Таг: бразил

Како Роберто Карлос им отвори работа на физичарите?

Голот на Роберто Карлос против Франција во 1997. година и натаму е предмет на расправа меѓу физичарите. Ерец Гарти од ТЕД-ед преку физиката го објаснува летот на топката по шутот на левиот бек.

Нереалниот Нејмар против Перу

Еден гол даде, еден намести и со 23 години стана најмладиот капитен во историјата на Копа Америка. Нејмар синоќа беше најзаслужен за триумфот на Бразил над Перу од 2:1 и го постигна 44. гол за репрезентацијата што на 23 години не му тргнало од рака ниту на Пеле.

Капетан Зико го спасува бродот на ФИФА

Поранешниот бразилски фудбалер и тренер вели дека е способен да ја преземе диригентската палка во ФИФА, иако е свесен дека за тоа ќе му треба поддршка од сите Конфедерации. Во меѓувреме ЕП побара Блатер веднаш да си замине.

Топ 10 таленти во Јужна Америка

Јужна Америка е континент кој од година во година извезува најмногу фудбалери ширум светот. Радарите на скаутите во моментов се насочени кон неколку играчи кои се споредуваат со Нејмар, Меси, Маскерано.

Самба, танго, страст и фудбал - Копа Америка

Со натпреварот Чиле - Еквадор во петок во 01 часот после полноќ по средноевропско време, започнува 44. издание на најстариот турнир за репрезентации на светот кој ќе заврши на 4. јули со финалето во Сантијаго.

Двојниците на Тијаго Силва и Давид Луиз

Кога ги гледате на слика ќе помислите дека се Силва и Луиз како мали или па нивните синови. Тоа се уствари Луан и Мурило кои немаат врска со бразилските фудбалери и кои станаа познати на Мундијалот во Бразил. Се појавија и на вчерашниот пријателски дуел меѓу Бразил и Мексико.

Нека не ве чуди, Бразилец е

Во рамките на Адидас фристајл кампањата, Марсело ги покажа своите технички способности учени на Копакабана во Бразил и уште еднаш докажа дека фудбалерите од оваа земја се потпишуваат со топката.

Давид Луиз по побожните стапки на Кака

Додека неговите соиграчи го демолираа Монпеље со 6:0, Давид Луиз минатата недела се крстеше во Евангелистичка црква, каде уште еднаш дал збор дека ја чува својата невиност додека не се ожени со девојката Сара Мадеира.

Мајсторе сакам фризура со ликот на Нејмар

Во пресрет на реваншот од полуфиналето на ЛШ меѓу Баерн и Барселона, од Сао Паоло пристигна нова мода. Нејмар е идол на младите во Бразил, кои се натпреваруваат кој повеќе ќе го воздигне напаѓачот.

Јунакот на Заир што ја рогна топката за да остане жив

Минатиот петок во ДР Конго почина поранешниот репрезентативец на Заир, кој стана познат по гестот против Бразил на Мундијалот во Германија пред 31 година за кој му се смееше цел свет, а тој го направил од мака.

Бразилците се тепаат и кога слават титула

Во Јужна Америка често пати работите на фудбалски натпревар излагуваат од контрола. Така беше и во еден понизок ранг каде во финалето Форталеца стана првак со гол во последните мигови од средбата. Судијата свирна крај, а тоа беше почеток за војна на теренот.

Чудни фудбалски терени

Не знаеме колку е верна приказната за игралиште во Кратовско, каде теренот бил толку кривоаголен што кога напаѓачите ќе ја загубеле топката пред противничкиот гол, му викале на својот голман „Идат“! Но знаеме за терен со големо дрво на средина во Бразил и страшно крив терен во Германија.

Златен медал од Светско за кокаин

Соиграч на Пеле од бразилската фудбалска репрезентација која го освои Мундијалот во Мексико го продал златниот медал за кокаин.

Контра од несмасност и автогол

Кога колата ќе тргне удолу, нема назад. Тоа им се случи на фудбалерите на Боа Еспорте против Аваи, во втората бразилска лига.

Реал Мадрид игра самба

Кралевите го купија и 23-от Бразилец во својата историја, откако со тимот од Мадрид 6-годишен договор вчера потпиша десниот бек Данило (23) од Порто. Првиот Бразилец што играл за Реал е Фернандо Гудичели.

Пит булот Гари Медел го згазна Нејмар

По дебаклот на Мундијалот во нивната земја, Бразилците редат победи. Денес во Лондон во пријателски меч го совладаа Чиле 1:0, со голот на Фирмино. Во текот на мечот фудбалерот на Интер, Гари Медел намерно го згазна Нејмар и не доби црвен картон.

Франција - Бразил, сигурен спектакл

Дуелот меѓу Ле Блус и Селекао никогаш не ја разочарал публиката. Минатото донесе моменти како голот на Роберто Карлос од слободен, двата со глава на Зидан во финалето на СП и сомнителниот пенал на Белон. Вечерва играат пријателска на „Стад де Франс“ во Париз.

Спортска дрскост на Клод Макелеле

Пред четвртфиналето на СП 2006 меѓу Франција и Бразил, со голема почит за противникот зборуваа Зинедин Зидан и Тиери Анри. Не и Клод Макелеле.

Голман, не можеш против дождот

Во дерби натпреварот со дури 4 црвени картони, Фламенго го совлада Васко Де Гама 2-1. Двата гола за домашните беа дело на Александро, кој за првиот имаше помош од поплавениот терен.

Бразилски полу-ножички

Од Бразил често доаѓаат ефектни голови, а таков падна на дуелот Атлетико ГО -  Гојанезија. По извонредната акција, Вендел Лира постигна филмски погодок.

Ајакс и Партизан извезуваат најмногу таленти

Последното истражување на Меѓународниот центар за спортски студии од Нојшател, покажува дека клубовите од Амстердам и Белград дале најмногу фудбалери од својата школа по „белиот свет".

Најсрамниот фаул на СП Катар

Ракометарот на ПСЖ, Игор Вори кој со Хрватска го мина Бразил во осминафиналето, доста непристојно играше во одбрана.

Најтвитаното на Британците за 2014-та

Доколку годинава следевте што правеа Твитерџиите најмногу на нивната омилена и сеирџиска друштвена мрежа, тоа е пишување или тролање за дебаклот на Бразил кој загуби од Германија со 7:1.