По неверојатното првенство со Киево на Џиџи Делнери, бразилското десно крило потпиша богат договор со Лацио во летото 2002 но трансферот пропадна откако му го откриле правиот идентитет.
„Среќа што Роберто Карлос кој му беше цимер бил присутен во собата кога Роналдо доживеал страшен напад, го голтнал јазикот и се тресел“, вели докторот кој ги проучил сите документи и анализи околу здравствената состојба на Феноменот кој бил приморан да го игра финалето.
Кој како оди во Кина за него се зборува дека толку му е снагата, дека оди таму да заработи убави пари и дека на топ-ниво не може да игра веќе. Но Пато во Кина се разигра како во најдобрите денови и ги оправдува парите вложени во него.
Ако некој е цар за егзибиции во тие таканаречени езгибициски натпревари, тоа се Бразилците. Треба стварно да си одлично технички поткован за вака да ти тргне акцијата и на крај да ја завршиш фраерски. Океј, треба и противникот да олабави со чување, како што е тука.
Градските власти во обид да ги подобрат условите во фавелите, ненамерно го пореметија пазарот така што цените во фавелите на Рио растат. Автоматски, сиромашните во чие име се правеа подобрувањата, сега мора да се селат на бетер места.
Бразилка во Бугарија некако завршува на некоја прослава во селото Блгари. Во исто време таму да ти е и некој човек што цело време сите го сликаат, камери го снимаат и шета со обезбедување. Би било глупо да се пропушти шанса за сликање со човекот.
Бразил е земја непресушен извор на таленти кои со топката прават чуда. Последно откритие е Винисиус Жуниор, 16-годишното момче кое пред неколку дена првпат тренирал и дебитирал со сениорска екипа. Реал не размислувал два пати и веднаш го купил.
Тимот на Шапекоенсе се врати во Колумбија, на меч од Рекопа (Супер Куп) против Атлетико Национал. Меѓу пристигнатите беа и преживеаните од авионската несреќа на 28. ноември лани - Џексон Фолман, Алан Рушел и новинарот Рафаел Хензел.
Не знаеш што ќе направи во секој нареден момент и како ќе го седне противничкиот бек на земја. Против Виљареал играше лесно како перце, а дриблаше како Пеле.
Многу често го споредуваат со Роберто Карлос, а неретко за него се зборува и дека е подобар од неговиот сонародник. Марсело повеќе од 10 години е стандарден бек на Реал Мадрид и поседува луцидна техника.
До 12 години играл фудбал по плажите во Рио но немал намера да стане фудбалер. Повеќе сакал да тргне по стапките на татко му кој бил пожарникар, но со тоа не се сложил дедо му кој го насочил на прав пат.
Легендарниот Бразилец кој денес полни 37 години дебитантскиот гол за Барселона го постигна на 3. септември 2003-та година против Севиља. Ја зема топката од својата половина, направи слалом меѓу противниците и со бомба од преку 30 метри постигна маестрален гол. Од тој момент не престана да блеска во тимот од Камп Ноу.
Животот во Шапекоенсе полека се враќа во нормален колосек. Тоа го покажаа во Венецуела каде победија 1-2 и ги освоија првите бодови во најсилниот турнир во Јужна Америка.
Во една од најгледаните емисии на бразилскиот ЕСПН, легендарниот Роналдо откри што била причината поради која не останал подолго во Барселона иако се вљубил во градот и зошто на Светското првенство пред 15 години излезе со најглупата фризура во историјата.
Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...
Како и многу други бразилски феномени со топката, така и Габриел Жезус растел во сиромашна средина, без перспектива, но талентот за фудбал го донесе во најбогатиот европски клуб каде го тренира еден од најдобрите учители на денешницата.
Во составот на славниот Бразил кога ќе се споменел хумор и зафрканција, сите со прст покажувале во човекот кој во авион барал банкомат, јадел глушец на жар и ја исплашил чистачката во Бенфика кога на бразилски ѝ побарал лист хартија.
Со 11 младинци прекомандувани во првиот состав и со дел од оние фудбалери кои ја избегнаа тешката авионска несреќа во Колумбија, Шапекоенсе наскоро ќе ја започне новата сезона во која никој нема големи очекувања и не им поставува притисок.
Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.
Болка и солзи на улиците на бразилскиот град Шапеко каде навивачите на Шапекоенсе за последен пат се простија од своите омилени фудбалери кои им донесоа толку многу радост изминативе години.
Шапекоензе е клуб којшто неверојатно напредувал во последните седум години и од бразилската четврта лига стигнал до финалето на едно од најголемите натпреварувања во светот на фудбалот, Копа Судамерикана. За жал, бајката на оваа симпатична екипа заврши трагично.
Авион со 81 патник и членови на посадата којшто патувал од Боливија кон Колумбија се срушил близу Меделин. Во авионот бил бразилскиот прволигаш Шапекоензе кој патувал на финале од Копа Судамерикана. Пет преживеани.