Таг: фенербахче

„Му легна“ на Меирелеш

Раул Меирелеш е познат по неговиот силен шут од далечина. Минатиот месец го разнесе голот на Ланкаран на Тошак и Глигоров, а денес со силен волеј удар ја скина мрежата на Салцбург.

Челси и Бенфика финалисти во Амстердам

Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.

Челси е најблиску до финале

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите има значајна предност од првиот полуфинален дуел во Швајцарија со 2:1. На другиот меч турскиот претставник ќе се обиде да го одбрани минималното водство на гостувањето во Португалија.

Челси на чекор до финалето во Лига Европа

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампиони се враќа во Лондон со предност од првиот натпревар откако во полуфиналето славеше на гостувањето кај Базел со 1:2. Со минимална предност од 1:0 во Португалија ќе патува и Фенербахче.

Челси во одбрана на англиската чест

Актуелниот европски шампион го очекува тешко гостување против швајцарскиот првак кој нема пораз сезонава во Лигата на Европа. Жешко гостување ќе има и Бенфика против турски Фенербахче кој ќе брка историско финале.

Бо Мекејлеб со пораз се прости од Евролигата

Нашиот плејмејкер со тимот на Фенербахче неславно ја завршува топ 16 фазата од Евролигата и со пораз во турското дерби од 80:73 заврши на последната позиција на табелата во групата Ф во која успеа за оствари само еден триумф.

Антиќ го победи Мекејлеб

Перо Антиќ со Олимпијакос прослави важна победа на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче на Лестер Бо Мекејлеб и остана во трка за пласман во плејофот на кошаркарската Евролига.

Навивачите на Фенербахче уфрлија бакљи со падобран

Турците се надминуваат себеси. Заради фрлање на бакљи, УЕФА им забрани на навивачите на Фенербахче да присуствуваат на натпреварот против БАТЕ Борисов, но тие повторно најдоа начин како да уфрлат бакљи на терен.

Барселона го понижи Фенербахче

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Барселона требаше да биде еден од поинтересните во осмото коло од Евролигата, но Шпанците го демолираа турскиот тим со 39 разлика по што Бо Мекејлеб се збогува со кошаркарската Евролига.

Победничка ноќ за Антиќ и Мекејлеб

Единствените двајца македонски кошаркари кои се борат во топ 16 фазата од Евролигата, победнични го завршија седмото коло во најелитното клупско кошаркарско натпреварување. Антиќ во дресот на Олимпијакос обезбеди голема победа на гостувањето против Кимки, а Бо Мекејлеб го доби турското дерби против Бешикташ.

Бо Мекејлеб не успеа ниту во Израел

Во третото коло од најелитниот клупски европски кошаркарски собир екипата на Фенербахче го нанижа третиот пораз во низа во топ 16 фазата од Макаби Тел Авив со резултат 91:73.

Најфудбалскиот ден ги оправда очекувањата

Барселона и Реал Мадрид ни приредија спектакуларно „Ел Класико", Милан и Интер одиграа уште едно напнато „Дерби дела Мадонина", „Ле Класик" во Франција полно со возбудувања и голови, московското дерби и припадна на ЦСКА, Порто ја продолжи мизеријата на Спортинг, Фенербахче ги декласираше комшиите, Шкендија го совлада шампионот...

Неверојатна турска кореографија

По кореографијата на натпреварот против Бешикташ пред 2 месеци, навивачите на Галатасарај се надминаа себеси со уште една неверојатна кореографија пред натпреварот со Фенербахче.