Таг: барселона

Киево и Барса имаат да ви покажат нешто

Што имаат заедничко овие две екипи колово? Една не иста, ама слична акција во три потези. Колку се само слатки овие голови без многу потење, со две додавања од гол на гол, третиот допир со топка го претворија во погодок. Треба и да ти се погоди акцијата.

Голот на Ракитиќ кој го прогласија за најубав во Лига на шампиони

По крајот од групната фаза, УЕФА секоја сезона одбира најубав гол. Овојпат признанието го доби хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ за бомбата против Тотенхем на „Вембли“ (2:4).

Леле колку ќе го јадеме од Барса

Фудбалерите на Лион добија пеколно тежок противник во осминафиналето од ЛШ. Играчите заедно ја гледаа ждрепката во соблекувална и вриштеа, а по реакцијата на тој што снимаше, јасно им е што ги чека.

Луд момент од една стара средба меѓу Барса и Лион

За пласман во четвртфиналето од Лига на шампиони, на денешната ждрепка во Нион се паднаа Лион и Барселона. На една од претходните нивни средби во овој турнир, на 10 октомври 2001-ва, францускиот голман Грегори Купе направи чудесна одбрана на самиот почеток од мечот.

32 хет трик на Меси во кариерата

Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.

Шпанска доминација

Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.

Навивачот на Барса кој остана да мрзне без јакна

До каде само може да отиде омразата и нетрпението на дерби, па и на едно вакво како каталонското. Навивачите на Еспањол забележаа падобранец на трибина облечен во јакна на Барса. Не го навредуваа, ниту го набркаа, туку му ја земаа јакната. Редарите го преместија меѓу навивачи на Барса кои се обидуваат да го утешат и да го стоплат. Потиштен беше човекот.

Милото дете од Авганистан го изгубило дресот од Меси, преживува војна

Родителите две години не го пуштале во школо затоа што се плашат некој да не го киднапира и да бара голем откуп од Меси и од богатите институции.

Барди е втор најдобар стрелец од слободни во Европа, Меси е неприкосновен

Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.

Дресовите во кои Барселона ќе игра следната сезона

Мешавина меѓу иновација и традиција - Каталонската гордост следната сезона ќе носи нови дресови кои донесоа различни коментари по социјалните мрежи.

За Барса заигра и малиот вундеркинд Рики Пуч

Додека Меси и Суарез беа на трибини со синовите, на теренот Барселона со 4-1 ја совлада Леонеса во шпанскиот Копа дел Реј и се пласираше во осминафиналето. Моменти за одбележување се трите асистенции на Иван Ракитиќ, двата гола на Денис Суарез и дебито со асистенција на Рики Пуч (19) кој влезе во 55’ минута место Бускетц (Ориол не Серџио).

Во Барселона има ново чудо од дете

Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.

Излезе аудио снимка од ВАР комуникацијата меѓу судиите на Барса - Реал

Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.

Што биднало со згужваната салфетка на која е напишан првиот договор на Барса со Меси

Иако има годишен буџет од околу 30 милиони евра, фамозната академија на Барселона - „Ла Масија“ долго време се нечкала дали да потпише договор со малиот Лионел Меси чие семејство барало изнајмен стан, патни трошоци и плаќање школарина.

Малку се фудбалските богови на кои им аплаудирал „Сантијаго Бернабеу“

На 19 ноември 2005 година се случи нешто незамисливо на стадионот во Мадрид: Навивачите на Реал станаа на нозе и долго му аплаудираа на Бразилецот кој ги изрезили нивните миленици, даде два гола и направи самба шоу.

Јохан Кројф за тоа колку мора да се знае странски јазик

Еден од најголемите фудбалери и фудбалски тренери на сите времиња, Холанѓанецот Јохан Кројф во една прилика изјавил дека секој играч мора да знае да зборува макар два странски јазици.

Барселона го надигра Вардар, прв пораз во Скопје за црвено-црните

Македонскиот шампион првпат сезонава со спуштени глави го напушти паркетот на домашен терен. Барселона беше многу подобра 26-30. По оваа победа, Барселона е прва во групата со 12 бодови, следуваат Вардар, Рајн-Некар и Виве Кјелце со по 10.

Дечки ај по бурек и двајцата

Иако е млад, има само 21 година, сепак Осман Дембеле знае да ги праќа постарите по бурек. На Вечино му рече оди по четврт со сирење, а на Брозовиќ со месо. Овие синхронизирано заминаа.

Малком од Барселона се расплака по голот против Интер

Чувство на слобода, среќа, радост но и гнев зошто не игра воопшто за клубот кој го плати цели 40 милиони евра пред само пар месеци.

Иживувањето на Барса против Реал од навивачки агол

Нема послатко од тоа клубот против вечниот ривал да ти води убедливо и истовремено да го работи како сака и колку сака. А ти си гледаш, си снимаш и се ситиш, па уште го фаќаш на мобилен и голот за 5:1. Кој знае колку им е убаво кога го прават ова.

Суарез го потопи Реал и сите голови ги посвети на фамилијата

Отсуството на најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси не се почуствува ама баш воопшто на Ел Класико, затоа што Луис Суарез направи шоу со хет-трик и прославите на погодоците.

Незаборавната бомба на Роберто Карлос против Барселона

Во пресрет на ел класико се потсетуваме на мечот кога Реал ја згроми Барселона со 3:0 а најубавиот гол на тој дуел го даде бразилскиот бек Роберто Карлос.

По 136 години платени комуналии за базиликата на Гауди

Зданието сред Барселона, чија градба по 136 години се уште не е завршена, исто така сето ова време терала како дивоградба без платени давачки.

Чудесно ќе изгледа реновираниот стадион „Камп Ноу“ во Барселона

Иако многумина мислеа дека Барса своите натпревари за време на реконструкцијата на целиот стадион „Камп Ноу“ и неговата околина ќе игра на други места, тоа нема да се случи. Јапонец е задолжен за целата мисија на обнова.