Таг: арсенал

Колку се сменија времињата во фудбалот

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата во своето време, Денис Бергкамп добил договор од 25.000 фунти неделно и тоа било ударна вест во сите медиуми. Серхио Агуеро и Вејн Руни денес тие пари ги добиваат дневно.

Скаути со големи тефтери доаѓаат на Европско

Покрај стандардните акредитации за новинари, барања до УЕФА за присуство на големите настани бараат и ловците на таленти кои во Полска ќе се појават во рекорден број. Од Арсенал, Сити, Барса и Лестер, до Галатасарај и Дортмунд, сите праќаат свои луѓе.

ФА Купот на Арсенал 1979 vs 2017

Топџиите се рекордери со 13 освоени трофеи во ФА Купот, а навивачите најдоа сличности во начинот на кој го решија финалето против Манчестер Јунајтед пред 38 години и она во саботата против Челси.

Најоригинален начин да се изрази незадоволство од Венгер

Со одлична игра Арсенал го совлада Челси во финалето на ФА Купот и како така ја извади сезоната. Но тоа не ги засити незадоволните навивачи кои бараат промени.

Колку добар трол за Арсенал

По 20 години традиција Топџиите ќе ги нема во Лига на шампиони наредна сезона бидејќи завршија на петта позиција со бод зад Ливерпул кој обезбеди квалификации. За тоа им следува ова видео. 

Денот кога Галатасарај ја покори Европа

На 17. мај пред 17 години, на стадионот „Паркен Стадиум“ во Копенхаген, најславната генерација во историјата на Галатасарај на пенали го победи Арсенал во финалето на Купот на УЕФА и го освои ова вредно натпреварување.

Најуспешни серии без пораз во Премиер, Фергусон и таму царува

Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.

Ќе си пуштам порнич, кој го врти Арсенал

Фудбалерите на Арсенал и Лестер 86 минути се мачеа да постигнат гол пред четири дена и на еден навивач на Топџиите му дојде преку глава и си го извади телефонот за да најде друга занимација. Тој што седеше над него го сликна, го твитна, а потоа уследија 2.200 ретвитови. Овој навивач беше единствениот кој виде “гол“ пред Лестер да си постигне автогол.

Денот кога Аршавин заигра казачок на „Енфилд Роуд“

На 21 април 2009 година Андреј Аршавин го одигра најдобриот меч во својата кариера. Епскиот дуел меѓу Ливерпул и Арсенал од Премиер лигата заврши 4-4, а Русинот ги даде сите голови за „Топџиите“.

Некогашниот пијаница и шампион ја спасува Гранада од испаѓање

Шпанската Гранада во Примера е како неодговорен студент кој сака да ги реши испитите. Во последните пет години „Насриди“ редовно се спасуваа од испаѓање во понизок ранг а тенденцијата продолжи и сезонава.

Како да изнервираш навивач на Арсенал за една минута

Потсети го што сè освоија играчите кои не успеаа да ги задржат или покажи му ја табелата во Премиер лига во изминативе 10 години. А да не збориме за нивниот вечен пласман во Лига на шампиони кој фали во видеово.

Дали да го жалиш или да му се смееш

Кристал Палас, тим кој се бори за опстанок синоќа го посрамоти Арсенал со 3:0 и му нанесе нов срамен рекорд на Арсен Венгер. Подавањето и потоа паѓањето на Гранит Џака од ништо е огледало за синоќешниот очаен настап на Топџиите.

Како помина Арсенал на Камп Ноу пред 7 години

На 6 април 2010-та Топџиите ја имаа таа НЕсреќа да ѝ гостуваат на Барселона на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ. Отпатуваа со резултат 2:2 и потоа им се случи Меси.

Урнебесната анегдота за Латвиецот кој потпишал во Арсенал

Легендата на Арсенал, Реј Парлоу раскажа неколку настани поврзани со комичниот трансфер на латвискиот стопер Игорс Степановс кој во 2000-те ни крив ни должен добил договор од „Топџиите“. Позадината на трансферот е комедија.

Навивачите и медиумите го распнаа на крст Арсен Венгер

Јас сум апсолутно револтиран и жал ми е за луѓето кои дале многу пари за да го гледаат овој натпревар, изјави предводникот на Топџиите од кои цела Англија бара да си поднесе оставка откако врза седум лузерски осминафиналиња во ЛШ.

Зошто Баварците фрлаа тоалетна хартија?

Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.

Наполи и Арсенал се недораснати за четвртфинале

Топџиите со вкупни 2:10 и Наполитанците со 2:6 се збогуваат од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Баерн Минхен и Реал Мадрид покажаа светска класа и во топ 8 од најелитното клупско европско натпреварување одат со нови победи и тоа идентични од првите средби.

Аматерски потег на Арсенал против аматерите од Сатон

Освен оброкот на резервниот голман на домаќините, на синоќешниот дуел од ФА Купот имаше уште еден невообичаен момент кој слободно можеме да го крстиме како гаф на премиерлигашот.

Арсенал се изгоре од кафе, па дува во јогурт

„Топџиите“ денес патуваат кај Сатон Јунајтед каде ги чека 5. рунда од ФА Купот против аматерски клуб кој елиминираше фаворити и кој игра на вештачка, синтетичка трева.

И 10:0 да загубиш навивачите ги ценат овие гестови

Сигурно на Арсенал им е преку глава секоја година да губат во осминафиналето од ЛШ, ама треба да се запрашаат како им е и на нивните навивачи кои трошат многу пари и кинат нерви, а на крај никој нема да им каже фала.

Бендтнер врати се во Арсенал за да поминат осминафинале

Проклетството на Топџиите во топ 16 фазата од Лигата на шампионите трае веќе седум сезони, а најголемата иронија е што последен пат ја минале со помош на хет-трикот на еден од најисмејуваните фудбалери.

Петарда во мрежата на Арсенал и триумф на Реал Мадрид

По Барселона, вториот тим на кој спас од елиминација во реванш осминафиналето од ЛШ ќе му биде победа од 4:0 е тимот на Арсен Венгер. Нешто подостижна предност за анулирање ќе имаат Наполитанците кои за историско четвртфинале ќе треба да слават 2:0 против Европскиот првак.

125-килашот од Сатон кој се спрема за Купот против Арсенал

Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.