Таг: џон оливер

Џон Оливер: ФИФА 2

Не работата "ви реков," ама Џон Оливер многу аргументирано ја збореше ФИФА и криминалите околу неа уште ланското лето. Ова е апдејтот по минатонеделното апсење на функционерите.

Тајната технологија на Стујарт и Оливер

Најголемата заблуда околу Дејли Шоу, Ласт Вик Тунајт или кој и да може како по нарачка да извади клипови од архива, е претпоставката дека тие имаат цела легија ботови кои следат и паметат се што се случува на телевизија, па во секое време можат да го најдат потребниот исечок и потребните зборови што ти требаат за во сегментот. Нормално дека немаат.

Филип Морис го возвраќа димот

Водителот на Last Week Tonight посвети цели 20 минути од неделната епизода на тутунските компании, особено пржејќи го Филип Морис заради неговите судски спорови со држави кои се обидуваат да го заштитат нивното јавно здравје. Компанијата му возвраќа со неколку линкови.

Ефектот на Џон Оливер

Стујарт и Колбер го дефинираат жанрот на сатирични вести и генерално се посветени на анализирање и исмејување на актуелните настани. Оливер тргнува од нивната работа и се надградува со воведување на истражувачко новинарство на теми од нет неутралност, до милитаризација на полицијата и долгот на Аргентина.

Оливер во најава

Колбер нема да се враќа (на старото место), ама Џон Оливер ќе се враќа и ништо нема да биде исто како до сега. Премиера - 8-ми февруари.

Џон Оливер се врати кај Џон Стујарт

Прво Стујарт си оди, па седна Оливер, па седнаа репортерите на Дејли Шоу што беа во Иран и го предизвикаа апсењето на новинарот Мазир Бахари, па по нив седна Мазир Бахари чие затворање го предизвика Џон Стујарт да го сними филмот Роузвотер. И.тн.

Како Џон Оливер ги спаси Дејли Шоу и Колбер

Убавината во емисиите на Стујарт и Колбер не е само човечката политичка мудрост и логика што ја шират, туку и нивото на мајсторство кое го гледаш од минута во минута: од паметно пишување и глумење, до монтажа и графика. Со појавувањето на Џон Оливер, откриваш дека имало место за напредок.

Измамата на убавината на Мис Америка

Кога би се прескокнале сите останати забелешки околу Мис Америка по сите останати основи, и на проблемот би се пристапил од чист УЈП аспект, би ја фатиле организацијата како лаже за околу 44 милиони долари само по основа на поделени студентски стипендии.

Шкотска си бескрајно

Како и во регуларна врска, на Англичаните им текна колку многу им значи Шкотска, само кога Шкотска почна да размислува за раскинување. Гледано од тука, аргументите за заминувањето од Обединетото кралство се многу човечки и многу логични. И другата страна има човечки аргументи за останување, и доста економски и логистички, и едноставно - вака е подобро. Гласањето е во четврток.

Фергусон виа Џон Оливер

Ние ја фативме темата од некаде, Оливер ја обработува од почеток и после продолжува со тоа како полиција во мирен град сред Америка од едвај неколку илјади луѓе, има оклопни возила создадени за вонредни ситуации сред Кабул.

Џон Оливер, државен непријател на Тајланд

Тоа што вам ви е смешен Џон Оливер, не значи дека и е интересен и на воената хунта на Тајланд, посебно кога ја исмејува владата и монархијата на земјата.

Како Џон Оливер растури на ХБО

Во време кога се' се прави да биде што е можно пократко затоа што ценетиот читател и гледач сака да прави се' освен да чита и да гледа, Џон Оливер одлучи дека публиката ќе сака да гледа ултра долги истражувачки стории (15-20 минути). Два месеца подоцна, изгледа човекот не згреши.

Стивен Хокинг vs. Џон Оливер

Двајцата Британци. Двајцата соодветно славни во Америка. Првиот е еден од најбрилијантните луѓе на планетата, вториот се појавува на телевизија еднаш неделно и никогаш нема да излезе со Чарлиз Терон.

Неподносливата леснотија на игнорирање на нет неутралноста

Проблемот со нет неутралноста е што звучи непогрешиво одвратно и незанимливо, како нешто за кое никој не помислува да каже ниту збор само затоа што мисли дека огромни се шансите дека таа најверојатно не се однесува на него. Грешка сте по сите основи. Плус, еве ви најчовечко објаснување за терминот и до каде е дојдена целата ситуација.

Како треба да изгледа секоја дебата за климатски промени

"Не ти треба мислењето на луѓето во врска со факти. Тоа ти е како да правиш анкета 'Кој број е поголем 5 или 15?' или 'Дали бувовите постојат?' или 'Дали има капи?' Дебатата за климатски промени не треба да биде дали постои или не, туку што можеме да направиме во врска со тоа." П.С. Истиот овој формат важи и за секоја дебата што ви изгледа сулуда, како вакцинирање и слично.

Лекција по разговарање со медиуми што те ругаат

Кога медиум ќе спомне некој бренд по лошо, најредовната закана е - никогаш веќе нема да видите реклама од нас и слично (ова веќе ниту е интересно, ниту пак некој ќе се изненади со вакво однесување). Во вака задушена (и досадна) околина ви го пуштаме одговорот што Џон Оливер го доби од производителот на сокови од калинка POM Wonderful откако ги ругаше на телевизија.

Џон Оливер доби сопствено шоу на ХБО

После феноменалната летна сезона како замена на Џон Стујарт во Дејли шоу, беше само прашање на време кога некој ќе го ќари Џон Оливер. Победник во трката излезе ХБО.