Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан, ПСЖ па пензија. Дејвид Бекам играше само во големи клубови, но правеше и големи договори со модните куќи за многу пари. За тоа време имиџот го менуваше како чорапи.
Ретко се случува Букбокс да има некаква врска со спортската рубрика на сајтов. Ама подобро од ова не може да биде - како би изгледало кога Бекам не би се викал Дејвид, туку Жан-Пол, и би играл за „Егзистенцијализам"?
Стотици луѓе се јавиле во канцелариите на англискиот третолигаш Лејтон Ориент затоа што им се слушнало дека последниот натпревар на Дејвид Бекам ќе биде против овој тим, а всушност ПСЖ во последното коло му гостува на Лориен.
Дејвид Бекам објави дека ќе се пензионира, а на кладилниците на островото им требаше само неколку часа за да ја збогатат својата понуда со коефициенти за иднината на англиската икона. Помеѓу другото, можете да се кладите и на тоа дали ќе биде градоначалник или премиер.
Најпопуларниот англиски фудбалер кој многумина го сметаат и за модна и фудбалска икона, по завршувањето на сезоната најавува дека ќе се повлече од фудбалот со образложение дека сега е вистинскиот момент да се прости од најважната споредна работа во светот додека игра во солидна форма.
Познатите италијански комичари од популарното шоу „Ле Јене“ (Хиени) како дестинација за нивното препознатливо мајтепење со познати личности го одбраа Париз или поточно тимот на ПСЖ и нивните ѕвезди. Еве на каков начин се обидоа да стигнат до потпис од Пасторе, Анчелоти, Бекам и Ибрахимовиќ.
За разлика од многуте фудбалери кои деновиве имаат обврски кон репрезентативниот дрес за квалификациските натпревари за Мундијалот во Бразил, еден играч ја искористи малата пауза во националните првенства за парадирање и сликање пред фотоапаратите и објективите. Погодувате кој е тој?
Дејвид Бекам за прв пат се најде во стартниот состав за ПСЖ и тоа при победата со 2:0 на дербито од купот против Олимпик Марсеј. При еден погруб дуел со Ају, противничкиот фудбалер го собори Бекам на тревата, но тоа не му пречеше на Англичанецот. Проблем е што му се растури фризурата, па неговата реакција на целата ситуација беше како тој да се наоѓа на сред снимање реклама за шампон.
И покрај 37 годишната возраст во која ги брои последните мигови од славната фудбалска кариера, Дејвид Бекам се уште има огромно влијание во маркетинг секторот преку кој успева да го привлече светскиот аудиториум, но и на компаниите да им донесе милионски профити.
Иако славниот ветеран беше само 14 минути на теренот и учествуваше во акцијата при постигнувањето на голот на Ибрахимовиќ, французите си направија шоу од неговиот деби настап.
Англиската фудбалска икона која вчера го официјализираше трансферот во ПСЖ, "пропушти" голема прилика да заигра во Норвешката осма лига. Клубот кој му достави понуда на Бекам изминатава година заработил цели 700 евра.
Не се исполни сонот на Дејвид Бекам кој посакуваше на крајот од својата кариера да настапи на Олимписките игри во Лондон, па тој својот гнев го истури на натпреварот против Сан Хозе.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо заработуваат по околу 20 милиони долари годишна плата од нивните клубови, Дејвид Бекам „само“ 9, но кога на оваа сума ќе се додадат и парите од спонзорите, тој сè уште има најголема заработка помеѓу фудбалерите.