Фудбалерот на колумбискиот Атлетико Насионал, Алехандро Бернал на натпреварот против уругвајскиот Насионал заработи црвен картон по 20 секунди игра и го постави новиот рекорд за најбрзо исклучување во јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони.
Во последно време зачестија лудите прослави на фудбалерите за кои си заработуваат црвени картони, па решивме да ги собереме на купче најбизарните исклучувања, а предводник на оваа група е нашиот Марио Ѓуровски.
Поранешниот член на Арсенал, Емануел Фримпонг ептен зажали што направи трансфер во Барнсли, а неговото деби за новиот клуб заврши со црвен картон по половина час игра.
Естудијантес и Химнасија Ла Плата се големи аргентински ривали, па нивните дуели се „вжештени" дури и на пријателски натпревари, па судијата смисли многу добар начин како да спречи евентуални повреди.
Италијански нисколигаш тврди дека фудбалерите не употребиле грди зборови кон судијата, но сепак на крај поради неговиот скандалозен чин службено го загубиле мечот.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска можеби го сруши рекордот за најбрз црвен картон по влегување на терен и го заслужи нашето признание за офсајд лик.
Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.
Максимилијан Хофман е 19-годишен надежен австриски фудбалер кој го имаше најлошото можно деби во историјата на фудбалот со што го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Само една мала шега беше доволна за фудбалер од Тајланд да го налути судијата кој донесе престрога одлука и предреме го испрати во соблекувалната. Ова нека биде апел до Марио Ѓуровски кој стана познат по циркузантските потези во тајландското првенство.
Често пати гледаме како тренерите добиваат црвени картони и потоа натпреварите ги гледаат од трибините, но тоа се случува кога ќе претераат со приговор. Роландо Чилаверт од Перу се вмеша онаку каде што не му е местото, на теренот.
Карло Анчелоти направи добар гест и му даде шанса на четвртиот голман на ПСЖ да се појави на теренот за прв пат по три години, но Ронан Ле Кром по само 21 минута доби црвен картон и го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Не, ова не е приказна за Илчо Наумоски кој призна дека намерно добивал картони за да може да оди на натпревари на Партизан, туку за хрватскиот голман Младен Матковиќ кој изнудил црвен картон за да биде кум на свадбата на најдобриот пријател.
Колумбиецот Карлос Куинтеро од редовите на мексиканскиот клуб Сантос Лагуна се обиде да ја употреби „Божјата рака" од Светското првенство во 1986-та година кое се одржа токму во Мексико, но таков потег им успева само на големите мајстори како Марадона.
Кога ќе се спомене Марк ван Бомел, веднаш помислувате на груба игра. Холанѓанецот се потруди така да остане и запаметен откако заработи црвен картон на последниот натпревар од неговата кариера.
Овој пример во англиската Чепмионшип втора лига покажува дека црвените картони понекогаш се делат и за најбизарни работи. Ешли Барнс од Болтон е можеби единствениот фудбалер кој предвреме замина во соблекувалната поради мала невнимателност врз судијата.
Македонскиот интернационалец Горан Попов заработи директен црвен картон за плукање кон противничкиот фудбалер Кајл Вокер. На крајот Вест Бромвич Албион со фудбалер помалку загуби од Тотенхем со 0:1.
Голманот на Етиопија, Џамал Тасеу доби црвен картон за старт над напаѓачот на Замбија, но при стартот тој и самиот се повреди, па картонот му беше покажан додека беше изнесуван на носилки.
Колумбиецот Џерардо Бедоја е познат како еден од најгрубите фудбалери на планетата. Тој го заработи и 41-от црвен картон во својата кариера за удирање со лакт на противникот, но тоа како да не му беше доволно. За својата постапка тој доби суспензија од 15 натпревари и ќе плати казна од 5.000 долари.
Судијата Ли Проберт беше покосен од Сидвел и Вотсон на денешниот натпревар помеѓу Виган и Фулам по што мораше да му биде укажана лекарска помош, а тој на шега им покажа црвен картон на двајцата фудбалери.