Таг: елиф елмас

Опасен старт за Пандев, Нестор и Елмас во Серија А

Излезе календарот за италијанскиот фудбалски шампионат кој го чекавме со душа, бидејќи ќе ги следиме настапите на тројца македонски репрезентативци. Мора уште на старт да бидат тип топ спремни бидејќи ги чекаат заебани битки.

Елмас се обрати преку Фејсбук за трансферот во Наполи

Откако малку му спласна еуфоријата која почна од железничката во Рим, онаа во Неапол, па се до тренинг кампот и деби мечот на кој беше пречекан со овации, Елиф Елмас стокми текст со благодарност до сите и ветување дека ќе даде сè за овој дрес.

Овации и деби настап за Елмас во Наполи

Елиф Елмас не чекаше долго за прв настап во новата средина или Анчелоти не чекаше многу за да го стави во игра, како сакате. За почеток 20 минути на пријателски меч и воодушевување од публиката кога го видоа.

Има лице на дете, ама на терен е ѕвер

За подобро да ги разбереме неговите карактеристики, доволно е да го прашаме најпознатиот Македонец во Италија, Горан Пандев кој вели: Технички спремен фудбалер и голема личност со одличен преглед на игра, како и преглед на гол.

Наполитанската страст на дело кога им се појави Елмас

Иако има само 19 години, а дел од нив сигурно и сега го запознаваат, сепак навивачите на Наполи се познати како посебно луди по фудбал, особено кога ќе видат ѕвезда во живо. Да, велиме ѕвезда, бидејќи само од комбе што го видоа како пристигнува во тренинг кампот почнаа да викаат, да плескаат и да фрчат блицеви. Потоа следуваше пентарење по огради за фотка.

Елмас е еден од најбогатите трансфери во турскиот фудбал

Центарфорот на турската фудбалска репрезентација Ченк Тосун, е фудбалер кој направил најголем трансфер од турски во друг клуб, а веднаш зад него е нашиот Елмас кој е пред имиња како Арда Туран, Муса Со, Демба Ба, Ченгиз.

Збогувањето со Фенербахче и пристигнувањето во Италија

Иако беше дел само две сезони, Фенербахче стокми доста фино видео за да се збогува од македонскиот бисер од кој заработи чисти 16 милиони евра. Во Рим пак предизвика големо медиумско внимание.

Околу недоумицата Ељиф или Елиф

Македонскиот фудбалски репрезентативец го направи најголемиот и најскапиот трансфер на еден наш фудбалер во историјата. Наполи за него одвои повеќе од 16 милиони евра со што Елмас го сврте вниманието на цела Италија кон себе. И конечно заврши дебатата дали е Елиф или Ељиф.

Вака и Наполитанците да спобудалуваат на неговите голови

Турците го следеа што прави и во дресот на македонската репрезентација, а кога го проследија мајсторскиот потег против Летонија пред четири месеци, тоа беше офкање.

Ајде аирлија нов Македонец во Серија А

По сите шпекулации кои траеа со месеци, со една долга листа на десетина клубови во кои го пренесоа, Елиф Елмас конечно го направи трансферот за кој интензивно се зборуваше овој месец. Оди во клубот каде 19-та беше Пандев, а 10-ка Марадона. Со среќа младичу.

Елиф Елмас го знаат и како Кари

Додека Фенербахче и Наполи наводно се тегнат околу сумата за него, бидејќи Италијанците нуделе 15, а Турците бараат 20 милиони, Елмас шутира тројки од паркинг. Како велат старите, убаво е човек да знае и втор занает.

