Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?
Откако потпиша 18-месечен договор со Челси, Томас Тухел имаше помалку од 24 часа да ја организира екипата за мечот со Вулверхемптон кој заврши без голови. Тухел полека ги запознава играчите, а уште не го научил правиот прекар на капитенот Сезар Азпиликуета.
Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека од јуниорски, најмлади денови, стигнале до прв тим па дури и ја навлекле капитенската лента во омилениот клуб. Таков е Мејсон Маунт од Челси.
Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.
Деветто место во Премиер лига после 19 одиграни кола, -11 бода зад лидерот Манчестер Јунајтед и неколку слаби резултати со најскапо платен тим е причината зошто Челси реши да ја отпушти клупската легенда.
Во 15. коло од Премиер лигата, Арсенал ја прекина катастрофалната серија со голем триумф во градското дерби против Челси (3:1). Лаказет од пенал, Џака од слободен удар, а Букајо Сака после еден обид за центаршут иако тврди дека намерно го лобувал Менди.
Челси водеше против Вулвехремптон на гости со 0-1, но домаќините направија тотален пресврт и во 90+5' минута од продолжението славеа 2-1. Ама момент за кој се зборува е оној од 75' минута кога Канте од нигде никаде си ја фати топката од рака после аут.
Тотенхем победи во дербито на Северен Лондон против Арсенал и се врати на првото место на табелата, но главен настан во англискиот фудбал беше враќањето на навивачите.
Втората половина на '90-те години беше најдобриот период во ХХ век за Челси. Клубот од Лондон во 1955-та станал шампион на Англија и освоил Суперкуп но во тие години бил просечен второлигашки клуб.
И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.
Асоцијација за прекрасниот Лестер кој сензационално освои титула во Премиер лига се Раниери, Варди, Ријад Марез и Каспер Шмајхел. Кога се набројува таа шампионска генерација, неизоставен дел е и Дени Дринквотер.
Преодниот рок за речиси сите европски лиги заврши. И покрај најавите за штедење и оптимизација на трошоците предизвикани од глобалната пандемија, некои клубови решија да потрошат многу пари на трансфери за нови засилувања.
Уште во првите неколку кола од Премиер лигата, Брајтон имаше екстремно тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед, па гледачите и навивачите можеа да го забележат активното десно бекче на овој тим. Визуелно изгледа како да има 14 години.
На денешен ден пред точно 50 години падна најконтроверзниот гол во историјата на англискиот фудбал. “Стрелец“ беше Алан Хадсон кој ја погоди стативата ама таа задната од надвор. Судијата со цел памет досуди гол.
Англија а и целиот свет се спремаат за (веќе никој не знае точно) втор ли трет бран, па премиерот на Велика Британија Борис Џонсон објави дека навивачи на трибините нема да има од 1. октомври „па до никој не знае кога“.
Кај Хаверц и Тимо Вернер се топ, светска класа играчи. Но навивачите на Челси цело лето чекаа еден друг трансфер - клубот да им подари нов голман кој би можел да го замени Кепа Аризабалага на голот. Абрамович им ја исполни и таа желба.
Без поголеми проблеми момците на Френки Лампард го прегазија Барнсли од Чемпионшип во Лига Купот со 6:0. Јунак на вечерта беше 21-годишниот Кај Хаверц за кого Абрамович даде вреќа со пари.
Челси со задоволство објави дека потпишал договор со нов голман - Едуард Менди кој за 22 милиони фунти го купуваат од Рен. На Лампард и навивачите конечно ќе им олесни зошто најскапиот голман на сите времиња Кепа Аризабалага направи еден куп киксови и минатата сезона и сега.
Ливерпул по убедливо освоената титула минатата сезона, продолжува да гази и во новата. Го совладаа големиот ривал Челси со 0-2 со два гола на Садио Мане, откако домаќинот играше со играч помалку по црвениот картон на Кристенсен. Кога судијата го исклучи Данецот некои од клупата на Ливерпул аплаудирале, па Клоп им се свртел.
Ја нарекуваат најмоќната жена во светскиот фудбал, а имајќи ја предвид нејзината улога и одговорност, таа е речиси анонимна. Лицето и го гледаме, но гласот не и го слушаме, а во позадина е опасно добра за работа.
Богатиот Роман Абрамович никогаш не жалел пари да го засили својот сакан Челси, а летово клубот се освежи како речиси никогаш во трофејната ера на Русинот. И немаат намера да сопрат, а во истовреме и продаваат солидно.
Откако Лампард го врати во Челси од Дерби Каунти, Мејсон Маунт стана неизоставен дел од првата постава на сините. Главен играч во организација на нападите и мајстор за слободни удари кој го внесе својот тим во Лига на шампиони. Некогаш и сега.
Лампард стана тренер на Челси во еден од понезгодните моменти во историјата на овој клуб, кога соочен со суспензија од УЕФА поради кршење на финансиски фер плеј, мораше да игра со веќе постоечкиот состав зачинет со неколку младинци кои беа позајмени по други клубови.