Фото на денот од Меаца

Интер направи голем исчекор во Лига на шампиони и закажа градско дерби во полуфинале откако ја елиминираше Бенфика со вкупни 5:3. Меѓу специјалните гости на стадион имаше двајца легенди од славната и незаборавна тројна круна, како и еден поранешен играч кој дојде во 2012-та.

Горан Пандев, Диего Милито и Родриго Паласио во живо го бодреа клубот.

Милито беше ангажиран и како стручен коментатор заедно со Кларенс Сидорф, Лука Тони и Жулио Цезар.

Видеото кое го сподели Пандев на социјалните мрежи

Коментарите за Пандев на Твитер

„Пандев е без сомнение најпотценет играч од Интер кој ја освои тројната круна. Дојде на сред сезона, можеби за да биде резерва, но веднаш стана првотимец“.

„Пандев е човекот за промени во тројната круна 2010. Играчот кој му дозволи на Мурињо да ја намести формацијата 4-2-3-1, со која ја освоија ЛШ. Без ништо да се скрати кај другите 9 играчи, без трансферот на Пандев и жртвата на Ето да игра странично, немаше да ја освоиме“.

 

20 април 2023 - 08:19