Таг: глобално затоплување

Допрва има да ви биде топло

Јули не само што беше топол, не само што беше најтопол јули во однос на кој било претходен јули (од кога се мери), туку воопшто е најтоплиот месец во историјата, нормално доколку може да им се верува на мерките на НАСА.

Рекордерска 2016-та

Затоа што дискретни ишарети како катастрофална суша во Источна Азија, пожари на огромни пространства во Северна Америка, и тоа што прекуокеански патнички бродови редовно го минуваат Арктикот, не вршат работа, од научниците доаѓа официјално признание за тоа колку луѓето се ужасни по Земјата - и службено секој месец во 2016 е најтопол месец во историјата.

Глобалното затоплување нема крај

Новата граница на климатски ужас со кој треба да живееме (барем до крај на месецов) е дека годинешниов април не само што беше најтоплиот април во последните 137 години, туку тој беше и 12-от последователен месец што го постави овој рекорд.

А гледаме ние топло станува....

Јануари 2016 бил најтоплиот јануари откако се мерат и бележат температурите. Не само што го претрка претходниот рекордер туку  го растури. И тоа не е сè. Тој во себе содржи аномалија каква што досега немал ниту еден друг месец.

Глобалното затоплување удри на векната леб

Од истата количина на пченица од која денеска се добива еден леб, до 2050-та ќе се вади помала векна леб исклучиво заради глобалното затоплување кое ќе го намали нивото на протеин во зрното.

Европа + 125 метри вода

Идејата за Егејско море кај Гевгелија е комплетно остварлива ако морското ниво порасне за 125 метри. Проблемот е што моментално морското ниво расте за 3 милиметри годишно.

Дали каналот е полуполн или полупразен?

За првпат во историјата, еден прекуокеански карго брод успеа да мине низ арктичките води близу Канада и значајно да ја скрати вообичаената транспортна рута со што се штеди време, гориво и емисија на јаглерод диоксид. Сето тоа благодарејќи на глобалното затоплување.

Држава која тоне

Можеме да замислиме како е му е на претседателот на Маршаловите острови додека ги сослушува проблемите на своите колеги од Генералното Собрание на Обединетите Нации. А нему му е водата до врат и постојано се качува. 

 

Арктикот крие катастрофа од 60.000 милијарди долари

Топењето на Арктикот може да активира "економска временска бомба" која ќе го поткопа комплетниот глобален финансиски систем, предупредуваат група составена од економисти и поларни научници.

ЗИК Гренланд

Глобалното затоплување е стигнато до таа фаза што за прв пат во историјата жителите на Гренланд почнаа да одгледуваат овошје и зеленчук.

Електричните возила се поштетни од стандардните?

Денешните зелени активисти некои ги споредуваат со наивните миротворци од 30-тите години на минатиот век кои му помогнаа на Хитлер да го растури светот откако ги убедија западните демократии во потребата од разоружување. Тема, автомобили.

Планетата да ни се извини

Последните податоци за нивото на јаглерод диоксид во атмосферата покажуаавт дека тое е идентично со периодот кога наоколу немало баш толку ауспуси и фабрички оџаци - пред три милиони години.