Елмас слета на аеродром, ама не во Неапол

Додека италијанските медиуми го преселија во Наполи и тоа со тврдење дека денеска ќе се појави на медицински и ќе потпише за сума од 15 милиони евра, македонскиот репрезентативец мртов ладен се појави во Истанбул и тоа со следниов муабет:

Италијанските медиуми тврдат дека Елмас е веќе Наполитанец

Откако го пренесоа во пола Европа со наслови од типот: „За Елмас се интересираат“, „Го следат“, „Го посакуваат“, „Мета на големи клубови“ и сл, денеска на Апенините пишуваат дека македонскиот репрезентативец дефинитивно ќе биде новото засилување на Наполи.

Ова со Елмас стана Касандра

Големиот македонски талент од Фенербахче само овој месец го пренесоа во Интер, Милан, Наполи, Атлетико и Севиља, а претходно и во Борусија, Манчестер Сити, Лацио и каде уште не. Сега најново и Тотенхем бил во игра.

Копачките на Елмас со посебен натпис

Додека останатите фудбалери се решаваат воглавном за стандарден изглед на копачките, фудбалерот на Фенербахче и македонската репрезентација носи необични на кои е испишана неговата најголема желба.

Специјален подарок од Луис Суарез за Елмас

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче и е меѓу подобрите во тимот. Во текот на неделата Елмас на Твитер го објави подарокот кој го добил од Луис Суарез, дрес со автограм и посвета, најверојатно благодарение на Мартин Шкртел кој со Уругваецот играше во Ливерпул.

Елмас блесна со гол на турското Ел Класико

Во период кога веќе тешко е да се следат сите медиумски написи за тој колку пари нуди за македонскиот бисер и каде ќе ја продолжи кариерата, тој постигна гол во големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши 1:1. Одлично се снајде во шеснаесетник 19 годишниот репрезентативец на Македонија.

Арапскиот коментатор офкаше на голот на Елмас

Со 19 години и 6 месеци, Елиф Елмас синоќа против Летонија стана втор најмлад стрелец во историјата на македонската репрезентација. Со првиот гол го отвори резултатот, а со последниот го затвори и ги наполните турските медиуми кои го величат во еден куп спортски портали. Мајсторијата на фудбалерот на Фенербахче има уште поголем шмек со арапски коментатор.

Ремек делото на Елмас против Летонците

Играта на македонската фудбалска репрезентација падна откако излезе лидерот Пандев, а Летонците тоа го искористија и во 87 минута намалија на 2:1. Но во третата минута од судиското продолженија македонскиот бисер со мајсторија ја крена на нозе арената Филип Втори. Погледнете го овој лоб на 19 годишниот член на Фенербахче за конечни 3:1

Лесен залак за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со победа го отвори новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Момците на Игор Ангеловски играа викторија пред голот на Летонија која е 131-ва селекција според рангот на ФИФА и ја решија уште во првото полувреме.

АС: Реал Мадрид сериозно заинтересиран за Елиф Елмас

Реномираниот шпански АС, се повикува на македонскиот портал Скопје24 и на насловната страна на својот сајт објавува занимлива вест.

Тричко во голгетерска форма, победи за Адеми и Елмас

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски со гол во 25 минута го отвори резултатот на гостувањето против Баер Л кое АЕК на крај го загуби со 4:2. Аријан Адеми и Елиф Елмас славеа со Динамо и Фенербахче, а Спортинг направи пресврт со два гола во судиско продолжение. Ристовски остана на клупа.

Најјаките моменти од дербито на Истанбул

Пред околу 50.000 гледачи Фенербахче и Бешикташ одиграа 1-1. Гостите поведоа со прекрасниот гол на Рајан Бабел во 39’ минута а Фенер израмни со идентично убав гол на Андре Ају со глава во 71’ минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 56’ минута.

Најмладиот стрелец за Фенербахче по 1988-ма е Елмас

По Александар Трајковски, уште еден член на македонската репрезентација беше човек на одлука на првенствените викенд средби. Фенербахче славеше 0:1 на гостувањето против Коњаспор, а мечот го реши Елиф Елмас кој стигна до деби гол за турскиот гигант на официјален меч. Летоска стрелаше на пријателска против Феенорд.