Таг: фк вардар

Вардар ќе игра во својот дом против Копенхаген

Откако стадионот „Младост“ во Струмица ни крив ни должен се изнагледа европски фудбал летово, УЕФА реши од неколку причини да ја прифати молбата на Вардар да игра на Националната Арена.

Што треба да знаеме за следниот противник на Вардар

А ќе го дознаеме некаде околу 21:15 вечерва кога би требало да заврши реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Словаците пред невозможна мисија, Данците поблизу до Вардар.

УЕФА дава, но УЕФА може и ќе земе од Вардар

Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.

Сјајниот Вардар го прегази Малме и оди во трето коло!

Пред околу 5.000 гледачи на стадионот „Младост“ во Струмица, фудбалерите на Вардар го одиграа можеби најдобриот меч во последните неколку години и сосема заслужено му одржаа лекција на шведскиот шампион Малме 3-1 (0-1)

Вардар ако го мине Малме пак ќе патува во Скандинавија

Во случај Вардарци да се радуваат после реваншот против Швеѓаните во Струмица во вторник, следен предизвик веројатно ќе им биде данскиот првак Копенхаген кој има високи 3-1 од гостувањето против словачка Жилина.

Храбриот Вардар носи одличен резултат од Шведска

Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар ремизираа 1-1 во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига на шампионите. Одиграа момците на Седлоски смирено, трпеливо и во реваншот ќе имаат крајно позитивен резултат.

Нека се повтори Вандеир

Фудбалерите на Вардар вечерва од 19 ќе играат во квалификациите на Лигата на шампионите против шведскиот Малме на гости пред повеќе од 20.000 гледачи.

Вардар - Малме за 500 денари во Струмица

Управата на актуелниот шампион ја одреди цената за квалификацискиот дуел против шведски Малме и предизвика реакција од навивачите по социјалните мрежи.

Вардар ќе патува во Шведска, му падна Малме

Македонскиот шампион како неносител беше сместен во подгрупата 3 и поради тоа имаше скратен избор на противници. Добра околност е што реваншот ќе го игра во Скопје, така што евентуален добар резултат од првиот меч би значел и полн „Градски“.

Дрон со знаме на голема Албанија леташе над стадионот Чаир

Фудбалерите на Шкупи и Вардар се сретнаа во дербито на колото во македонскиот шампионат кое мина во знакот на една провокација, идентична како онаа во Белград пред три години кога навивачите се тепаа со играчите.

Фудбалер на Вардар го постигна голот на колото во Европа

Вардар со 3:1 го победи Пелистер во големото дерби откако даде три гола во првиот дел од мечот. Третиот гол на Тигран Барсегјан е погодок каков долго не сме виделе на домашните терени.

ФК Вардар меѓу 12-те најубедливи шампиони во Европа

Фудбалерите на ПСЖ минатата сезона остварија рекорд на освојувањето на шампионската титула со најголема бодовна разлика. Во тоа потесно друштво се наоѓа и Вардар благодарение на онаа историска сезона без пораз и со 119 постигнати голови.

“Најпосетеното“ дерби на сезоната

Во ситуација кога играат, а и да не играа викендов: Атлетико - Реал, Борусија - Баерн, Милан - Интер, Манчестер Јунајтед- Арсенал и Фенербахче - Галатасарај, читател ни испрати доказ дека најголема тепачка за карти имало за скопското дерби меѓу Вардар и Работнички.

Кандидат за гол на годината во режија на Вардар

Во вторникот беше тешко да се реши човек кој од трите бомби на Јувентус, Монако и Копенхаген е најубав за око. Но од спортската среда ќе го издвоиме оној од нашата лига од мечот Вардар - Пелистер 1:1. Фелипе и Којашевиќ најверојатно ова го вежбале на тренинг.

Европската одисеја на Цементарница 55

На таа ’99-та година се сеќаваме по двомечот на прилепска Победа против Перуџа во Интертото Купот, а ретко кој памети дека во истото натпреварување Цементарница 55 несреќно испадна од рускиот Ростелмаш предводен од Сергеј Андреев, поранешниот тренер на Вардар.

Јадранска лига во фудбал - за или против?

Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?

Првиот фудбалски пренос од Градски по земјотресот во Скопје

На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.

Голеадата на Максимир

Фудбалерите на Вардар покажаа заби на реванш квалификацискиот дуел од Лигата на шампионите и на два пати имаа водство, но со двата пенали за кои сами се виновни, не успеаа да направат сензација и да го елиминираат Динамо Загреб.

Помошникот тренер на Динамо продава вафли во Загреб

Двомечот од квалификациите за ЛШ меѓу Динамо З. и Вардар ги присети актерите на некои други времиња и донесе неколку необични моменти. Како на пример тоа дека десната рака на тренерот на „Модрите" има и друга професија.

Вардар или Динамо Загреб ќе одат на победникот од Алкашерт - Динамо Тбилиси

Среќата на овосезонската ждрепка за квалификациите за ЛШ очигледно доцна стигна за Вардарци кои ќе треба да направат чудо во Загреб за во следната фаза додат до полесен противник и да обезбедат евентуална Лига на Европа.

ФК Вардар: Немаше прослава, ниту кршење на чинии

Актуелниот шампион на Македонија ги демантираше натписите за незаборавната вечер која сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко им ја приредил на Хрватите.

Самсоненко пеел, кршел и им приредил вечер на Загрепчани која ќе ја раскажуваат на генерации

Газдата на Вардар пееше песни од Тоше и Чолиќ, настрадаа 50 чинии во грчки стил, а инаку вложува 15 милиони евра годишно во сите клубови на Вардар. Да ги дигнеме на нозе сите ресторани во Загреб и сите тамбураши, не можеме да ги дочекаме вака, пишува Спортске новости.

Хајлајтс од одличниот Вардар

Вардар имаше вкупно 17 удари од кои 4 во рамки на гол (пречка и две стативи). Динамо Загреб вкупно 18 од кои само еден во рамки на гол. Голема штета што со таа игра и шанси не успеавме да извадиме барем нерешено против најсилниот тим на балканот. Инаку Србите имаа тв преноси од 4 свои претставници во Европа (Црвена Ѕвезда, Партизан, Чукарички и Војводина), а ние ниту еден, па бујрум за тие што не беа на стадион.

Пораз на Вардар кој погоди пречка и две стативи

Македонскиот шампион немаше среќа на првиот квалификациски дуел за Лигата на шампионите. Пропушти многу шанси, особено во вториот дел, а тоа скапо ќе ги чини бидејќи во Загреб ќе патуваат со негатива од 1:2.