Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.
Луис Суарез ја одигра првата сезона за Барселона и веднаш го подигна најпрестижниот пехар во Европа. Од 2009 година тој е шестиот играч кој го напушта Ливерпул и потоа со друг клуб освојува Лига на шампиони.
Во само неколку часа на 31. јануари 2011 година, Челси и Ливерпул направија серија трансфери кои станаа највредни во историјата на англискиот фудбал. Сините ги купија Торес и Давид Луиз, а црвените Суарез и Енди Керол.
Познат терен, свои навивачи, прв клуб во кариерата. Сето ова веројатно влијае кај шпанскиот напаѓач кој откако се загуби во Милан каде постигна само еден гол, направи кам бек во Атлетико и им покажа на Реал и Барса дека не заборавил да игра фудбал.
Ниту еден клуб не сака да загуби некој од своите фудбалери во зимскиот преоден рок и да нема доволно време да најде соодветна замена за вториот дел од сезоната. Најскапиот трансфер во историјата на зимскиот преоден рок е оној на Фернандо Торес од Ливерпул во Челси.
Во првиот натпревар од 1/8 финалето на Кралскиот Куп, Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид 2:0. Торес повторно дебитираше за „јорганџиите", Роналдо влезе во второто полувреме, а Диего Симеоне славеше со син му, кој собираше топки.
И покрај поразите на Реал Мадрид и Барса во шпанската лига, викендов во Примера го одбележа враќањето на Фернандо Торес. Ел Нињо беше пречекан на Висенте Калдерон од 45.000 гледачи, кои дојдоа да го поздрават нивниот миленик. Торес веројатно ќе заигра во градското дерби против Реал Мадрид следниот викенд, а во Атлетико дојде на 1-ипол годишна позајмица.
Кога ќе се врати на неговиот најомилен стадион, Фернандо Торес ќе се сретне со некои од поранешните соиграчи, противници и колеги од репрезентацијата на Шпанија.
Галијани на позајмица во Милан го носи италијанскиот репрезентативец кој пред 4 месеци вредеше 15 милиони евра. Во замена го пушта Торес кој на 10 средби даде еден гол.
На 9 средби за Милан годинава, Шпанецот даде само еден гол, но може да биде главен адут на Пипо Инзаги за дербито против Интер во недела, затоа што досега дал 10 гола на комшиските дуели во Ливерпул, Мадрид и Лондон.
Не е воопшто комплицирано, го пишуваш со маркер новиот играч кој пристигнал во твојот омилен клуб и лепиш трака врз името на стариот. Навивач на Ливерпул тоа го стари со бајатата 9-ка на Торес која ја замени со Рики Ламберт кој дојде од Саутемптон.
Во екот на пријателските подготвителни натпревари пред стартот на новата сезона во националните првенства, за овој викенд имаме двајца голгетери за одбележување. Едниот е Пјаниќ кој ја рогна од преку 50 метри на мечот меѓу Рома и Манчестер Јунајтед, а вториот не е голгетер, а требаше да биде.
Беше дел од шампионската година на клубот кој во 1995/1996 ги славеше титулите во домашното првенство и купот, а сега како тренер има шанса да стигне повторно до двојна круна, но овој пат едната во ЛШ. Од трибините во тоа време неговото име го скандираше еден младинец од академијата на Атлетико Мадрид, а вечерва ќе се обиде да му го наполни голот на неговиот тим.
Нејмар одглуми пенал против Милан, претходно тоа му успеа и на Јанг од Манчестер Јунајтед против Сосиедад, но не и на Артуро Видал од Јувентус кој беше фаулиран од тревата на Сантјаго Бернабеу. Ова се дел од неубедливите фолиранти.
Бразил испиша историја триумфирајќи по четврти пат на Купот на конфедерациите и воопшто не е изненадување фактот што членовите на оваа репрезентација котираат високо на листите на фудбалери кои ги добија признанијата од овој турнир.
Пишувавме за кампањата на Paddy Power со исмевањето на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови на кои им предложија нова работа. Локалните власти наредија отстранување на билбордот за Фернандо Торес, но маркетинг секторот на кладилницата доби нова идеа.
Човекот кој ја одигра својата најслаба сезона во кариерата во дресот на Челси, покрај трофеите од Европското првенство и Лигата на шампиони, ја освои и наградата за најдобар стрелец на ЕУРО 2012.
Екипата на Челси го победи Лестер со 5:2 во рамките на ФА купот и избори пласман во полуфиналето, а најзаслужен за победата беше Фернандо Торес. Во полуфиналето на Челси им се придружи и Ливерпул со победата над Стоук.