Колумбиецот Џерардо Бедоја е познат како еден од најгрубите фудбалери на планетата. Тој го заработи и 41-от црвен картон во својата кариера за удирање со лакт на противникот, но тоа како да не му беше доволно. За својата постапка тој доби суспензија од 15 натпревари и ќе плати казна од 5.000 долари.