Пред околу 50.000 гледачи Фенербахче и Бешикташ одиграа 1-1. Гостите поведоа со прекрасниот гол на Рајан Бабел во 39’ минута а Фенер израмни со идентично убав гол на Андре Ају со глава во 71’ минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 56’ минута.
По Александар Трајковски, уште еден член на македонската репрезентација беше човек на одлука на првенствените викенд средби. Фенербахче славеше 0:1 на гостувањето против Коњаспор, а мечот го реши Елиф Елмас кој стигна до деби гол за турскиот гигант на официјален меч. Летоска стрелаше на пријателска против Феенорд.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас викендов го постигна дебитантскиот гол за турскиот гигант на пријателски натпревар против Феенорд. 18 годишниот бисер кој лани направи трансфер од Работнички во Фенербахче не доби голема шанса минатата сезона во која беше регистриран од јануари. Новиот тренер Филип Коку веќе го пофали, па се надеваме дека почесто ќе го гледаме на терен. Има откупна клаузула од дури 23 милиони евра.
Не знаеме дали му успеало од прва, ама битно ја даде и тоа од две позиции. Македонскиот фудбалски бисер се надеваме дека не ја згрешил професијата. Пазете сега.
По разочарувачките 45 минути против Црвената Фурија, Ангеловски во вториот дел му даде можност на едно дете кое влезе во игра на 17 години, не загуби дуел, а првиот му беше против Иниеста на кој му ја украде топката дрско и без респект.