелава и сè ќе му стане јасно.

Против Грузија ја имаме најслатката историска победа на Македонија

Во сите три досегашни изданија на Лига на нации, ни се паѓаат Грузијците. На минатото на два пати одигравме 1:1, а на првото се судривме во финале, најважното во историјата, кога триото од Серија А им го испи мозокот во шеснаесетник, а Горан Пандев го исполни сонот наш од детство. Златен гол кој ќе остане во аналите и кој ќе го повторуваме додека постои сајтов.

21 година од дебито на Пандев за Македонија

6 јуни, 2001. Турција - Македонија 3:3. Други времиња, структури, селектор, стручен штаб, соиграчи. Сè се менуваше, само струмичката легенда остана и по две децениски мега тешки битки, успеа да си го исполни сонот, свој и на цела Македонија.

Од Атина 2004 до Парма 2022: Сторијата за верниот македонски навивач кој се спријателил со Пандев

Мечот меѓу Парма и Алесандриа одигран викендов е претпоследен во кариерата на Горан Пандев и последен на Енио Тардини, голем повод да го посетат наши навивачи. Меѓу имало и еден на кој од посебно значење му било да отпатува токму на тој натпревар на релација Скопје - Парма.

Пандев му врати на Панчев

Непотребна размена на зборови преку медиумите на двете македонски легенди и поранешни играчи на Интер. Прв почна Дарко Панчев.

Пандев: Четири дена не спиев после заминувањето од Џенова

По неочекуваниот трансфер во јануари во Парма, Горан Пандев ги објасни причините за заминувањето од Џенова, каде веќе не се чувствувал како дома. На лето става дефинитивно крај на кариерата.

Македонска поддршка во Парма за Пандев

Се сеќавате ли на големиот банер „Гранде Пандев“ со слика од легендата во дрес на македонската репрезентација? Епа викендов беше закачен на Енио Тардини.

Деби гол на Горан Пандев за Парма

Толку му треба на стариот, дај му на лева и ја кова со волеј на прва. 20 години стаж во Италија, седми италијански клуб, 100 и кусур гола во Серија А. Честитки мајсторе.

Се најде јунак да го имитира добро Пандев

Прво се истакна со микс на јавни личности кои ги смести во клип насловен како „фудбалски коментатори“ и денот ни го направи. Го следевме и го чекавме пак да извади нешто поврзано со спорт. Абе го има. Браво дечко.

Малиот навивач кој се појави со парола за Пандев и Нестор

На мечот Удинезе - Џенова се појави транспарент на кој дете со својот татко им дава поддршка на двајца играчи од две различни екипи, Горан Пандев и Илија Несторовски.

Честитки од Пандев, Нестор и Мрме

Горан Пандев не ги заборава своите браќа кои напиша дека се херои, a мечот од Италија го следеше и Илија Несторовски кој скоро се врати на терените по пауза од седум месеци. Горд на фудбалерите е и архитектот на минатиот успех, Игор Ангеловски.

Незаборавниот 12 ноември, датум кој ќе остане во аналите на македонскиот фудбал

Само ден после феноменалната петарда против Ерменија, календарот вели време е за потсетување на нашата најголема фудбалска радост во историјата. Успех за кој мечтаевме три децении и неостварен сон на многу генерации кој стана реалност.

Единствениот гостински триумф над Ерменија ни е пред 16 години со двата гола на Пандев

Немаме добар скор со дуелите со Ерменија на гости, ама еве шанса да почнеме да го подобруваме и тоа уште денеска.

Џенова се потсеќа на уникатниот гол на Пандев против Сасуоло

Џенова и Сасуоло се среќаваат во недела во рамките на 8. коло од Серија А, а Твитерџијата изгледа не можеше да дочека и уште од сега го објави со мајтап: „За нас овој гол на Пандев секогаш ќе биде достоен за Пушкаш награда“.

Пандев му асистираше на Дестро, а овој со шише в рака даде гол

Џенова и Верона одиграа луд натпревар со 6 гола и без победник. Горан Пандев влезе во второто полувреме и помогна неговиот тим да направи пресврт од 0:2 на 3:2 и тоа за 8 минути од 77-ма до 85-та минута. На третиот гол запиша асистенција до Матиа Дестро кој трчаше како на штафета и успеа атрактивно да ја заврши акцијата. Гостите израмнија преку Калиниќ во судиското продолжение.

Нека трепка

Серија А излезе со еден статистички податок на кој нема Македонец кој не би се гордеел. Во друштво на топ 10 активни фудбалери во Серија А со најголем број на настапи, да ти бил и Горан Пандев и тоа на трета позиција.

Поништениот гол на Пандев за кој се кренаа полемики

Елиф Елмас ја доби “македонската пресметка“ во Џенова со 1:2 во дуел на кој настапија и двајцата наши фудбалери. Фудбалерите на Наполи се смееле за поништениот гол на Горан Пандев, тврди тренерот на Џенова.